Стил
Само да е луксузно
Манекенки и актерки летуваат во блескави одморалишта каде што за една ноќ се плаќа и по 15.000 долари
На светски етаблирани и познати жени одењето на одмор им е врзано за раскош. Тие бираат луксузни вили, апартмани за уживање и каде што би биле заборавени од новинарите и папараците. Цената не е важна. Клаудија Шифер, на пример, се одмора на алпските „скривалишта“, каде што само за едно ноќевање треба да издвои 19.200 американски долари.
Миранда Кер: Гранд хотел резиденца, Гран Канарија
Раскошот на оваа луксузна резиденција доаѓа до израз кога во неа престојува австриската ѕвезда Миранда Кер. Таа сака да ужива во базенот на хотелот, недалеку од песочните плажа Маспаломас. Нејзиниот посебен престојувачки апартман има и градина, додека хотелскиот персонал се грижи да ги исполни сите нивни каприци, од енергетска терапија до хидромасажа.
Адријана Лима: Амангани ресорт, Џексон Хол, САД
Како една од најсексапилните моделки на светот, а да не спомнуваме дека е и една од најбогатите жени, бразилската суперѕвезда Адријана Лима го сврте вниманието на себе кога во одморалиштето Џексон Хол одлучила да се венча со српската НБА-ѕвезда Марко Јариќ. Апартманот во склоп на хотелот изгледа како ексклузивно луксузно одморалиште, модерно уредено и во стил на Западот.
Бар Рафали: хотел Еден Рок, Франција
Филмските премиери се она што секоја година во Кан привлекуваат многу актери од цела Европа. Израелската дива Бар Рафали се сместува во хотелот „Еден Рок“, место во Антиб, помеѓу Кан и Ница. Во тоа одморалиште летуваше и магаѕвездата Линда Евангелиста. Хотелот е изграден во 1870 година, а угостил многу познати јавни личности, почнувајќи од Фреда Астарија, па се' до Пабло Пикасо, Шерон Стоун и Кетрин Денев.
Кејт Мос: Ла резиденца, Мајорка, Шпанија
Мос е една од јавните личности која може да се види во овој хотел, бидејќи на тоа романтично место често летуваат ѕвезди како што се Пирс Броснан, Стинг и Том Хенкс. Во оваа оаза помеѓу стотици маслинки, гостите можат во приватност да уживаат во соби за две, три и четири лица со приватен базен и поглед на Средоземно Море.
Жизел Бундхен: Копакабана палас, Рио де Жанеиро, Бразил
Во текот на годинашниот карневал во Рио бразилската ѕвезда Жизел Бундхен е видена покрај базенот на хотелот „Копакабана палас“. Тоа е место кое во 20-тите години на минатиот век стана собиралиште на ѕвездите кои од својот апартман сакаат да го набљудуваат океанот. Дури и познатата Наоми Кемпбел го посетила овој хотел, чија локација како да е создадена за бегање од метежот и за уживање во белиот песок на најпозната бразилска плажа Ипанема.
Клаудија Шифер: Бадрут палас, Сен Мориц, Швајцарија
Не постои ништо погламурозно и поексклузивно од швајцарското летувалиште Сен Мориц, кое често го посетува Клаудија Шифер. Со седум р��сторани, четири бара и два ексклузивни клуба, исклучиво за членовите на познатиот хотел „Бадрут палас“, заслужи во неговите простории да зачекорат великаните како што се Марлен Дитрих, Брижит Бардо и Грета Гарбо. Трисобниот апартман кој редовно го најмува Клаудија Шифер има мермерна бања, поглед на планината и славен салон со концертен клавир.
Хајди Клум: Коста Карејес, Мексико
Кога е време за годишен одмор, Хајди со сопругот Сил оди во нивната мексиканска вила во Коста Карејес. Дворецот со многу вработени може за една вечер да се најми за 7.000 долари, додека за вила треба да се издвојат околу 2.000 долари. Најевтино ноќевање во овој комплекс е во гостинските соби, што можат да се изнајмат за 280 долари од ноќ.
Наоми Кемпбел: Посада дел Фаро, Уругвај
Иако Наоми Кемпбел е препознатлива по скандалите додека летуваше на Сицилија, позната е и по посетите во уругвајското летувалиште Пунта дел Есте. Во тоа ексклузивно одморалиште Наоми го пронашла својот втор дом, каде што собата со балкон и камин се плаќа и до 750 долари за ноќевање. До крајот на следната година, на оваа локација е планирана изградба на луксузен хотел, кој засекогаш ќе го промени имиџот на идиличната рибарска населба.
Синди Крафорд: Амансала, Мексико
Натпреварувањето во едноделен костим за капење може не е најдобриот начин за да се олабавите и да ги помините празниците, но ако во отменото мексиканско одморалиште Амансала се разминете со Синди Крафорд и Линда Евангелиста, ќе имате што да им зборувате на вашите пријатели. Покрај тоа, ќе уживате во вежбалниците на пилатес, јога и други релаксирачки активности кои го прават одморот единствен.
Брук Шилдс: Есперанца ресорт, Кабо Сан Лукас, Мексико
Кога американската ѕвезда Брук Шилдс летува во Мексико, најдобро се чувствува во луксузниот хотел „Есперанца“ каде што гостите уживаат во панорамата на море за „симболична“ цена од 1.525 до 1.825 долари за вечер. Највисоката цена на еднокреветна соба изнесува дури 4.500 долари, а во неа е вклучена и целодневната услуга и приватниот базен. Во понудата е и егзотичната медитеранска кујна и богатиот избор на пијалаци на база на текила.
|