Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Интер ќе мора да почека за шампањ

„Нероазурите“ ремизираа кај Киево (2:2), без победник заврши и „Дербито на Италија“ меѓу Милан и Јувентус (1:1)

Интер ќе мора да причека барем до наредниот викенд за да отвори шампањ и да ја прослави одбраната на титулата во италијанското фудбалско првенство. Виновни за тоа се фудбалерите на Киево кои одиграа храбро и го задржаа големиот противник на 2:2 во рамки на 35 коло во Серија А. „Нероазурите“ двапати имаа водство на распродадениот „Бентегоди“ во Верона, преку Креспо во 3 минута и Балотели во 65, домашните двапати го анулираа со головите на Карколини во 27 и Лучијано во 73.

Киксот на Интер не успеа да го искористи Милан кој во „Дербито на Италија“ одигра 1:1 против Јувентус на „Сан Сиро“. Сидорф погоди за „росонерите“ во 57 минута, Јакинта возврати во 60. Свесни дека со бод ќе пропуштат прилика да му ја искомпликуваат мисијата на градскиот ривал фудбалерите на Карло Анчелоти додадоа гас, но единствено што им успеа е да останат со човек помалку на тревникот по исклучувањето на Фавали во 85 минута. Па, така Интер ја задржа предноста од седум бода во однос на Милан на врвот на табелата на три кола до крајот на сезоната.

Во акцијата освојување на четвртото место и пласманот во квалификациите за Лигата на шампионите, Фиорентина славеше на Сицилија против Катанија со 2:0, а нејзиниот директен конкурент, Џенова, ремизира во Бергамо против Аталанта (1:1).

Рома одигра уште дуел за заборав, овојпат на Сардинија, против Калјари (2:2). Преполниот „Сант Елија“ еуфорично ги прослави головите на Матри во 34 и Аквафреска во 58 меѓутоа „римската волчица“ набрзо го стивна „вулканот“ и го погодоците на Тоти во 63 и Перота во 68 успеа да извлече бод.

Серија А, 35. коло



Резултати: Милан - Јувентус 1:1, Киево - Интер 2:2, Калјари - Рома 2:2, Аталанта - Џенова 1:1, Сиена - Палермо 1:0, Лече - Наполи 1:1, Катанија - Фиорентина 0:2, Торино - Болоња 1:1, Лацио - Удинезе 1:3, Сампдорија - Реџина 5:0.

Табела: Интер 78, Милан 71, Јувентус 67, Фиорентина 64, Џенова 61, Рома 54, Палермо 52, Удинезе 51, Калјари 50, Лацио 47, Аталанта 45, Сампдорија 44, Наполи 43, Сиена 43, Катанија 40, Киево 36, Торино 31, Болоња 30, Лече 29, Реџина 27.


Статијата е прочитана 257 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Во Ѓорче Петров се слави првата титула на Македонија
Луис Хамилтон во дебела сенка на Џенсон Батон
Херојот од Лондон, Иниеста, го пропушта римското финале?
Бостон славеше со звукот на сирената
Бабунски и Работнички, сепак, се разделија
МЗТ Скопје го демолира шампионот
Русија ја одбрани светската титула во хокеј на мраз
Федерер- Можам да го победам Надал на Ролан Гарос
Втората етапа на Џиро за Петаки
Мајкл Фелпс имал секс во тројка со стриптизети