Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Спорт

ЛЕН не дозволи одложување со Шпанците

„Фуријата“, која квалификациите за ЕП ги почна со победа над Белорусија од 15:3, доаѓа на 20 ноември

Роберт Димитриевски

Светскиот вицешампион во ватерполо Шпанија и дефинитивно доаѓа во Скопје на 20 ноември, за кога е закажан натпреварот со Македонија од квалификациската група за Европското првенство 2012 во Холандија. Европската пливачка федерација ЛЕН го одби барањето на Шпанците за врзување на терминот на мечот од евроквалификациите со меѓусебниот дуел во рамките на Светската лига, кој треба да се одигра на 7 декември исто така во Скопје. Настојувајќи да ги избегне трошоците за две патувања во Македонија за кратко време, шпанската федерација РФЕН со слично барање се обрати и до ФИНА, предлагајќи средбата од Светската лига да се одигра неколку дена по таа од квалификациите за ЕП. Есапот на РФЕН е да врзе три натпревара надвор од државата за осум дена, бидејќи на стартот од Светската лига и' гостува на Германија на 16 ноември, кога Македонија ќе игра со Србија во Белград.

Во меѓувреме „фуријата“ фуриозно тргна на патот до ЕП, декласирајќи ја Белорусија со 15:3 (2:1, 6:1, 3:0, 4:1) во Барселона. Белорусите поведоа уште по првата акција, а на почетокот од втората четвртина намалија на 3:2, но потоа следуваше серија од 10:0 за составот на Рафаел Агилар. Молина со пет гола беше најефикасен играч воопшто, по два погодока за домашниот тим дадоа Марсал, Сирањи и Валјес, а по еден Мингељ, Еспањол, Гутиерез и Гарсија. За тимот селектиран од Леонид Романовски два пати беше прецизен Николаенко и еднаш Ванкевич.

„Шпанците, предводени од бекот Гилјермо Молина, кој има добар удар од далечина, ќе биде исклучително тешко да ги изненадиме, па шансата треба да ја бараме со Белорусија. Од белоруската селекција што убедливо ја совладавме на квалификацискиот турнир за ЕП во Малага, кој се одигра пред две години во Скопје, гледам дека останале Фролов, Ванкевич и Чарбашан“, анализира екскапитенот на националниот тим Сашо Поповски. Извесно е дека тој ќе биде новиот селектор на македонските ватерполисти по оставката на Стеван Нонковиќ, кој ќе продолжи да го води само Работнички во новата сезона.


#
Статијата е прочитана 404 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Тетекс ја доби битката за Тетово
Станојоски втор на турнир во Бугарија
Ноќта кога Тотенхем излезе од сенката на Челзи и на Арсенал
Чиполини
Спектакл на вечните ривали во „Борис Трајковски“
Лејкерси и натаму без грешка
Тајгер Вудс веќе не е прв!
Без Пецевска во квалификациите за СП?






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis