Број 3177  среда, 06 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Трговскиот дефицит расте, размената опаѓа

Трговската размена на Македонија лани од јануари до ноември се намалила речиси за една третина во однос на истиот период од 2008 година. Според статистичарите, дефицитот на трговската сметка за 11 месеци од 2009 година достигнал 2,1 милијарда долари, односно во тој период земјава извозла стоки во вредност од 2,4 милијарди долари, а увезла стоки во вредност од 4,5 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извозот била 53,6 отсто. Во извозот традиционално останува најголемо учеството на производите од железо, челик, облека, фероникел и од нафта. Од странство, пак, најмногу увезуваме, сурова нафта, електрична енергија и моторни возила.

Околу 56 отсто од стоките што ги извезува Македонија се наменети за пазарите на земјите-членки на Европската унија и дел кон Западен Балкан. Земјите на ЕУ имаат најголемо учество и во увозот на стоки, на второ место се земјите во развој. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 478 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Ставрески го прозва Гошев, банките пресметуваат
Се' поголем прашалник за каргото во Штип
Владата тврди дека државата не е пред банкрот
Немањето ХАСАП затвори 32 објекта
ММФ ќе ја зголеми прогнозата за раст за 2010
Нафтата близу 82 долари поради студот
Во Грција повисоки акцизи за алкохол и за цигари
Нема пари за отштета на британските штедачи
ИК банка и во јануари со поволни бизнис-кредити
Во Србија повеќе од 730.000 невработени