Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција марке��инг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Херојот од Лондон, Иниеста, го пропушта римското финале?

Тренерот Гвардиола кажа дека доколку Иниеста не биде фит, тоа ќе биде голем хендикеп

Пропуштената шанса против Вилјареал да се прослави титулата во Примера и вториот црвен картон за францускиот дефанзивец Абидал во пет дена, не е она најлошото што и се случи на Барселона во мечот со Вилјареал. Најголемиот удар за Каталонците може да биде повредата на мускулот на Андреас Иниеста, човекот кој ја одведе Барса во финалето од ЛШ во Рим, со голот што му го даде на Челзи во судиското продолжение во Лондон. Вчера Иниеста го прослави својот 25. роденден, но не беше баш среќен, иако е убеден дека до 25 мај ќе успее да закрепне. „Самата помисла дека играш финале те прави посилен. Верувам дека ќе бидам фит. Во прв момент ми изгледаше дека повредата е потешка, но прегледите покажаа дека може бргу да се вратам“, изјави Иниеста. Тренерот Гвардиола кажа дека доколку Иниеста не биде фит, тоа ќе биде голем хендикеп за неговиот тим во финалето со Јунајтед: „Судбината овој пат не ни беше наклонета. Пред неколку дена во Лондон таа беше на наша страна. Против Челзи дадовме гол во 90 минута, сега тогаш го примивме. Но, повредата на Иниеста е многу полоша вест од фактот дека не ја осигуравме титулата првак на Шпанија“, изјави разочарано тренерот Гвардиола.

Инаку, Барселона се' до 78 минута водеше со 3:1, а Вилјареал во последните 12 минути постигна два гола. Израмнувачкиот гол Лјоренте го постигна во втората минута од судис��ото продолжение. Голот за намалување на 2:3 беше постигнат по пеналот што го направи несреќникот Абидал (поцрвене како и пред пет дена против Челзи). Со тие два непромислени потега Абидал си ги затвори вратите на двете финалиња - финалето на Купот со Атлетик Билбао, што се игра утре и финалето од ЛШ во Рим.

Резултати од 35. коло во Примера: Барселона - Вилјареал 3:3, Гетафе - Осасуна 3:0, Алмерија - Хихон 3:1, Рекреативо - Депортиво 1:2, Малага - Сантандер 1:0, Валјадолид - Нумансија 0:0, Атлетико М. - Еспањол 3:2. Табела: Барселона 86, Реал 78, Севилја 63, Валенсија 59, Атлетико Мадрид 58, Вилјареал 56, Депортиво 56...

Венгер потврди дека Адебајор го напушта Арсенал



Емануел Адебајор (25), репрезентативецот на Того на крајот од сезоната ќе го напушти Арсенал, а најверојатно негова нова дестинација е Милан. Наводно, Карло Анчелоти веќе во живо го следел Адебајор, а за неговото заминување е подготвен и менаџерот на „топчиите“ Арсен Венгер. Тој завчера на дербито против Челзи го остави на клупата, а му даде шанса во последните 15 минути од мечот во кој Арсенал тешко страдаше, 1:4 (Бендтнер 70 минута - Алекс 28, Ањелка 39, Туре 49 автогол, Малуда 86). „Ќе загубиме добар играч, но вистината е дека разделбата е се' поблиску“, кажа Венгер за фудбалерот, кој сезонава постигна дури 30 гола во 36 меча за Арсенал во сите натпреварувања. Венгер откри и која е неговата прва опција за наследник на Адебајор: „Парагваецот Роке Санта Круз е играчот кој би сакал да игра во Арсенал“.

Тој играч откога дојде од Баерн во Блекбурн постигна 29 гола во вкупно 70 меча. Во трката за Круз се и Сити и Тотенхем. Венгер е заинтересиран и за напаѓачот на Тотенхем, Павел Погребњак.

Инаку, Арсенал како што кажавме доживеа катастрофа во мечот со Челзи, чија генерација може да се пофали дека ја остварила највисоката победа кај градскиот ривал. Со вака висок резултат Челзи не славел кај Арсенал полни 40 години. Статистиката кажува дека Челзи не доминираше. Арсенал имаше поголем посед на топка, упати 20 удари кон голот на гостите, а Челзи имаше 18. Но, присебноста во нападот беше клучен фактор. Од пет удари во рамките на голот на Арсенал, Челзи погоди четири.

Само два часа пред ова дерби Јунајтед славеше во битката за Манчестер против Сити со 2:0 (Роналдо 17 и Тевез 45) и сега му се потребни уште само четири бода за да ја обезбеди титулата.

Табела: Манчестер јунајтед 83 (-1), Ливерпул 80, Челзи 77, Арсенал 68, Астон Вила 58, Евертон 57......


Статијата е прочитана 464 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Во Ѓорче Петров се слави првата титула на Македонија
Луис Хамилтон во дебела сенка на Џенсон Батон
Интер ќе мора да почека за шампањ
Бостон славеше со звукот на сирената
Бабунски и Работнички, сепак, се разделија
МЗТ Скопје го демолира шампионот
Русија ја одбрани светската титула во хокеј на мраз
Федерер- Можам да го победам Надал на Ролан Гарос
Втората етапа на Џиро за Петаки
Мајкл Фелпс имал секс во тројка со стриптизети