04.12.2011, 19:13 Мислења
Павловиот рефлекс на власта
Ивор Мицковски
Лагата не е само во формата, туку, пред се', во содржината. Тука е најголемиот грев, најголемата грешка на оваа власт и на оние што ја поддржуваат
Во 2012 година се навршува стогодишнината од потонување на „Титаник“, тој голем трансатлантски брод кој важел за непотоплив. Како и пред 100 години за „Титаник“, така и д��нес, голем број на нашите состојби за кои власта тврди дека треба се гордееме, од економијата, меѓуетничките односи и социјалниот мир, до евроинтеграциите, културата и идентитетот, се на пат да се судрат со залутаната санта мраз. Следната година ќе се судриме со нашата најголема криза и, верувајте, таа нема да биде финансиска или надворешна криза, туку ќе биде криза на нашата слепа власт и на залутаната вистина.
Многупати сум пишувал за лагите, нетранспаретноста и за манипулациите на оваа власт. И најчесто сум се занимавал со формите на тие лаги и манипулации, тој недостаток од морал кај самата власт: навиката секогаш да се гледа и да се постапува краткорочно, навиката од постојаното затскривање зад освоените гласови или наместените анкети, обидите да се сокрие или да се изврти реалноста. Вистината не се кажува за ниту една состојба, ниту за задолжувањата, ниту за економскиот раст, за нивото на невработеност, за криминалните тендери, за сиромаштијата на граѓаните, за нашата иднина и за евроинтеграциите.
Напротив, само слушаме за некакви непријатели, медиумски и опозициски игри, кодоши и предавници, како сите тие заедно шират лажни лоши вести и директно работат против државава. Таков е лаконскиот говор и Павловиот рефлекс на оваа власт и на нејзините мегафони. Знаат единствено да повторуваат глупави лаги.
Еве, деновиве, сведоци сме како од власта слушаме дека Македонија е подобра од останатите земји, како сме подобри од Хрватска која е на прагот на ЕУ, па дури сме подобри и од економски гиганти како Германија, Шведска, Франција и не знам веќе кој. И кога ќе дојдат отворени критики од релеватни институции кои во минатото за некои работи можеби не фалеле и ете како одеднаш и ние сме биле во криза, кризата лошо влијаела на нас. За потоа повторно се' да цвета.
Или, пак, инвестициите, деновиве повторно се актуелни откако власта отиде со својот омилен мегафон Миленко на турнеја во Сингапур и во Јапонија. И во исто време додека се шетаат по кој знае кој пат, трошат и се луксузираат и не носат ниту едно евро, јен или долар дома, повторно се актуелизираат криминалните тендери на Груевски и на фамилијата. Ги има премногу за набројување, но еве да го споменам само оној за ТЕЦ „Неготино“. Од „Викиликс“ дознаваме дека власта, односно, лично Груевски и Ставрески сакале, ургирале, да наместат тендер во корист на луѓе од бугарската мафија и дека кога Американците ги предупредиле со кого работат, тие го поништиле тендерот, иако вторангираната компанија била подготвена да инвестира 100 милиони евра.
Лагата не е само во формата, туку пред се' во содржината. И токму тука е најголемиот грев, најголемата грешка на оваа власт и на оние што ја поддржуваат, што не им гајле дека токму тие се всушност кризата, затоа што заради бизнисите на фамилијата се уништува самата срж на оваа држава, се јаде живото месо на овој народ.
Деновиве, со лагата на власта се судрив и на многу подиректен начин, преку една преписка од дистанца со професорот Димитар Мирчев кој се почувствува повикан од мојата претходна колумна и наводно, тргна да ме демонтира. Се' што сум зборувал и состојбите кои сум ги наведувал биле пуста фантазмагорија за професорот, небулози за кои народот добро знаел дека биле невистинити. Но, пред да тргнам и да оквалификувам што всушност оспоруваше професорот, сакам накратко да се позанимавам со две тези кои многу често и многу гласно ги пласира Мирчев.
Првата теза гласи дека професорот воопшто не се согласувал со ставот дека за Македонија се приоритетни интеграциите во ЕУ и во НАТО. Искрено, да се оспорува еден ваков став е бесмислено, но, сепак - неопходно. Во најмала рака, ако професорот сака толку често овој став да го нагласува, тогаш треба да ни каже која е алтернативата за Македонија. Автархија? Исток? Турција, Кина или Русија? Второ, треба да ни објасни, настрана безбедносната и економската интеграција, како тоа за него не е приоритет вредносната и идејната интеграција со Европа и со западниот свет. Еве, нека ни објасни пластично - која мајка ја бараме културолошки со Кина, со Емиратите, со Арапите? И конечно, ако сево ова не го објаснува, ако нема аргументи и ако за него евроатлантските интеграции не биле приоритет, тогаш зошто му е толкав приоритет негативно да ги претставува и да ги минимизира. Очигледно, како и за многу други работи, ставовите на Мирчев се инструментализирани и се тенденциозни, а во конкретниот случај, тоа служи за ширење на евроскептицизам и за оправдување на владината поразителна надворешна политика.
Втората пролупана теза на професорот беше низ еден вовед во метерологијата за да ни објасни како насекаде во светот кризата буткала влади и премиери, додека ние сме си живееле удобно и спокојно, економски сме цветале, а Владата бетон и гранит била, никаква криза не ја буткала. Да биде поинтересно, професорот консекветно на изнесениот став, резонира дека ако веќе ништо не ја бутка власта, тогаш време било да паднела опозицијата. И ова можам да го објаснам единствено како Павлов рефлекс.
Но, сакам нешто друго да потенцирам. Професорот е во право за едно нешто, оваа власт нема да ја бутне финансиска или некаква надворешна криза, таа само ќе ја дотолчи, односно ќе не' дотолчи нас граѓаните. На оваа власт не влијае ниту една криза, затоа што самата власт е криза и е постојан генератор на некаква криза. Нашата криза е ВМРО-ДПМНЕ и тоа е перманентна криза, постојано променлива, криза на здравиот разум. И оваа власт кога ќе падне, ќе падне поради кризата која секојдневно, со години ја создава дома. Криза на идентитетот, криза на демократијата и слободата, криза на сиромаштија и невработеноста, криза на меѓуетничкиот соживот, криза на вредности, криза на реалноста, би можел вака до бесконечност. Толкава е деструктивната моќ на оваа власт што таа ги неутрализира ефектите на каква било надворешна криза.
И погледнете ја разликата, луѓето во земји кои имаат сто пати подобар стандард од Македонија, кои немаат ендемична сиромаштија и рекордна невработеност како кај нас, протестираат. А кај нас протести нема! Затоа што тоа се нормални општества кои не живеат во перманентна криза, кои не живеат во страв од сопствената власт, општества каде секојдневниот живот и егзистенција не се детерминирани од партијата на власт, каде кризата не е монопол на власта и е креирана единствено од самата власт.
И на крај сакам неколку зборови да кажам за состојбите кои ги наведов во минатата колумна и кои професорот така ладнокрвно ги отфрли. За професорот биле бесмислици дека живееме во општество на страв и на сиромаштија, напротив, тој се повикува на некои измислени анкети според кои граѓаните сметале дека државава и политиката се движеле во вистинската насока. Кој мислел како мене или поинаку од владините мегафони бил паднат од Марс и ги потценувал граѓаните.
Нема да навлегувам подлабоко, само ќе го истакнат коментарот на една ценета професорка и борец за човекови права која нема да ја именувам: „Еее, Мирчев, Мирчев. Едно време беше професор со кредибилитет. Која мака те натера да ставиш перде на очите и во сиромаштијата да гледаш богатство, во безаконието - воспоставување на правото, во авторитарноста - демократија, во сеопштата политизација - професионалност, а во секојдневното масовно заплашување и казнување - слобода и права“.
Драги сограѓани, метафората со потопувањето на „Титаник“ е најдобриот пример што ја очекува Македонија. Многумина кои се критичари на власта или пак се блиски до власта и се разочарани, загрижени се оти веќе го знаат епилогот. „Титаник“ со себе ги повлече и богатите и сиромашните, и моќните и беспомошните. Така ќе биде и со Македонија, на оваа власт и' бега тлото од под нозе, па сите не' чека истата судбина.
(Авторот е аналитичар од СДСМ) |
|
Статијата е прочитана 2227 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Hari, 05.12.2011 00:15:33 | Ivore, te citam so zadovolstvo no ovoj pat imam edna seriozna zabeleska! Da se zanimavas so Mircev i cela kolumna da mu ja posvetis na eden obicen platenik na vlasta, covek koj iako Profesor, se spusti na mizernoto nivo na Milenko i Mirka, covek koj ednostavno se bruka vo javnosta, replikata so Mircev e besmislena. Hrvatska i Slovenija ednostavno pokazaa deka poleka nacional-sovinizmot na Balkanot gubi i izumira pa taka ke bide i kaj nas., |
| jovan, 05.12.2011 00:48:04 | Za zal kaj nas lagata caruva. Ima i edno pravilo za i okolu lazenjeto. Ako sakas lagata da ti ja prifatat kako vistina treba, ili da si premnogu intelegenten i lukav, ili pa toj da bide premnogu glupav. Dali kaj nas se raboti za toa deka ima premnogu intelegentni, ili premnogu glupavi, toa sam sekoj neka si zakluci, no deka caruva lagata i propagandata, toa barem onie koj ne posmatraat od strana i te kako go znaat. A i znaat koj e glupaviot. Intelegentni nema vo ovaa nasa prikaska. |
| mile, 05.12.2011 05:20:09 | Bravo Ivore.....se si vo pravo!!!! Navistina temni oblaci nadvisnale nad Makedonija, ama za ovoj narod toa i treba, izgleda toa i si go zasluzuva!!!!! Nisto povekje....... |
| penzioner, 05.12.2011 09:12:20 | Лага,денеска слушам на држаното радио наше македонско, емисијата Деновиве пред години. цитирам, на денешен ден 1925 год. е родена Невена Георгиева Дуња, и наведува која била и што работела за на крајот ,срамно ниско и дрско преданички да констатира дека ПОЧИНАЛА на денешен ден 1943 год. Како ќеим објасни на своите деца во колку ги има. |
| девичанецот, 05.12.2011 10:01:52 | Иворе, само малку позанимавај се со лагите на твојот мецена пензионер, па да напишеш нешто за другите.
Вообичаено е прво да се чисти својот двор.
Ете, со лаги дојде 2002 на власт, со вработување на член од секое семејство, со пругата до Крива Паланка, со тоа дека нема да се кандидира за претседател....ете нажалост и сега сите Ве лаже што сте околу него.
Анализирај ги грешките во своите редови, напиши и докажи дека твојата партија се препородила, па после надевајте се на освојување на власта. Со вакви написи и поготово со дискусиите на Гордан во парламентот, кој целосно го замени Бучковски..ни по сто години нема да ја освоите власта. |
| Точно, 05.12.2011 10:18:50 | Се придружувам на коментарите на Хари и Јован,а посебно на коментарот на Хари. Нема никаква разлика помеѓу Мирчев и Миленко и Мирка.Нив никој не треба по име да ги демантира.Треба да се бориме против лагите кои тие ги шират,како и многуте новинари,историчари и разни „експерти“,а кои имаат за цел да го заслепат народот.Смешно е какви се,да не речам дебили,ја носат и одржуваат оваа влада на власт,ама тоа е реалноста. |
| milan, 05.12.2011 11:04:51 | Hari,Mircev i takvi kako nego se alibi na vlasta.Demek ne se samo Milenko i Mirka pa eve i profesori gi podrzuvaat nasite stavovi. Takva e barem propagandata na vlasta.Ivore vo pravo si takvi intelektualci kako Mircev mnogu brzo ni go priblizuvaat titanik,a ne odalecuvaat od Hrvatska i Slovenija. Jadni se tie sto veruvat na takvi a titanik vlece se kon dnoto. |
| ФЕЛИКС, 05.12.2011 11:52:23 | Ова со Титаник се пласира токму од таквите кој подсеќаат на Титаник и Андреа Дорија во едно,впрочем и изборните резултати тоа и го докажуваат.Но нејсе,да одиме со лагите како примери.Лага е да се грижат овие шашардисани опозиционери за стечајците,тие го урнисаа сопствениот закон 2005г токму за стечајците.Лага е да не сме подобри од Хрватска визави презадолженоста надворешна.Хрватска должи 74 милијарди евра и околу 65% од БДП,ние должиме некаде 5 милијарди евра или 26% од БДП.Знаеме да за опозиционерите да секогаш важело да полошто е подобро.Инаку лага е да ќе се прави влада во сенка,па се прават некакви совети во стилот на куќни совети.Има уште лаги ми требаат три броја на Утрински.И на крајот има мегафони на власта но има и труби на опозицијата како баланс. |
| toni, 05.12.2011 11:54:00 | ne vredi da se zamarate so izjavite na eden dimitar mircev,ednostavno covekot ne vredi ni 5 pari...gola voda,megafon...interes... |
| marko, 05.12.2011 12:08:15 | Ivore, ajde i da se slozime so tebe vo del od iznesenoto (nikoj ne e sovrsen, niedna vlada ne e sovrsena) (za Mircev nejkam da potrosam edna tocka, a kamoli zbor, tolku vredi covekot! sekako vo kupot so nego odi i Vlado Popovski). Znaci ima greski, ima ponekoja laga, ima problemi, ima kriza na mnogu raboti. OK, da receme toa e dijagnoza!!! A lekot? kade e lekot? Ivore, Branko ne e lekot. Od negovoto opkruzivanje (Shema, Gordan, Jani, itn itn) dobivam grchevi vo stomakot, Za zal, iskreno za zal, pokraj spomnatite vo celoto sivilo (da ne recam crnilo)se izgubija i onie vo koi barem malku se nadevav Rada, Zoran Jov, Andrej ...) Momentalnata sporedba na aktuelnite so alternativnite e besmislica! Uzas za Makedonija bi bilo da se vrati BC so spomnatite nazad. Zatoa, te molam, paralelno iniciraj i raboti na slucajot sto ce bide posle 20 godini koga ce dojdete na vlast! ednas sekako ovie ce bidat smeneti, makar i po 20 godini. |
| Санто, 05.12.2011 14:39:03 | Ако ова се ставови на СДСМ, како што авторот се претставува, тешко на народ кога има безидејна опозиција, која нема обработен и елабориран концепт за економскиот развој на државата.Културолошки сма биле далеку од Кина и на економска основа не треба да соработуваме???. Смешки.Се чудам и замерувам на професорот што влагол во конфлит со ваков аналитичар и навистина со ова губи на авторитет самиот професор, што можам да се сложам дека го спуштил нивото на професорската титула. |
| seirdzija, 05.12.2011 18:13:21 | Koga liderot bese minister za finansii mu se sluci rat,a sega kako premier go palat znameto,toa se nema sluceno na SDSM.Pa koj e tuka patriot,a koj predavnik???Za mene e vazno dali seto ova ke ima pravna zavrsnica,oti za Makedonskiot titanik nekoj mora da podnese moralna i krivicna odgovornost. |
| do Ivor, 05.12.2011 18:24:19 | Kako Titanik moze da zavrsi SDS,a ne Makedonija.Tie od SDS znaat deka nivnata partija ima sansi da zavrsi kakao Titanik,no sakaat i Makedonija da ja povlecat kon propasta.No i da zavrsi SDS kako Titanik,Makedonija nema da zavrsi kako Titanik.Makedonija e vecna. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 4°C
Магла
|
Среда
Локални грмотевици
Макс: 6°C, Мин: -7°C
|
Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
|