Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

ЕУ ја критикува Романија за корупција, а ја фали Бугарија

Бугарија ги прифати напорите за реформи и постигна значајни резултати

БРИСЕЛ - Европската унија ја критикува Романија, бидејќи заостанува во напорите за искоренување на раширената корупција, но ја фали Бугарија, исто така, новодојдена членка во Унијата, за напредокот во борбата против корупцијата. Во годишниот извештај за напредокот, објавен вчера, Европската комисија истакна дека на политичарите од Романија им недостасува волја да напредуваат со реформи, така што оваа црноморска земја ги прекршува заложбите за влез во ЕУ. „Додека Бугарија ги прифати напорите за реформи и постигна значајни резултати, Романија го изгуби импулсот, а овој извештај покажува важни недостатоци“, изјави претставник на ЕУ.

ЕУ ги стави двете земји под специјален надзор откако се приклучија кон ЕУ во 2007 година поради долготрајната загриженост за корупцијата и организираниот криминал, што ги одвраќа инвеститорите и го отежнува надминувањето на рецесијата. Во случајот со Романија, корупцијата би можела да го исфрли од колосек нејзиниот договор за помош од ММФ во вредност од 20 милијарди евра, велат некои аналитичари. Комисијата беше посебно загрижена поради новиот романски закон, според кој, агенцијата за борба против корупцијата, што го проверува богатството на политичарите, практично е немоќна. „Новиот закон за Агенцијата за национален интегритет претставува значаен чекор назад во борбата против корупцијата и ги прекршува заложбите што ги презеде Романија при приемот“, се истакнува во соопштението.

Некои дипломати истакнуваат дека постојаните критики за корупцијата ги оправдуваат нивните ставови дека Бугарија и Романија не беа подготвени за приклучување кон ЕУ. Како резултат на тоа, земјите кои се надеваат дека ќе влезат во ЕУ, како Србија или Албанија, ќе се соочат со многу построг надзор, додаваат тие. Со извештајот се бара Романија да ги подобри судовите, кои и натаму се неефикасни, да ги засили судските постапки за корупција на високо ниво и да го подобри процесот на јавни набавки. На позитивна страна, Комисијата ја пофали Романија за неодамнешното донесување на новите кодекси за граѓанска и за кривична постапка.

Прв пат годишниот извештај на Комисијата ја обвини политичката класа на Романија за недостиг на волја да се спречи корупцијата. Но, Комисијата не планира какви било санкции. Тоа би можело да ја одложи соработката со земјата за прашањата од правосудството и од внатрешните работи, или би можело да ги одложи фондовите од ЕУ. „Сега не е време да се зборува за санкции“, изјави портпаролот на Комисијата, Марк Греј, на брифингот за новинарите.

Бугарија добро напредува во однос на корупцијата, се наведува во извештајот, иако треба да ги подобри судовите, да спречи перење пари. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 1064 пати.

Испрати коментар

Од: BgMak
Датум: 21.07.2010 06:45:26
Zemajki vo obsir derka kon denesna data barem 10 drzavi od EU se na cekor od bankrot , Bugarite vekje stanaa najmaliot problem na EU :-)
Од: Sale
Датум: 21.07.2010 08:05:21
Podaleku od Evropa koga stignaa da gi falat Bugarite. Ne veruva deka Evropa ke dojde na toa deredze, ali ete....
Од: ЕУ
Датум: 21.07.2010 09:58:31
Поз. до "Утрински". Доживехме да видиме добра новина за Бугариja.
Од: mene u germanija
Датум: 21.07.2010 10:04:42
Statijata e ili bugarofilska ili nekoj ne ja kazuva vistinata. Bugarija i Romanija dobija "predupreduvacki pisma" da si se sredat so korupcijata.t.e. nikoj ne ja pofalil Bugarija, tuku na isto nivo se dvete zemji predupredeni od Brisel.
Од: jovan
Датум: 21.07.2010 10:58:02
Neznam zosto "Utrinski" se obiduva da napise nesto dobro za Bugarija. Za da gi "zadovolite" obozavatelite na Bugarija? Bidete si realni i ponatamu, bez da vi e sram sto za Bugarija konstantno pisuvate "negativno", bidejki toa e i vistinata.Od niv proplakaa i Evropejcite, nema sto nie da gi "pravdame" i velicame. Da se pazime i nie ovde od niv i nivnata mafija(drzava) koja i ovde se obiduva da ne "okupira" i stavi pod kontrola.Pod izgovor "investicii" stvaraat ovde bazi za politicko i kriminalno deluvanje.
Од: do tebe u germanija
Датум: 21.07.2010 11:01:16
Statijata ne e bugarofilska /pazi boje bugarofilstvo vo Makedonski mediumi/. Istoto se emituva i po Euronews http://www.euronews.net/2010/07/20/romania-s-rampant-corruption-slammed-by-eu/
Од: kocani
Датум: 21.07.2010 12:52:16
pa vie sto pisuvate protiv bugarija sigurno ja nemate poseteno nitu ednas ili pak ste bile do nekoe malo gradce kako kustendil ili petric bugarija e 30 god pred nas zemete prosetajte malku do v. tarnogvo . plovdiv varna burgas sofija ne samo jadete bureci za gabe so pa tolku e pojaka makedonija od bugarija mizeriiiiiiii
Од: Тим
Датум: 21.07.2010 13:16:15
До jovan, mene и Sale.-Колку сте мешни со вашите коментари Ха Ха Ха......
Од: Van4o
Датум: 21.07.2010 13:59:02
Abe maketa. sega sto? Ne vi se veruva deka EU ja pofalila BG a? hahaha. "O vremena, o nravi, o svestenna prostota!".

Најди! во Утрински
Свет
Обвинение против 196 лица за ковање заговор
Авганистанците сакаат да си ја вратат земјата до 2014 година
Битка за спас на бурката во Велика Британија
Што се крие зад бурката
Грција во шок по убиството на новинарот
Таjна Америка
Пандемијата на свински грип продолжува
Босански Хрват осуден за масакрот во Сребреница
 


Serbia is key to future Balkan EU bids, say diplomats
Draft bill on seizing assets angers Bulgarians
Police raid on Macedonian TV station causes outcry