ИК банка и во јануари со поволни бизнис-кредити
Понудата за бизнис-кредити со поволни услови, што ИК банка ја пласираше во декември, ќе биде достапна и во јануари годинава, заради големиот интерес.
Ова го соопшти ИК банка, додавајќи дека каматната стапка за бизнис-кредитите за основен капитал, обртни средства или комбинирано, изнесува осум отсто годишно, а административната провизија не се наплатува.
Максималниот износ на кредитите е до 100 илјади евра, а периодот за користење е до две години, со можен грејс-период до 12 месеци. Средствата за овие кредити ИК банка ги обезбеди во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа. (Ек.Р.) |