Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Лејкерси и натаму без грешка

Фаворизираните тимови немаа никакви проблеми да стигнат до нови победи во НБА-лигата. Лос Анџелес Лејкерс, актуелниот шампион во својот „Стејпл центар“ го совлада Мемфис со 124:105 со што ја запиша и четвртата победа во исто толку натпревари. Коби Брајант сите 23 поени ги постигна во првото полувреме, а од клупата ја гледаше последната четвртина од мечот. Само уште една минута го дели од клупскиот рекорд од времето минато на паркет кој е во сопственост на Карим Абдул Џабар. Пау Гасол средбата ја заврши со 21 поен, 13 скока и пет асистенции. Руди Геј постигна 30 коша за Мемфис. Да го спомнеме и Ламар Одом и неговите 17 поени, осум скока и шест асистенции. Со еден од поените ја мина границата од 11.000 негови поени постигнати во кариерата со што стана десети играч на сите времиња кога станува збор за брзината на постигнувањето на поените, заедно и со 6.000 скока и 3.000 асистенции.

Двејн Вејд постигна 26 коша со многу добар процент од игра - 12/17, а Леброн Џејмс додаде 20, и за крилниот центар на Мајами, рекордни 12 асистенции во победата од 129:97 против Минесота. Интересен е и податокот кој вели дека по 519 натпревари, Џејмс по првпат остана без ниту еден скок во натпревар во кој постигнал 20 и повеќе коша.

Со 33 асистенции (Рондо 17) и само осум загубени топки Бостон, предводен од Гарнет (22 коша, шест скока) и Пол Пирс (21 кош, пет скока) го совлада Детроит во гости со 109:86. Пистонси ниту по четири меча немаат победа, старт на сезоната идентичен на оној во 1999 година.

Единствениот меч што својот епилог го доби во продолжение се одигра во Вашингтон каде домашните ја совладаа Филаделфија со 116:115. За Вашингтон ова беше прва победа во третиот меч сезонава, а Филаделфија го доживеа и четвртиот пораз во исто толку излегувања на паркетот.

Натпреварот меѓу Њујорк и Орландо во „Медисон сквер гарден“ беше одложен поради неможноста на работниците мразот (на кој еден ден пред тоа Ренџерси го совладаа Чикаго) да го заменат со паркет.

Резултати: Вашингтон - Филаделфија 116:115 (продолжение), Кливленд - Атланта 88:100, Мајами - Минесота 129:97, Детроит - Бостон 86:109, Милвоки - Портланд - 76:90, ЛА Лејкерс - Мемфис 124:105.


#
Статијата е прочитана 382 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
ЛЕН не дозволи одложување со Шпанците
Тетекс ја доби битката за Тетово
Станојоски втор на турнир во Бугарија
Ноќта кога Тотенхем излезе од сенката на Челзи и на Арсенал
Чиполини
Спектакл на вечните ривали во „Борис Трајковски“
Тајгер Вудс веќе не е прв!
Без Пецевска во квалификациите за СП?






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis