Во Србија повеќе од 730.000 невработени
Белград - Кон крајот на минатиот месец во Србија се евидентирани 730.372 невработени лица, што е за 0,97 отсто повеќе во однос на ноември минатата година. Повеќето од невработените се жени.
Според податоците на Националната служба за вработување, во однос на 2008 година лани бројот на невработените во Србија се зголеми за 12.964 лица.
Според податоците, пак, на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во Србија изнесува 16,6 проценти, а бројот на невработените 517.000 луѓе. (МИА) |