Клубот е казнет и со 2.500 евра поради неоправдано неодигран меч со Хоризонт во Турново
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерац��ја на Македонија, како што и се очекуваше, го почитуваше Правилникот за натпревари и го казни Вардар со одземање на три бода затоа што неоправдано не отпатувал на првенствената средба со Хоризонт во Турново во четвртото коло. Како што е познато, овој меч црвено-црните го загубија и со службен резултат - 3:0. Комисијата не ги прифати лекарските наоди издадени од една приватна ординација во Ѓорче Петров во кој се наведува дека 11 фудбалери на Вардар пријавиле дека чувствуваат болки во стомакот и повраќање поради наводно труење со храна и поради тоа тренерот Ѓорѓи Тодоровски немал доволен број фудбалери за да го одигра мечот во Турново. Меѓутоа, целиот случај со труење не бил пријавен како што тоа налагаат прописите кога е во прашање масовно труење и воопшто не бил пријавен до Инфективната клиника и до Санитарната инспекција. Сето тоа било заборавено не само од клубот туку, за жал, и од приватната ординација.
За членовите на Дисциплинската комисија целиот случај е сомнителен, нема цврсти докази за масовно труење освен тие лекарски наоди од приватната ординација и Вардар беше казнет со одземање на три бода од и онака минималното бодовно салдо. Освен тоа, клубот е казнет и со 2.500 евра. По оваа одлука Вардар има право на жалба до Комисијата за молби и жалби на ФФМ. (М.М.)
Zalno...ovie luge od FFM go unistija fudbalot,gi unistija Sloga,Makedonija,odgovorni se za glupostite sto gi pravese Pobeda...a sega go brisat i Vardar...namesto sega da mu pomognat sto pobrzo da gi prebrodi najtesjkite denovi vo svojata istorija,tis go krata so tri boda...a niv koj da gi skrati...za sramot i rezilot so Andora,za sramot i rezilot so Srbija(0-5;0-7),za sramot i rezilot so igrite i rezultatite na site nasi reprezentacii...
Од: vane
Датум: 16.09.2010 18:22:14
sekoja cest za komentarot Pelister
za zal toa e vistinata za mak.fudbal