Број 3177  среда, 06 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

ММФ ќе ја зголеми прогнозата за раст за 2010

Вашингтон - Меѓународниот монетарен фонд во јануари сигурно ќе ја ревидира прогнозата на глобалниот економски раст нагоре, бидејќи економското заздравување во светот ќе биде побрзо од очекуваното, изјави заменик-извршниот директор на ММФ, Џон Липски. „Оваа година почна со општ, иако внимателен оптимизам кога се во прашање глобалните економски и финансиски прогнози“, оцени Липски во напис на Интернет- страницата на Фондот.

Тој прогнозираше дека „нешто попозитивни очекувања несомнено ќе се одразат и во јануарското, ажурирано издание на извештајот на ММФ за движењата во светската економија“.

Во последниот октомвриски извештај ММФ прогнозираше раст на светската економија за 3,1 отсто во 2010 година, по падот на активноста од 1,1 отсто во 2009 година.

Липски, меѓутоа, нагласи дека се' уште има причини за претпазливост, по постапното излегување на светот од рецесија, предупредувајќи на високата стапка на невработеност и кревките финансиски системи во напредните економии, повикувајќи ги владите во 2010 година да продолжат со спроведување на опсежни програми на јавна потрошувачка. (МИА)


#
Статијата е прочитана 422 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Ставрески го прозва Гошев, банките пресметуваат
Се' поголем прашалник за каргото во Штип
Владата тврди дека државата не е пред банкрот
Немањето ХАСАП затвори 32 објекта
Трговскиот дефицит расте, размената опаѓа
Нафтата близу 82 долари поради студот
Во Грција повисоки акцизи за алкохол и за цигари
Нема пари за отштета на британските штедачи
ИК банка и во јануари со поволни бизнис-кредити
Во Србија повеќе од 730.000 невработени