Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Стил

Автодеструктивни комичари

Депресивци, самоубијци и наркомани - тоа е вистинското лице на комичарите

Теоријата за тажниот кловн одамна не е само теорија. Научниците се погрижиле да откријат зошто толку популарни комичари се несреќни во приватниот живот. Стенд-ап комичари, радиски комичари и филмски ѕвезди, од сите нив има многу случаи кои имале или се' уште имаат сериозни „проблеми со главата“. Некои страдаат од депресија, другите се уништуваат со дрога, алкохол, прејадување.

Биполарната теорија го дефинира комичарот како личност која боледува од психичко нарушување, а д-р Ејми Алпине е една од оние што тврдат дека големиот број комичари патат од депресија или од биполарно нарушување. Тие најчесто не сакаат да се лекуваат, барем додека не е предоцна, бидејќи биполарното нарушување им дава сила и оружје за професијата со која се занимаваат.

Некои од таквите комичари се Бен Стилер и Робин Вилијамс, познати како биполичари, или Розен Бар и Џим Кери, депресивци кои отворено прозбореле за своите проблеми.

Но, листата не застанува тука. Има случаи кои се многу посериозни, поточно доведени до темелна автодеструкција.

Прв и најпознат пример е Лени Брус. Тој бил премногу популарен, но и неописливо контроверзен општествен коментатор низ своите комедии. А како завршил? На подот во бањата со игла во раката, мртов од предозирање со хероин.

Хероинот го уништи и комичарот Џон Белуши, поради комбинација на хероин и кокаин, баш како и Крис Ферлеј, неговиот колега од шоуто „Живо во сабота вечер“.

Многумина денес стравуваат за судбината на комичарот Арти Ланг, познат по стенд-ап настапите, како и по неколку филмски и ТВ-улоги. Арти јавно говорел за својата зависност од кокаин и хероин, а зависноста од прејадување не можел да ја крие и да сакал, бидејќи во еден период од својот живот достигнал и 200 килограми. Денес е на одвикнување. Можеби го нарекуваат еден од најдуховитите личности на денешницата, но Арти целиот живот пати од тешка депресија, а се' започнало во младоста кога починал неговиот татко.

Но, додека Арти закрепнува, неговиот колега Риџард Јени, познат по живите настапи на телевизија ХБО, на 10 март 2007 година си го одзеде животот, пукајќи си со пушка во уста. Многумина му се восхитувале, но малкумина знаеле дека неговиот лекар му дијагностицирал тешка клиничка депресија.

Ричард Пруор, еден од ветераните кој се вбројува во топ 10 комичари во историјата, исто така, е еден од првите за кои се зборувало дека е махер за шеги. Тој бил и длабоко трауматизиран човек, син на проститутка, кој израснал со баба си во бордел. Кога имал шест години, сексуално го злоупотребил еден сосед, а потоа и свештеник, а единствен начин да ги преживее тие трауми бил да стане комичар и да го забавува светот, но и себе си, колку е тоа возможно. Секако, не успеал да ги избрка демоните, па затоа станал зависник од кокаин и за малку ќе починал во п��жар предизвикан од мизерните нарконавики. По неколку години, му била дијагностицирана склероза. Почина во 2005 година.

Овен Вилсон е еден од помладите актери кој неодамна се обиде да изврши самоубиство откако ја прекина врската со Кејт Хадсон. Древ Кари е комичар кој страда од тешка депресија.

Енди Дик е посебна ѕверка. Хиперактивен бисексуалец,човек на кого му е забранет влез во поголемиот дел од ноќните клубови и кафулиња поради предизвикување неред. Со години е алкохоличар и наркоман. Иако бил на одвикнување, на крајот се одлучил дека му е многу здодевно кога е чист.

Мајкл Ричардс не ја уништи својата кариера поради депресија, дрога или алкохол, туку со расистички навреди на публиката и тоа на своите живи настапи.

 


#
Статијата е прочитана 208 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Хенри Осми, првиот евроскептик
Само да е луксузно
За секоја болка има билка
Нане - за подобро варење
Семејството доцнеше на погребот
Го урна сопствениот рекорд
Пристигна во Дубровник со заврзана рака