Број 3382  среда, 15 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Пописни калкулации и манипулации

Светлана Унковска

До претстојниот попис в година ни останаа малку повеќе од шест месеци, а веќе однапред му ја одредивме судбината и дури ги напишавме и резултатите. Законот, иако се' уште не е влезен во собраниска процедура и иако и самите рекоа дека го немаат ниту видено, сепак, опозициските партии на Албанците во првичните реакции веднаш го осудија како штете��. И како по обичај, за што и да станува збор, па така и за ова, знаеме на нероден Петко капа да му кроиме, и тоа накриво. Дали законот е добар или не, се чини дека во овој случај кога се реагира на невидено и не е толку важно, туку по се' изгледа целта е што повеќе да се сврти вниманието.

Во секоја нормална земја што претендира да ја добие титулата „европска“ пописот би требало да биде нормална статистичка операција, која, главно, служи за скенирање на нејзините севкупни капацитети што би се користеле во натамошниот развој на државата. Но, тоа е за нормални држави, а во наши услови пописот се претвори во грубо пребројување, и тоа по етничка основа. Се чека со нетрпение колкава ќе биде бројката за тоа колку има „наши“ и колку има „ваши“. Дали процентот на Албанците ќе достигне 20 отсто или, пак, е далеку над онаа од претходниот попис. И само на тој податок, покрај мноштвото други што треба да ги даде статистичката операција, се води политичка битка со меѓуетнички предзнак. Толку многу труд, толку многу работи и потрошени пари само за политички потреби!?

И сега се поставува прашањето, што ако преброиме помалку Албанци од рамковната бројка. Кој воопшто може да смета дека со помал процент Албанци ќе стане неважен Охридскиот договор!? Токму тоа се тезите што се нафрлаат од некои македонските националистички партии, кои некако охрабрени излегуваат со предвидени резултати и за цело време наметнуваат свои калкулации.

Иако се далеку под нивото на релевантен политички субјект, сепак, со вакви чувствителни теми успеваат да го турнат клопчето да почне да се одмотува. Веднаш кај етникумот, втор по големина, се јавува сомнеж за можен фалсификат, меѓусебната недоверба се зголемува, однапред се квалификува дека ќе биде на штета на Албанците, ДУИ повторно попуштила... Се бара објаснување каква ќе биде 25-члената Државната пописна комисија, колку во неа има Албанци, зошто носител на процесот е Државниот завод за статистика и дали ДУИ има некакво влијание во неа!? Државната пописна комисија требало да биде носител на целиот пописен процес, а што ќе прави тогаш Заводот за статистика? Можеби ќе го испратиме во стечај? Но, кога постои панична реакција, нормално е да се изнесуваат вакви небулози.

А, за тоа колку сме, секој може, доколку сака, лесно да дојде до некаква приближна бројка и за тоа не се потребни никакви политички манипулации, бидејќи постојат најмалку два индикатора. Прво, тоа лесно се гледа процентот на излезените гласачи, односно добиените гласови на албанските политичките партии, па оттука и бројот на пратениците во парламентот. Исто така, и новозапишаните ученици со мајчин албански јазик споредено со другите деца се доволен показател за тоа колкав е прирастот на одредена етничка заедница.

Но, сега сето тоа е толку неважно ако се има предвид дека пописот не смее да им служи на политичките партии и на процесите што ги диктираат тие, туку, пред се', на потребите на државата. Најголемата статистичка операција е добра можност за државните институции да се издигнат над ситно политичко профитерство и да си ја завршат домашната работа коректно, стручно и методолошки издржано.

На прагот на Европа (барем мислиме дека сме таму) треба да се надеваме дека пописот за политичките партии ќе биде суштинска алатка за проектирање и развојни цели на државата содржани во нивните политички програми. Се однесуваме како Европа да е во фаза на формирање нации, а не на глобално градење цивилизирани и развојни општества.


#
Статијата е прочитана 701 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.09.2010 12:29:21
Што не побарате мислење или став од европеецот,или секогаш го цитирате што рекол ако е критизерски настроен кон владата.Зарем негледа да токму оние кој ќе финансиски потпомогнат а и ќе учествуваат дирекно во пописот,уште од сега една год.порано им фрлаат сомнеж албанските опозициони партии.Нека даде изјава во свој стил на осуда,нека ги искара,или притисне да се откажат од бесмислените сомнежи.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиклешански
Греењето ќе ги изгори скопјани
Крпен живот од ден за ден
Пет дена пиво и скара на Кале
Пиши-бриши за ЕУ
Рафаел Надал го покори и Њујорк
Фуере ја демантира 1995, Груевски не прифаќа
Македонија - земја на сиромаштијата
Ракот на простатата втор убиец кај мажите
Битолчани купуваат станови во Албанија
Карикатура
Купување дворови за едно евро - само уште четири месеци
Британција ладно го чека папата Бенедикт
Стил