Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Бели рози за Марва Ал Шербани

Стотици луѓе пред градската куќа во Дрезден и' оддадоа почит на триесет и едногодишната Египќанка која беше до смрт избодена со нож од страна на Германец

Десет дена по смртоносниот напад со нож врз Египќанката Марва во Дрезден, повеќе стотици луѓе и' оддадоа почит на жртвата пред зданието на општината во Дрезден. Голем број граѓани на скалилата на општината положија бели рози во знак на почит кон жртвата, како и за мирен соживот во општеството.

На јавната комеморација беа присутни многу странци, кои живеат во Дрезден, а најголем дел од нив беа сонародници на Марва, кои носеа плакати со нејзини и со слики од нејзиното семејство. 

Сега треба да се брани неограничената слобода на верата, во што спаѓа и носењето шамија, изјави Ајман Мациек, генерален секретар на Централниот совет на муслиманите во Германија. Токму тоа била причината за навредите на убиецот кон Марва.

Мациек посакува соработка во заедничката борба против антисемитизмот и непријателството кон исламот:

„Фактот дека многу дрезденци дојдоа и изразија јасна солидарност против десните екстремисти и сите форми на расизам, претставува добар сигнал кој исполнува со надеж. Но, тоа е само почеток“.

Меѓу присутните на комеморацијата беа и претседателот на владејачката Социјалдемократска партија, Франц Минтеферинг, како и претседателот на Централниот совет на муслиманите во Германија, Ајуб Аксел Келер, како и голем број странци. Минтеферинг порача дека злосторството мора да има консеквенции:

„Решението за иднината не лежи во тоа меѓусебно да не се напаѓаме со обвиненија, туку да си помогнеме едни на други и со се' да придонесеме, за тоа во иднина да живееме заедно во мир и во пријателство“, порача Минтеферинг.

По комеморацијата, многу граѓани се запишаа во книгата на жалост на градот. На патеката пред градската општина беше распослана два метра долга платнена лента каде што луѓето ги запишуваа своите мисли: „Бараме итна осуда“, „Ова е срамота за еден германски суд“, „Те сакаме Марва“, можеше да се прочита на платнената лента. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 429 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Обама
Погребани уште 534 жртви од Сребреница
Скотланд јард нема ја продолжи истрагата што ја покрена „Гардијан“
Дали избувнуваат војни кога светот е на летен одмор?