Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Свет

Пандемијата на свински грип продолжува

ЖЕНЕВА - Комитетот за вонредни состојби на Светската здравствена организација (СЗО) нема да се состане неделава за да ги разгледа податоците за пандемијата на свински грип Х1Н1 ниту, пак, ќе прогласи крај на пандемијата засега, изјави портпаролот на СЗО. „Неделава нема да се одржи состанок на Комитетот за вонредни состојби. Се' уште вршиме мониторинг и согледуваме како се однесува вирусот во останатиот дел од јужната хемисфера каде што е зима“, изјави портпаролот на СЗО, Грегори Хартл, за Ројтерс.

Здравствените претставници го следат вирусот во земјите, меѓу кои Аргентина, Австралија, Чиле, Нов Зеланд и Јужноафриканска Република поради проверка на стапката на заразеност, истакна Хартл. „Се' уште сме во фаза 6, се' уште е пандемија“, рече Хартл, мислејќи на скалата од шест фази на СЗО, каде што шестата фаза означува целосна пандемија на грип. „Во основа, разгледувањето на податоците, по остварените разговори со неколку земји од јужната хемисфера, е премногу рано. Неделава ќе нема никакви активности“, додаде Хартл.

Комитетот од експерти за грип беше формиран од СЗО, организација на ОН, за да даде препораки за пандемијата, што се појави на почетокот на 2009 година во САД и во Мексико и се рашири низ светот за шест недели. Досега од вирусот официјално починаа 18.337 луѓе, но СЗО истакнува дека ќе биде потребна најмалку една година по завршувањето на епидемијата за да се одреди вистинскиот биланс на жртвите. (Ројтерс)




#
Статијата е прочитана 373 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Обвинение против 196 лица за ковање заговор
Авганистанците сакаат да си ја вратат земјата до 2014 година
Битка за спас на бурката во Велика Британија
ЕУ ја критикува Романија за корупција, а ја фали Бугарија
Што се крие зад бурката
Грција во шок по убиството на новинарот
Таjна Америка
Босански Хрват осуден за масакрот во Сребреница