„Ова е земја што е подготвена да се вклучи во Европската унија, земја што направи големи напори, но се' уште има многу да направи, земја која има 33 отсто невработени, земја во која 30 отсто од граѓаните живеат под стандардите и тоа што се случило во 1995 година не е прашањето што ќе ги реши сите овие проблеми“, порача вчера евроамбасадорот Ер��ан Фуере во Охрид, во својата втора реакција на препукувањето кое трае меѓу власта и опозицијата дали во 1995 година на Македонија и било понудено евроинтегрирање или не. Фуере еден ден порано изјави дека „секој оној што сугерира дека таква можност постоела во 1995 година има навистина бујна фантазија“, бидејќи во 1995 Шведска и Финска се приклучија кон ЕУ, а не ни биле започнати преговорите со земјите што се приклучија на ЕУ во 2004 година.
За премиерот Никола Груевски изјавата на Фуере, сепак, не е демант дека Македонија во 1990-тите години ја пропуштила шансата за влез во ЕУ. Но, место да тврди како досега дека Македонија испуштила конкретна шанса за евроинтегрирање, рече дека тогаш Македонија не направила ништо да поднесе барање за прием во ЕУ.
Според него, власта во 90-тите години повеќе се грижеле за приватизацијата и како да се офајди од неа, како да го крши ембаргото кон Србија и била дефокусирана за привлекување странски инвестиции. „Со тоа ја пропушти шансата за влез во ЕУ и до 1998 година и додека се промени власта, воопшто, немаше поднесено ни барање за членство во Унијата“, изјави Груевски. Тој побара од Бранко Црвенковски да се произнесе што се случувало во 1990-тите години и зошто Македонија, кога сите сакале да влезат во ЕУ, не поднела барање за прием. „Денес опозицијата не' обвинува дека недоволно сме правеле за влез на Македонија во ЕУ, а во минатото нив не им ни падна на памет да поднесат барање за прием во Унијата“ обвини Груевски.
Вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, пак, елегантно порача дека не треба да се плашиме од дискусија и дебата за тоа колку е направено за европската интеграција на Македонија во минатото и колку се прави денес. Тој, сепак, одбегна директно да каже дали во 1995 година имало понуда од ЕУ или не. „Постојат неколку клучни моменти во процесот на европска интеграција на Македонија и тоа е Спогодбата за стабилизација и асоцијација, сте��нувањето на статусот држава-кандидат, добивањето на препораката за почеток на преговорите, како и визната либерализација. Доколку детално се анализираат сите овие моменти кога тие се случиле, јасно може да се види дека една политичка опција има завршено најголем дел од работите за три од овие четири клучни моменти од европската интеграција на Македонија“, изјави Наумовски.
На прашањето дали ваквите изјави се ретерирање од тврдењето за испуштена шанса во 1995 година, тој одговори: „Не знам дали во 1995 и' било нешто понудено на Македонија. Тоа најдобро можат да го кажат оние што ја предводеа тогаш државата и тие политичари можат најдобро да кажат колку тие во тој период направиле за европската интеграција на Македонија, колку реформи спровеле и колку ја доближиле државата до наредниот степен за целосна интеграција на државата во ЕУ“.
На изјавата на Фуере се надоврза и опозициската СДСМ, според која таа претставува и официјален став на Европската комисија. „Со тоа јасно беше искажан ставот на ЕК и е уште еден од серијата докази, ако не и најсилен доказ, дека Никола Груевски и Ѓорге Иванов прават најгруб обид за фалсификување на македонската историја”, изјави потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.
Direktorot na MMF, na edna svadba, mu rekol na Gjorgje deka vo 1995 godina na Makedonija i bile ponudeni 100 milijardi dolari stranski investicii ama BC nesakal. Zatoa sega, iako na celo na vladata e diplomec od prilepskiot universitet so brilijantna magistratura po stranski investicii, nikoj ne investira kaj nas.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.09.2010 12:16:59
Уште еден двоаршински истап на европеецот, немислам на содржината на изјавата туку на селективноста во просветлените изјави.Го нема никаде да искоментира за идниот попис кој албанските партии му фрлаат сомнеж уште не почнат.Го нема да истапи кон оние кој велат Охридскиот договор е мртов а е икона на која се крстат сите.Има уште светли примери но мал е просторот за опис.
Од: aj pak jas
Датум: 15.09.2010 12:31:26
Eh pa sigurno ovie portokalovite ne se krivi za nisto,tie se onie koi vo sto i nekolku cekori ke gi resat site problemi i ke ne vnesat vo site mozni unii i ke bideme edna od naj jakite drzavi vo svetot, Samo sto tie uste ne proodele pa ke pocekame za prviot cekor ama posle ke se zaletame da ja zav rsime programata vo sto cekori. Najlesno e da gi napasnes drugite zasto tie ne ja svrsile rabotata mesto ti da zavrsis nesto i da dokazes deka si sposoben. Za zal pstirot i onoj negoviot predsedatel ke ostanat zapamteni po lopatite i pametnite izjavi .
Од: Komentator
Датум: 15.09.2010 12:48:21
Еее ГРУЈО,ГРУЈО почна да се губиш и да се демантираш самиот себе.Бегаш од 1995 год. како од врел костен и сега растргаш ластици дека не си во ништо демантиран од Фуере зошто ти си зборувал за ДЕВЕДЕСЕТИТЕ ,а не се однесувало само за ”пропуштената шанса за прием на Македонија во НАТО и ЕУ”.А зошто да не ги прошириме годините и во времето на Југославија кога го молеа ТИТО да влезе во НАТО и да ги обвиниме тие комуњари што ти го оставиле проблемот ти да го решаваш.Можеби ќе наередиш да се запалат сите весници и да се избришат сите твои изјави како и изјавите на твојот председател од сите електронски медиуми.Го пушташ и твоето недоквакакано министерче да ти го брише со истите изјави а сигурен сум сега ќе се впуштат и јади бурек...Миленко, Мирка и Латас-сатарот.Каква срамота , пред се за Македонија .
Од: valerija
Датум: 15.09.2010 13:07:01
Со вас на чело г-дине Груевски испуштивме уште неколку шанси..доста не замајувавте со вашите фрустрации седнете и сработете нешто овој народ трпи ама се има граница,а на наредните избори ке го почувствувате тоа.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 15.09.2010 13:10:37
За премиерот Никола Груевски изјавата на Фуере, сепак, не е демант дека Македонија во 1990-тите години ја пропуштила шансата за влез во ЕУ. Но, место да тврди како досега дека Македонија испуштила конкретна шанса за евроинтегрирање, рече дека тогаш Македонија не направила ништо да поднесе барање за прием во ЕУ.
А СЕГА ГЛЕДАМЕ ШТО ПРАВИ ГРУЈО СО ПОРТОКАЛОВАТА ОРДА ДА НЕ ИНТЕГРИРААТ ВО ЕУ И НАТО.....Вакви шамари од вискоки ЕУ функционери не попил никој во историјата на заедницата. Почнаа да ги третираат Грујо, Џоле, Министерчето за надворешни и останатата портокалова свита како мали деца....станавме предмет на подсмев во цела Европа. Резил!
Отворено прашање до премерот - До кој чекор од преродбата стигнавте, да знаеме уште колку ќе треба да ве трпиме......
Од: graganin
Датум: 15.09.2010 13:13:34
So nivnite izjavi,vladata saka uste od sega da si gi prefrli sopstvenite greski na prethodnata vlada.Tie i samite znaat dega nisto ne napravija i deka od EU nema nisto.Za toa se vinovni najgolem del samite tie,a narodot toa dobro go znae,a onie koi se uste im veruvaat uste malku.... pa i tie ke se razbudat od dlabokiot son.
Од: Gjole
Датум: 15.09.2010 13:56:53
Abe vie momci od Brisel, sednete go Ahmeti i kazete mu deka treba da ja napusti koalicijata. Samo taka ke go trgnete ovie deca sto si igraat vlada. Na slednite izbori DUI ke koalicira so SDSM (vo meguvreme ke mu postavite uslovi na SDSM i ke gi vrazumite) i zavrsena rabota. Posle ja imate vlasta na vasa strana i mozete da dobiete sto ke posakate.
Neznam sto tolku go tolerirate Grujo...simnete go veke ednas. Dosta ve zeza site ovie godini. Za eden mesec moze da ja rasturite koalicijata, za 3 meseci da raspisete novi izbori. Na prolet 2011 imame nova, proevropski orientirana vlada.
Pozdrav
Од: Трпе
Датум: 15.09.2010 13:58:50
Како Пастирот може да верува кога тој си знае се.Со илузионистички способности,можно е и неможното.Па зарем времето не запошна да се брои од времето на владеење на пастирот.
Од: Вевчани
Датум: 15.09.2010 14:08:05
До повторно воскреснетиот Феликс.Разбуди се, ова е 2010 година, кажи му и на Глујо.
Од: krste
Датум: 15.09.2010 14:14:21
Што се запнаа ВМРО-вчињава со таа 1995 година, никако не ми е јасно??? дефокусирање на јавноста???? Ете на пример и да е тоа вистина (што ни случајно не е, живи сме сведоци, па во тоа време за македонија не знаеја во Европа а не па ќе ја примеле во ЕУ и НАТО), па еве ви шанса бре недоквакани, ако тие не ја внеле Македонија, ете вие внесете ја!!!!! Ај да ве видам, ама мислам дека со нивните способности не ни бега Подсахарска Африка..........Нели Феликсеју....
Од: Да ги прекинеме преговорите и да им се заблагодариме на Фуере и непринципиелната ЕУ
Датум: 15.09.2010 14:27:04
Крајно време е Фуере да си ги спакува куферите и да си замине оттука. Нека си оди во Брисел и таму со другите функционери нека им се умилкува на расипаните грци и бугари кои не признаваат основни човекови права.
Од: Trpe
Датум: 15.09.2010 14:28:18
Fuere, osvezi ja memorijata, kako toa Grcija koji nikakvi kriteriumu nukogash ne ispolnuvala e primrna vo EU 10g pred Svedska i Finska ?? znaeme kako i zasto se primeni poranesnite clanki na Varsavskiot pakt. Dosta ni praite "fuck in brain", razmisluvajte za dolgot na Grcija od 1200 MRD $, kakva inflacija ke vi treba za da go amortizirate??
Од: јас
Датум: 15.09.2010 14:50:58
Алооооооо СРЕЌКООООООО,не се пишува за пописот , ами за твоиве несмасни дечишта , на чело со пресидентот...Истите тие сакаа пак да протурат уште една голема лага ...Ама ги сетија и им ја расипаа радоста..Совет: Гледај малку подобро , ти се измешале ливчината од штабот , што то ги праќаат за коментари..
Од: tihi
Датум: 15.09.2010 15:04:55
Vo prevod: Samo vie smenete si go imeto ,batalete se drugo.Se kje si dojde na svoe mesto ,kako sto nie sakame.Amin.
Од: GRADJANIN
Датум: 15.09.2010 15:31:04
ZASTO GRUESKI NE IZLEZE NA NEKOJA TV. DA GO PRASA BRANKO ZASTO NE KAZUVA STO BILO 95 GOD. I EDNAS ZA SEKOGAS DA NE OSTAVAT NA MIRA, NORMALNO NA TV. DUEL.
Од: Bivs rabotnik od YU-MNR
Датум: 15.09.2010 15:45:23
Da go obrazlozam planot na EU licno na Grujo i Jorge. Jugoslavija bese vo pregovori za priklucuvanje vo EU.Planovite pocnaa da se krojat nekolku godini po smrtta na Tito.Edni od uslovite, da nema SKJ tuku poveke-partiski demokratski sistem i da se ukine samoupravuvanjeto (privatizacija).Planot pocna da se realizira nekade 86-87.Vo 1989 se raspadna SKJ, dojde Ante Markovic. I sve trgna po planot.Medjutoa se umesa USA, na koja ne i odgovarase jugoslovenskata silna ekonomija (posebno voenata industrija).
Potoa vo isto vreme, SSSR se raspadna a vo Jugoslavija izbi vojna.Od EU nisto, osven dokumenti vo arhivata na YU-MNR.
Makedonija nikogas ne bila vo plan (1995) da stane clenka na EU.Vo toa vreme nikoj vo MK-to MNR ne znaese nisto. Samo gledaa nekako da vlezeme vo OON.Vo toa vreme Grujo ti ne si ni znael da si go izbrisies nosot, prema toa, ne fantaziraj poveke, tuku simni se od taa vlast... Ne e za tebe, veruvaj mi...
Од: Da Vinci_ Leo
Датум: 15.09.2010 15:58:10
BRAVO za Bivs rabotnik od YU-MNR - steta sto ne mozete ova na GUJO licno da mu go kazete...a, i slabo fajde, toj ko mlado bikche, se tuku niz zidovi saka da odi!!! Site ne' rezilat... siromastijata Boze-mili, ama narodov pak NISTO!!!