Број 3382  среда, 15 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Греењето ќе ги изгори скопјани

Граѓаните веќе прават математики дали да се топлат на струја, на дрва или на парно

Снежана Калабакова


Пред стартот на грејната сезона многу граѓани почнаа да прават математики кој ќе биде најисплатливиот начин на греење, дали на струја, на дрва или, пак, да се остане приклучен на градско парно? Многу пари се потрошија овој месец за учениците и студентит��, потребни се уште и за подготовка на зимниците, а допрва ќе треба да се двојат дополнителни пари за греење. Ништо не е евтино, ниту дрвата, ниту парното, ниту, пак, струјата, но во поставената равенка непознатата е како да се потрошат помалку пари, а сепак да се загрева поголема површина од домот.

Голем дел од скопјани откако ги добија августовските сметки за парно во кои е вкалкулирано новото зголемување на цената за 11,35, односно за 14,98 отсто останаа шокирани од новите износи. И корисниците на АД „Топлификација“ и оние на „Скопје Север“ се пред голема дилема, ќе можат ли зимава финансиски да го издржат тоа. Оние на кои веднаш им стана јасно дека не ќе можат да ги плаќаат сметките за парно веќе се откажаа од централното греење. Во „Топлификација Скопје Север“ го направиле тоа 130 домаќинства.

„Го откажав парното веднаш по поскапувањето. За површина од 80 квадратни метри месечно плаќав 3.100 денари само за парно и плус 3.800 денари за струја. Сите мои соседи по вертикала го откажаа парното, што значи сега станот ќе биде незагреан од сите страни. Се одлучив да поставам електрични панели кои чинат најмногу до 6.000 денари. Се' уште не знаеме колку струја ќе плаќаме, ќе видиме. Но, бидејќи од работа се враќаме околу 18 часот, ќе загреваме кога нам ни одговара, а не ’Топлификација‘ да ни диктира греење до 21 часот. Од друга страна, ќе плаќаме само три, четири месеци за греење, а не цела година“, вели Илина Кузмановска.

Сите пресметки за греење се во правец да останат повеќе пари во домашниот буџет. Оние што решиле да го загреваат станот со огревно дрво не им е важно што бара тоа и поголемо ангажирање околу неговата подготовка, палење на печката, како и чистење на пепелта. Велат дека на дрва ќе се греат, но истовремено и ќе готват, па така ќе заштедат и на струја.

Огревното дрво во скопските стоваришта се продава по цена од 2.371 денар до 3.200 денари за кубик. Некаде во цената е вклучен и превозот, а некаде, пак, тој се наплаќа само ако доставата е на поголема оддалеченост.

Во стовариштето во Петровец буката чини 2.371 денар, а дабот, кој ретко доаѓа и се носи по нарачка за синдикати, се продава по 2.453 денари. Во стовариштето на Паштрик во Чаир, буката се продава од 2.800 до 3.000 денари, а дабот од 3.000 до 3.200 денари. За загревање на една и повремено на уште една просторија во дом од шеесетина квадратни метри, за средно студена зима на едно домаќинство му се потребни десетина кубици, односно околу 30 илјади денари. За исто толкав стан месечната сметка за парно изнесува 2.542 денари, односно за 12 месеци се плаќаат 30.504 денари. Тоа значи дека греењето со дрва и со парно е речиси исто скапо, само што со парно се затоплува цел стан, додека со дрва една, евентуално, две простории.

За граѓаните, освен цената на дрвата, многу е важно да се избере и соодветна печка, која подолго ќе ја задржува жарта. Во дуќаните со вакви производи веќе се нудат штедливи печки на дрва, а продажните компании на големо ги рекламираат. Ваквите печки се полнат со пелети на два-три дена, а пепелта од нив се празни на 50-ина дена. Продавачите задолжително потенцираат колкава површина може да се загрева со една ваква печка и колкава е максималната месечна потрошувачка за компресираното дрво.

Многумина наоѓаат решение за греењето во поставување сопствено парно, кое може да биде и на струја и на дрва. Сепак, загревањето на котелот на струја е мошне скапа варијанта, а оние што загреваат куќа на таков начин со површина од шеесетина квадратни метри велат дека во зимските месеци плаќале и по 12.000 денари.

„Многу експериментиравме со греењето, но мислам дека сопственото парно на струја не' чини најмногу. Имаме две мали деца и загреваме според нивните потреби, а за тоа во зимскиот период ни се потребни околу 50 илјади денари. Ако го загреваме котелот со дрва, за десетина кубици ќе потрошиме 34 илјади денари, но парите за огрев мора да ги вложиме одеднаш. Можеби и градското парно е скапо, но помала сума пари се издвојува месечно, иако навистина за цела една година ќе треба да се издвојат повеќе од 30 илјади денари“, вели Жанета Стојчевска.

Тоа дека струјата е скапа варијанта потврдува и Стефанија Симонова од Тафталиџе. Таа тврди дека минатата зима за загревање три спални соби со термопечки морала да издвои од 8.000, па до 12.000 денари за струја кога било постудено. Секако, во таа сметка влегува целокупната струја потрошена во текот на месецот за сите потреби на семејството. Симонова е убедена дека оваа зима сметките ќе бидат уште повисоки, со оглед на новите, повисоки цени на струјата.


#
Статијата е прочитана 2713 пати.

Испрати коментар

Од: Mene
Датум: 15.09.2010 12:31:45
Ziveeme vo stan od 48 m2.Kujnata koja sto e spoena so predsobje i dnevna soba gi greevme so EKONOMICNA KLIMA,dodeka spalnata soba so panel ploca.Najmnogu plativme 2400 denari vklucuvajki so site elektricni aparati.
Од: Скопјанец
Датум: 15.09.2010 12:38:04
Топлификација е редно еднаш и засекогаш да ги тргне од сметките фиксните трошоци кај крисниците со калориметар (инсталирана моќност, испорачана, и незнам што) кога плаќаме по мерач. Колку јас ке ставам радијатори тое е мое, плаќам по потрошен киловат енергија исто како за струја без разлика колку бојлера или сијалици имам во станот. Доста е од монопол и социјалистички мерки на плаќања. Владата треба да превземе мерки а Судот трба да ги укине тие социјалистички давачки. Дерикожи.
Од: Gragjanin
Датум: 15.09.2010 13:58:07
Само граѓанска непослушност е лекот.
Од: trajan
Датум: 15.09.2010 14:24:17
a pak 33% angazirana moknost toa na sto lichi vo smetkata za struja, cist kar za evn.
Од: zagrizenskopjanec
Датум: 15.09.2010 14:34:56
Загревање со градско парно е најефтино, само што освен пензионерите и невработените никој не е дома до 15-16 часот, најмалку. Луѓе се прибираат дома и после 20 а топлификација грее до 21. Па каде е тука логиката? Зошто не стават калориметри кај сите потрошувачи, и тогаш нека греат нека греат и 24 часа и нека биде и повисока цената, пак ке може сам да си го организираш греењето како најмногу ти одговара. Вака ем пензионерите најмногу го користат ем најмногу се жалат дека немаат пари и дека е скапо. А луѓе со мали деца покрај тоа што до 16 нема никој дома (родителите се на работа, а децата во градинка или училиште) мораат да догреваат после 21 а во најстудените денови и преку цел ден.
Од: Пинг
Датум: 15.09.2010 14:57:00
Во еден од минатите броеви коментирав дека разликата помеѓу сметката за Јули и оваа за Август е над 40%. Знаете што ќе биде одговорот? Сега плаќате паушално, а вистинската вредност ќе се утврди на крајот на Декември. Па што се занесува тогаш Тегулаторната дека ја контролира цената и ги залажува граѓаните. А бе ајде.....
Од: Борис
Датум: 15.09.2010 15:58:19
Се додека не се постават калориметри кај сите корисници ќе имаме вакви паушални сметки.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиклешански
Пописни калкулации и манипулации
Крпен живот од ден за ден
Пет дена пиво и скара на Кале
Пиши-бриши за ЕУ
Рафаел Надал го покори и Њујорк
Фуере ја демантира 1995, Груевски не прифаќа
Македонија - земја на сиромаштијата
Ракот на простатата втор убиец кај мажите
Битолчани купуваат станови во Албанија
Карикатура
Купување дворови за едно евро - само уште четири месеци
Британција ладно го чека папата Бенедикт
Стил