Тајгер Вудс веќе не е прв!
После пет години владеење Тајгер Вудс му ја препушти титулата најдобар голф-играч на планетата на Ли Вествуд.
Тајгер Вудс, најбогат светски спортист н�� чело на ранг-листата застана на 12 јуни 2005 година, а по рекордните 281 недела е симнат од тронот. Вудс призна дека тоа воопшто не го изненади, после се' што му се случуваше во последно време.
„Не сум веќе број еден. Ако саката да бидете прв морате да освојувате турнири, а јас оваа година не го правев тоа. Со победи стигнав на врвот и ја одржував својата позиција пет години. Што да се прави. Како што реков, за такво нешто потребни се победи, така оди тоа“, изјави Вудс.
Тој последниот турнир го освои во Австралија во ноември минатата година, само неколку дена пред да почне серијата скандали врзани за неговиот живот. Потоа, дојде отсуството од голф-терените, запишани се најлошите резултати во неговата кариера, и природно стигна и паѓањето од врвот.
„Се надевам дека барем сезоната ќе ја завршам во добар стил. Со нетрпение ги очекувам идните три турнири“, рече Вудс, кој до крајот на годината ќе игра во Шангај, ќе ја брани титулата во Мелбурн и ќе учествува на сопствениот турнир во Калифорнија.
„Напорно работев за да стигнам до врвот. Ова се возбудливи времиња за голфот, затоа што неколку играчи може да влезат во серија и да го преземат тронот. Што се однесува до Вудс, од искуство знам дека него не смееш никогаш да го отпишеш“, изјави новит лидер Ли Вествуд. |