Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Погребани уште 534 жртви од Сребреница

На гробиштата Поточари, имињата на жртвите беа читани додека ковчезите беа пренесувани од еден на друг меѓу насобраната толпа

СРЕБРЕНИЦА - Останките од 534 новоидентификувани босански муслимани, жртви на масакрот во Сребреница, беа погребани 14 години по настанот. Околу 8.000 босански муслимани, главно, мажи и момчиња, беа убиени од босанските Срби во близина на градот Сребреница во 1995 година, и закопани во масовни гробници. Околу 5.000 од жртвите досега се идентификувани. Илјадници нажалени присуствуваа на церемонијата, годишен потсетник на страдањето на босанските муслимани во војната. На меморијалните гробишта „Поточари“, надвор од Сребреница, во Источна Босна, имињата на жртвите беа читани додека ковчезите обвиткани во зелено платно се пренесуваа од еден на друг меѓу насобраната толпа. „Иако со години очајно трагавме по неговите останки беше многу тешко да се прими телефонски повик со кој ни беше соопштено дека татко ми е идентификуван“, рече Нурвета Густер (27), за новинската агенција АФП. „За последен пат го видов во нашиот дом во Сребреница. Тој замина со другите мажи преку шумата, обидувајќи се да побегне“.

Сребреница на 11 јули 1995 година беше нападната од страна на силите на босанските Срби, практично игнорирајќи ги холандските мировници на Обединетите нации, кои беа стационирани во градот, кој беше означен од ОН како „безбедносна зона“. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 437 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Обама
Бели рози за Марва Ал Шербани
Скотланд јард нема ја продолжи истрагата што ја покрена „Гардијан“
Дали избувнуваат војни кога светот е на летен одмор?