Стара е изреката дека секој човек единствено што мора да направи е да плати данок и да умре. Се' друго во живот може да се избегне.
За волја на вистината, прва работа од која граѓаните во развиените пазарни економии тешко можеа да се спасат, кај нас долго време беше релативизирана, да не кажеме извитоперена до апсурд. Па, така, токму оние што не плаќаа даноци живееја (и се' уште живеат) многу поубаво и подолго од обичните смртници, кои пред себе секојдневно ја имаа предвид мантрата дека давачките треба да се платат, а за другото, ако остане.
Дека кај нас е исплатливо избегнувањето на плаќањето на обврските кон државата, но и кон деловните партнери, е докажано многу пати. За тоа постојат бројни примери: од простувањето на данок на имот, преку намалувањето или бришењето на обврските за социјалните придонеси, неплаќањето сметки за парно, струја, вода...
Управата за јавни приходи од година в година навистина прави напори да го стесни просторот на оние што неплаќањето даноци го практикуваат како спортска дисциплина, па секој пат се обидуваат да го соборат националниот рекорд, или барем да постигнат личен најдобар резултат.
Но, во својата ревност, по се' изгледа, даночниците понекогаш како малку да претеруваат. УЈП и годинава ги доставува решенијата до граѓаните за персонален данок од доход. Ништо необично, би рекле. Но, работата е во тоа што во некои такви решенија стои долг од 1 (еден) денар. За даночниците долг е долг, било да станува збор за милион денари или само за еден денар. Проблемот е во тоа што писмото и самото даночно решение чинат барем десет-дваесет пати повеќе од долгот. Да не зборуваме за манипулативните трошоци, па и времето што треба да се потроши за да се плати тој еден денар.
Тој денар произлегува од заокружување по повеќе основи на помалиот износ ( до 0,49 се заокружува на 0,00 ) а УЈП пресметува на вкупниот збир од сите основи а на тоа кога ќе се додаде дека при проверката ќе го земат и даночното ослободување од 2006 година наместо од 2008 година и без да си ја увидат сопствената грешка ти испраќаат задолжување од над 300,00 денари. Според нив во овој случај произлегува дека е грешка при исплата на плата. Ако е така тогаш како е можно таа иста пресметка на плата да поминала при проверката на истата УЈП. Поздрав
Од: Н.Н.
Датум: 24.09.2009 08:06:38
Ова треба малку повеќе да се анализира. Јас добив Решение со 0 денари.
Трошоците за изработка на овие решенија се огромни.
Проценка:
4 листа хартија + печатење = 20 денари,
плик = 10 денари,
поштарина = 10 денари,
повратница = 30 денари,
100.000 Решенија (најмалку) х 70 денари = 7.000.000 денари <> 100.000 евра.
Страшно.
П.С. Се извинувам заради можните грешки во конкретните цени но сумите се приближно точни.
Од: jovan
Датум: 24.09.2009 08:34:18
Sto ocekuvas od kvazi drzava? Razumnost?
Од: Ајван Доктор®
Датум: 24.09.2009 08:57:23
Одличен текст за магијата наречена неплаќање! Магија за напредок и збогатување, но и еден најверојатен факт: Обврските за Плаќање Најмногу ги избегнуваат оние кои имаат! Најверојатно, затоа и имаат! Замислете на оние бедни 200 евра реален просек на плата во државава, да ги избегнете 50-те евра за струја, уште 50-те за телефон, уште 50 за парно... телевизијата веќе не ја ни спомнуваме. Да не говорам дека МобиМак пред некоја година ги Частеше Владините и Парламентарните членови со простување на нивните долгови (!?). Долгогодишна пракса на нашите „богови“ е да не ги плаќаат своите сметки! Да не говорам за оние од „тврдините“ во Çair, Арачиноvës, Tëтoвë, Gostivar, Kërçovë... Тие со години живеат на некое друго место, во некое друго време и... нису одавде! „Еднаквоста“ на граѓаните пред законите и институциите на системот е секојдневна појава - за едните важи, за другите - никако! Навистина сме Земја на Чудата!
Од: Petre
Датум: 24.09.2009 09:29:04
ima i resenija so danok od 0 denari, t.e. mora da se prijavi danok iako drug ti go platil ( odbil od iznosot); ne mi e jasno zosto se pravi toa koga se odi kompjuterski i poznato e; UJP treba da dejstvuva na teren, tamu kade ne se plaka preku banka, a da ne zboruvame plakanja so kompenzacii i cesii; osven toa , vo opstinite von Skopje retko koj plaka danok na nedviznini, se slucuva vo ist objekt n.pr. vo Ohrid nekolku luge da go plakaat danokot na nedviznini a poveketo, osobeno Ohriganite ne; znaci koj se prijavil ke plaka, a na ostanatite po 5 godini im zastaruva, prakticno Ohriganite plakaat danok na nedviznini samo koga ja prodavaat nedvizninata, plakaat samo za poslednite 5 godini. Jasno e deka zad ova stoi lokalnata samouprava.
Од: Душан
Датум: 24.09.2009 10:12:00
го платив данокот од 1 денар, но платив и 20 денари банкарски трошоци, па се прашувам колку вакви решенија се доставени, колку средства на овој начин ке прибере даночната управа, а колку банките,поштата која ми го дистрибуира ова решение,фирмите кои ги печателе обрасците и ковертите...па овој денар изгледа и не е беззначаен!?
Од: Marija
Датум: 24.09.2009 10:16:23
Pocnav da dobivam napadi na panika koga ke slusnam za danok vo edna drzava kade storgo znaeme koj plaka ( malite i nevaznite ). Nazalost pocnavme so zakoni od nazad kon napred, daleku sme nie od edna Amerika, Svajcarija i sl drzavi. Si imam pravnik ( advokat ) obratete se kaj nego za odgovor za moite dolgovi - paradoks i glasno smeenje.
Од: od mene
Датум: 24.09.2009 12:05:06
Dobra e matematikata na liceto N.N.UJP treba da razmisli kakvi fakturi praka za ds ne pravi nepotrebni trosoci.I jas dobiv faktura so iznos 2 denari.Ja plativ za da ne platam pokasno mnogu poveke znaejki deka ke mi presmetuvaat dnevna kamata.
Од: Администрација
Датум: 24.09.2009 14:06:10
Колку повеќе се наголемува администрацијата ќе добиваме повеќе вакви решенија.
Од: vesna
Датум: 24.09.2009 15:28:54
jas sobiv resenie za danok vo iznos od 4 denari a mojot sin resenie za 0 denari