Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Дарко Тасевски се враќа во репрезентацијата

За мечот со Андора нашите фудбалери ќе се соберат на 4 октомври во Барселона

Миодраг Мицковиќ

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз кој поради исклучувањето на средбата со Словачка во Братислава беше казнет од страна на Дисциплинската комисија на УЕФА со е��ен натпревар за да не може да седи на клупата, на средбата со Андора на 8 октомври во гости ќе може да го води нашиот тим. Тој во петок на 17 септември ќе го објави списокот на кандидатите за средбите со Андора на 8 и со Русија во Скопје на 12 октомври. Според неговите зборови ќе нема некои битни измени во составот на селекцијата, но најверојатно по извесно време во нашата најдобра репрезентација ќе се врати Дарко Тасевски кој сега игра за Левски од Софија. За да ја провери неговата форма Јонуз денес ќе го следи мечот во Софија меѓу Левски и белгискиот Гент во првото коло од групите во Евро лигата.

За мечот со Андора репрезентативците ќе се соберат на 4 октомври во Барселона, наредниот ден ќе заминат за Андора каде ќе одржат четири тренинзи. По средбата се враќаат веднаш во Барселона за да на 5 октомври со чартер лет допатуваат во Скопје каде ќе ги продолжат подготовките за мечот со Русија.

Селекторот Јонуз и покрај притисокот на јавноста поради слабиот старт во квалификациите не размислува за оставка која во последно време го бараат од него навивачите и новинарите.

Нека поминат мечевите со Андора и Русија и дури тогаш ќе можам да кажам дали ќе поднесам оставка или ќе останам на селекторската функција до крајот на овие квалификации за Европското првенство. Немавме спортска среќа на средбите со Словачка и со Ерменија, имаме само еден бод, но тоа не значи дека сите шанси се изгубени и дека македонскиот фудбалски брод е потонат.

Селекторот Јонуз од 19 до 22 септември ќе присуствува на состанокот на сите селектори на европските репрезентации, кој ќе се одржи во Мадрид и на кој ќе биде извршена анализа на натпреварите што се одржаа на Светското првенство во Јужна Африка. Освен престојот во Мадрид тој на 3 октомври ќе го следи мечот Јувентус - Интер во рамките на првенството на Италија како гостин на Горан Пандев, а од таму ќе замине за Барселона заедно со Пандев каде ќе се приклучи со останатите наши репрезентативци.


#
Статијата е прочитана 710 пати.

Испрати коментар

Од: Pelister
Датум: 16.09.2010 13:06:52
Jonuz odel vo Sofija,da ja proveruva formata na Tasevski...pa...Jonuz nisto ne razbira...nego go biva za izbori,glasacki livcinja i sobranija...
Од: Stewie
Датум: 16.09.2010 16:14:02
Ni treba napagac koj ke trese mrezi...treba da go vrati B. Ibraimi od Schalke...

Најди! во Утрински
Спорт
Нонковиќ ќе добие наследник викендов
Секогаш задоволниот Бенитез
Федерер или Надал - вечна дилема
Валенсија претрпе стравотна скршеница на глуждот
За секој турски кошаркар по еден милион долари!
Реднап полуде од новинарите
Вардар покус за три бода
Меси стана најдобар стрелец на Барса во ЛШ