Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

Чиполини:Велосипедистите заслужуваат почит

Легендарниот италијански велосипедист Марио Чиполини или Супер Марио, со велисипедизам се занимаваше од 1989 до 2005 година, а за тоа време се здоби со репутација ако не за најдобар, тогаш сигурно за најекстравагантен спринтер во историјата на овој спорт.

Чиполини разговорот за „Еуроспорт“ го почна со одговорот на прашањето кој му бил идол и дали освен велосипедизмот постои некоја друга област во која се замислувал како дете.

„Што се однесува до идолите, еден и единствен ми беше Еди Меркс. Според мене, тој е најдобар велосипедист кој своите нозе ги ставил на педалите. Гледајќи го него отсекогаш сум сонувал да станам велосипедист и ништо друго. Со овој спорт почнува кога имав шест години и навистина во ниту еден момент не помислив на нешто друго“, изјави Чиполини.

На прашањето што по секоја цена би спасувал ако му се запали куќата Чиполини одговори дека освен семејството ништо друго не е вредно за таков ризик, а потоа одговори и на прашањето кого со задоволство би одвел на вечера.

„Тука нема дилеми. Џон Кенеди, Мерилин Монро и Анџелина Џоли“.

Марио Чиполини во текот на кариерата се прослави и со тоталниот кич кога се во прашање дресовите. Знаеше да плаќа и високи казни затоа што како роден спринтер вечно ги бојкотираше нагорнините, но според свое признание најголемата бламажа ја доживеал за време на трка во пустина во Најроби.

„Во една прилика за својата екипа возев трка низ афричка пустина во Најроби. Ем беше многу топло, ем беше недојдија па се повлеков на крајот на групата и се соблеков гол. Само што почнав да возам како од мајка роден, од никаде се појави полициско возило. Беше неверојатно. Мислев дека ме удри фатаморгана. А, не можете ниту да претпоставите колку време ми требаше да им објаснам што правам гол на велосипедот“, рече Чиполини.

Пред крајот на разговорот Марио Чиполини рече дека никогаш во животот не му било здодевно, како и дека не постои музичко ЦД кое би посакал да го фрли во ѓубре, додека во совршен ден го вбројува оној во кој четири часа вози велосипед, два часа јаде паста, а останатиот дел од денот го минува со децата и пријателите.

Чиполини денес има фабрика за производство на велосипеди што совршено се вклопува во делот од приказната во кој тврди дека до крајот на животот нема да се раздели од педалите, а на крајот од разговорот новинарите му дозволија по пат на фантазија да се префрли во некоја друга фотелја и да избере промени што уште повеќе ќе го популаризираат велосипедизмот.

„Почитта е единствено за што би се залагал кога се во прашање, не само велосипедизмот, туку и велосипедистите. Да ја имам таа можност мислам дека за 24 часа ќе средам на овој спорт и на сите што се дел од него да се гледа со иста почит како, на пример, кон фудбалерите. Иако мислам дека заслужуваат и повеќе“, заврши Марио Чиполини.


#
Статијата е прочитана 352 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
ЛЕН не дозволи одложување со Шпанците
Тетекс ја доби битката за Тетово
Станојоски втор на турнир во Бугарија
Ноќта кога Тотенхем излезе од сенката на Челзи и на Арсенал
Спектакл на вечните ривали во „Борис Трајковски“
Лејкерси и натаму без грешка
Тајгер Вудс веќе не е прв!
Без Пецевска во квалификациите за СП?






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis