Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Стил

Нане - за подобро варење

Се употребува како пријатен благ лек за смирување, против гасови и грчеви, за тешко варење, влегува во состав на чаеви за лекување жолчка. Маслото од нане има слаби анестетички својства и пријатна миризба што освежува, поради што е добро против повраќање и гадење. Нане не смее да се вари, туку да се прелие со зовриена вода за да не изветреат лековитите состојки.



Чај од боровинки - олеснува тегоби во нозете

Исушените топчиња и ливчиња од боровинки се омилен народен лек. Благодарение на високиот процент на танин и останатите лековити состојки, чајот ја поттикнува работата на крвните садови и го намалува отокот на нозете.

Подготовка: за една шолја чај, во 2 дл врела вода ставете една лажица исушени листови. Поклопено оставете го да стои 10 минути. За да имате добри резултати, пијте по три шолји дневно.



Чај од црна рибизла – одличен диуретик

Овој чај дејствува диуретички и го чисти организмот од штетни материи. Покрај тоа, ја намалува и непријатната надуеност на стомакот.

Подготовка: за оваа топла напивка се употребуваат исушени или свежи листови. Една лажица од нив потопете ја во ладна вода. Оставете да врие 2-3 минути, потоа нека отстои десетина минути. Пијте по 2-3 шолји на ден.



Чај од цвет на цитрон - помага при несоница

Овој чај се препорачува за нервозни лица, бидејќи олабавува и смирува.

Подготовка: неколку свежи цветови од цитрон ставете ги во врела вода. Поклопете и оставете 5 минути и чајот испијте го 30 минути пред да си легнете.


#
Статијата е прочитана 542 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Хенри Осми, првиот евроскептик
Само да е луксузно
За секоја болка има билка
Автодеструктивни комичари
Семејството доцнеше на погребот
Го урна сопствениот рекорд
Пристигна во Дубровник со заврзана рака