Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Реднап полуде од новинарите

Менаџерот на Тотенхем испровициран со прашањето дали ја научил лекцијата против Вердер (2:2)

Тотенхем на гостувањето кај Вердер водеше со 2:0 (Пасанен автогол, и Крауч), а на крајот мораше да се задоволи со 2:2 (Алмеида и Марко Марин).

Новинарите во Англија напишаа дека е платен данокот на неискуството во Лигата на шампионите. Тие се потсетија и на слабостите кои Тотенхем ги покажа во квалификациите против Јанг Бојс, кога Швајцарците поведоа со 3:0, а потоа Англиачните се вратија со два гола. Убедливата победа на свој терен го осигура пласманот во втората фаза.

Но, Реднап сега побесне на прашањето дали овој пат ќе ја научи лекцијата. „Каква лекција, а каков меч беше тоа? За што зборувате? Тие забија два гола, зарем затоа треба да учам некои лекции? Што јас можам тука да направам? Поставувате секогаш исти прашања? Дали ова била лекција за фудбалот кој се игра во ЛШ?. Не ова не беше лекција, ова беше фудбалски меч. Водевме со 2:0, па потоа тие дадоа два погодока. Ете, тоа се случува во фудбалот, ако не сте знаеле. Против Јанг Бојс беше обратно. Игравме добро и би бил задоволен ако така биде и во иднина. Да водевме со 3:0 или 4:0 тоа ќе беше вистински одраз на силите на теренот. Тие дадоа гол кој им донесе ветар во грбот. Не можам да бидам лут, туку само фрустриран“, кажа 63 годишниот менаџер, чиј најслаб играч, барем како што анализираа англиските весници, беше Хрватот Ведран Ќорлука. Тој имаше голем проблем со младиот Марко марин. Покрај него на своето ниво не беа ниту Ленон и Екото.

Подобрата игра на Тотенхем ја призна и тренерот на Вердер, Томас Шаф. „Во првиот дел ме нервираа многу работи, а најмногу од се инертноста и пасивноста на моите играчи. Се' она што беше добро од саботниот меч со Баерн сега го немаше. Не можам да ги разберам моите фудбалери. Кога конечно почнаа да играат веднаш направија притисок. Како игравме на крајот резултатот е добар“, кажа Шаф.

Тренер избоден со нож од

родениот брат среде натпревар



За време на натпреварот од втората лига меѓу Самсун и Мерсин, гостинскиот тренер Јуксел Јесилов беше избоден со нож од сопствениот брат! Несреќниот Јесилов во првиот момент не беше свесен што му се случува, додека брат му трчаше кон него. „Тој е психички болен, а не разговараме подолго време. На овој начин сакаше да се снима пред камери, бидејќи ужива да се појавува во јавноста. Не знам само што правеа редарите. Како може некој неспречен од никого да влета на теренот“, праша Јесилов кој, за среќа, мина само со рана во пределот на стомакот.


#
Статијата е прочитана 617 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Нонковиќ ќе добие наследник викендов
Секогаш задоволниот Бенитез
Федерер или Надал - вечна дилема
Валенсија претрпе стравотна скршеница на глуждот
Дарко Тасевски се враќа во репрезентацијата
За секој турски кошаркар по еден милион долари!
Вардар покус за три бода
Меси стана најдобар стрелец на Барса во ЛШ






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma