МЗТ Скопје го демолира шампионот
МЗТ Скопје успеа да го совлада Фени индустри во својата сала со убедливи 79:62 и така да намали на 1:2 во полуфиналната плеј-оф серија. Кошаркарите на Боби Митев апсолутно ја заслужија првата победа над Фени сезонава, оставајќи ги во живот надежите дека може да дојдат и до мајсторка. За тој подвиг ќе треба да ја повторат оваа игра и да го совладаат Фени в четврток во Кавадарци.
Од самиот старт МЗТ Скопје доминираше, го диктираше темпото, оставајќи ги во недоумица гледачите кој е тука шампионот. Првата четвртина МЗТ ја доби со 26:17, а во втората четвртина ја одржа таа предност. Фени во третата четвртина „со многу мака“ успеа да постигне само шест коша, наспроти 16. на МЗТ. Веќе тука беше јасно дека нема ништо од промоција на првиот финалист.
МЗТ покажа дека делува како тим, но мора да се издвои ветеранот Перо Блажевски, кој реализира 18 коша, а успешно го следеа Радуловиќ со 14, Аврамовски со 10, Соколов со девет..... (Н.К) |