Број 3382  среда, 15 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Пиши-бриши за ЕУ

Слободанка Јовановска

Очигледна невистина - го нарече вчера европарламентарецот Зоран Талер тврдењето на државниот врв за фамозното национално предавство на СДСМ, која одбила членство во ЕУ и во НАТО под БЈРМ во 1995 година.

Ден претходно Ерван Фуере тоа го нарече „бујна фантазија“, порачувајќи дека во земја со над 30 отсто сиромашни и невработени властите би требало да имаат попаметна работа отколку да се занимаваат со минатото.

Она што тргна како 1995 година се протегна на 1997, па на 1998 година, а премиерот Никола Груевски го прошири на една деценија неодговорно владеење на СДСМ, која не поднела барање за членство, бидејќи била презафатена со криминалната приватизација. Вака како што тргна оваа политичка сапуница, кај и да е, премиерот ќе дојде до 2010 година, па, конечно, ќе и' одговори на јавноста на Македонија со каква „транзиција“ се занимава ВМРО-ДПМНЕ, што влијае членството во ЕУ и натаму да е мислена именка.

Начинот на кој државниот врв аматерски лицитира со годините и со настаните најмногу зачудува. Откако токму на веб-страницата на МНР беше објавено дека Македонија воспоставила дипломатски односи со ЕУ во 1995 година, дури по потпишувањето на Привремената спогодба со Грција, хронологијата на настаните исчезна од сајтот.

Ако сакаат да бидат уверливи наредните денови министрите треба да избришат уште многу хронологии и документи во институциите, па фабрикувањето на сегашноста да го поткрепат со фабри��ување на минатото.

Очигледно, сакајќи да се извадат од скандалот владините функционери сосема се закопаа, па деновиве ја разводнуваат тезата за предавство до тој степен - што не се препознава.


#
Статијата е прочитана 1321 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 15.09.2010 12:07:40
Idnata nedela koga Gjorgjr nema da se sretne so amerikanskiot predsedatel, Obama ce mu kaze na nasiot predsedatel deka vo 1995 Grcite mu ponudile na BC da ni ja vratat Egejsk a Makedonija, no ovoj mu odgovoril deka nego go interesira samo kriminalna privatizacija. A Solun ne mu treba bidejci tamu nema nisto za privatiziranje.
Од: Јован АН
Датум: 15.09.2010 12:11:06
Членството во ЕУ ќе биде “мислена именка“ не поради аматерските превземања на Владите на РМ туку поради нацифашистичките барања на нашиот јужен сосед.Инаку сите во Утрински па и С.Јовановска знаат дека ЕК прифати дека Македонија ги исполни поставените услови и даде предлог на Македонија да и се одреди датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.ЕДИНСТВЕН услов е да прифатиме промена на името,а тоа НЕ СМЕЕ да се случи бидејќи тоа е погубно за Македонија и Македонците - каде и да се!
Од: Стојко
Датум: 15.09.2010 12:28:42
Ако во 1995 година мојата баба имаше мустаќи, ќе ми беше дедо!
Од: apologet
Датум: 15.09.2010 12:46:21
tekstot e pogodok vo celta.postapkite na vlasta ic ne me iznenaduvaat.me iznenaduva lesnovernosta na obicniot poddrzuvac na vlasta.se sto ke kaze gruevski za niv e kako ocenas(iako i od brzi voz se gleda manipulacijata) gruevski svesno vodi kon raznebituvanje, a nie se pravime slepi.ne znam samo zosto?i ima li lek?
Од: 15- SEPTEMVRI
Датум: 15.09.2010 13:07:44
E da moze taka lesno da se izbrisat mnogu hronologii od makedonskata istorija.Eve na denesen den pred 8 godini na 15 septemvri 2002 se sluci da narodot na parlamentarnite izbori poveruva na lagite i vetuvanjata od BC I mu ja dade doverbata.Toj ne samo sto ne vraboti po eden clen od sekoe semejstvo tuku ja unazadi Makedonija za 20 godini.
Од: Aaron
Датум: 15.09.2010 13:31:24
Sekogash sum pishuval istoto, deka na drzava so 35 od sto nevrabotenost, slaba ekonomija i loshi odnosi so sosednite narodi, problemot za EU ne e samo vo imeto. Cheka ne mnogu rabota i golemi promeni vo glavite za da se pokazem gotovi.
Од: јас
Датум: 15.09.2010 14:28:38
Иако јасно и гласно на овчарот му кажаа и Фуере и Зоран Талер дека нивната ( нималку наивна ) конструкција , направена со цел да се оцрни СДСМ и да се отргне народот од секојдневната сиромаштија и растурање на државата.ОВЧАРОТ и останатата братија СЕ’ УШТЕ СЕ ПРАВАТ НАУДРЕНО..Тука ќе ги спомнам и портокаловите хонорарни коментаторчина, кои по задача ни го верглаат едно те ито ..Поздрав Среќко !!
Од: cane toronto
Датум: 15.09.2010 17:56:30
.."Toj ne samo sto ne vraboti po eden clen od sekoe semejstvo tuku ja unazadi Makedonija za 20 godini"... Da, zatoa sega vtoriov ne moze nisto da napravi! Ili toj ja unazadi Makedonija za 30 godini!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.09.2010 18:06:40
Види богати се цитира се живо што е против владата а оној корпулентниот Германец го праќаа виножитно-помодрените коментатори да се погледне во огледалото.Е сега без разлика не веродостојноста кој е каков е имам едно блиц прашање за Јас и таквите како него.Германецот е 15 год. ЕУ пратеник нека ��и напишат што функција имал г-дин Талер пред 10-15 год. во ЕУ.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиклешански
Пописни калкулации и манипулации
Греењето ќе ги изгори скопјани
Крпен живот од ден за ден
Пет дена пиво и скара на Кале
Рафаел Надал го покори и Њујорк
Фуере ја демантира 1995, Груевски не прифаќа
Македонија - земја на сиромаштијата
Ракот на простатата втор убиец кај мажите
Битолчани купуваат станови во Албанија
Карикатура
Купување дворови за едно евро - само уште четири месеци
Британција ладн�� го чека папата Бенедикт
Стил