Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Забава
04.09.2009, 15:13

Стил

За секоја болка има билка

Марија Партикова има завршено традиционална медицина во Русија, а со години им помага на луѓето со своите чаеви и сирупи

Валентина Тодоровска



Лето е време кога се пијат многу течности, а советот на Марија Партикова, инаку доктор по традиционална медицина, е повеќе да се консумираат чаеви. Секоја куќа има некој чај од нашето поднебје - нане, кантарион, мајчина душичка, невен... Ладните чаеви особено се освежителни, а најважната работа, особено кај нането, е да не преврива, туку само да се прелие со зовриена вода.

Инаку, Партикова го оствари својот сон да им помага на луѓето во приготвување чаеви, сирупи и мелеми. Дваесетина години таа другарува со тревки, мелеми и сирупи. Теоријата ја има совладано во Русија, а практиката секојдневно во Македонија.

Во Русија, Партикова се школувала на Институтот за традиционална алтернативна медицина. Постојат стари искуства на тамошните луѓе - откога паметат тие се лекуваат со разни чаеви и сирупи подготвени на најприроден начин. Tамошните луѓе се многу поразлични од овдешните. „Ние го немаме тој дел од медицината, тој се' уште е останат како народен потфат на неуките луѓе. Имам многу спомени, доживувањата и искуствата се огромни. Моите искуства се најразлични - почнувајќи од општите настинки, стерилитетот, поради што луѓето со години немале потомство, а со овие препарати (билки) стигнале до својата цел преку упорно лекување“, вели Партикова.

Најважното во алтернативната медицина е вербата. Во медицината тоа се нарекува плацебо-ефект, да веруваш во оздравувањето, а јас велам таа желба може да направи чудо. Да ја раздвижи животната енергија, едноставно, да заздравее.

Марија го темели искуството на теоријата дека за секоја болка има билка, а токму растенијата беа предизвик таа да ја почне својата борба со карциномот.

Точно е дека секој има своја историја, приказна од вистинската медицина. Со верувањето во билките јас едноставно му помогнав на мојот организам да се избориме заедно и да ја совладаме тешката ситуација . Затоа ја прифатив алтернативната медицина како додаток во класичната медицина. Значи, секогаш во работата ја користам медицината на која ја додавам алтернативната. Лекарските наоди се основа за да почнам да работам со пациенти, особено поради тоа што и јас сум стручно медицинско лице и ја подржувам класичната медицина.

Според Партикова, билките ја имаат најголемата моќ во природата, со правилно користење тие само му носат добро на организмот. Билките се создадени за човекот да ги користи правилно.

Тие можат да помогнат дури и кај неможните случаи, ако не друго, барем во верувањето што донесува спокој. Кога пациентот има верба дека одредена билка е лек за него, ќе биде поштеден од многу трауматски последици.

Марија вели дека од 560 проучени или потврдени лековити билки се прават бесконечен број миксови.

Билките се собираат според растот и годишно време. Секоја има своја фамилија и комбинација што е вистинска за неа. Како што постои таблицата на Менделеев за елементите, така и билките имаат своја матица, која е основа на сите. (В.Т.)

 


Статијата е прочитана 1806 пати.

Испрати коментар



Само да е луксузно
Автодеструктивни комичари
Нане - за подобро варење
Хенри Осми, првиот евроскептик
Пристигна во Дубровник со заврзана рака
Го урна сопствениот рекорд
Семејството доцнеше на погребот



lidija, 05.09.2009 11:00:00
pozdrav do vas i ke ve molam da mi kazete kade moze da se najde gospogata vi blagodaram

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 13°C

Претежно облачно

Вторник
Магла
Макс: 14°C, Мин: 2°C

Среда
Магла
Макс: 16°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |