Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
07.11.2011, 12:58
Сирачето од Венецуела стана најубава жена во светот




Дваесет и двегодишната Ивијан Саркос беше прогласена за Мис на светот 2011 на церемонија што се одржа завчеравечер во центарот „Earls Court“ во Лондон.

„Бев многу среќна кога ме прогласија за победничка. Сакав да викам, да плачам, но гледав да останам мирна и се смеев. Ме преплавија емоции“, изјави Ивијан Саркос (22) од Венецуела, која во неделата вечер на гала церемонија во Лондон ја понесе титулата Мис на светот за 2011 година.

Шеесеттото издание на најголемиот избор на убавина што се одржа во лондонскиот центар „Earls Court“ и ја донесе најголемата победа на Ивијан, за која животот не бил баш лесен. Уште како мала останала без родители, поради што минала пет години школувајќи се во женски манастир. Нејзиниот план бил да стане милосрдна сестра, но животот ја одвел во сосема поинаков правец- дипломирала во областа на човечки ресурси и се вработила како службеничка во една медиумска куќа.

„Благодарна сум на оваа можност“, заклучи новата Мис на светот која ја наследи круната од минатогодишната победничка Александра Милс од Америка. Мис Венецуела беше и најголем фаворит на обложувалниците. „Оваа победа ми значи се и се надевам дека ќе ја искористам во продуктивни цели. Неизмерно сум среќна. Прво сакам да им помогнам на оние на кои им е најмногу потребна помош. На луѓе како мене. Јас сум сираче. Би сакала да им помогнам и на проблематичните тинејџери“, изјави Ивијан која е родена во семејство со 12 браќа и сестри.

Најпознатиот натпревар на убавина кој оваа година се одржа во Лондон во чест на јубилејот- целата приказна започна во 1951 година во престолнината на Велика Британија, на македонската претставничка не и донесе ништо посебно- според неофицијалните податоци деветнаесетгодишната стружанка Весна Јакимовска заврши на 111 место, а на финалето се претстави во елегантен црн фустан со етноелементи од колекцијата „Меч“ на дизајнерот и моден новинар Небојша Толески.

За прва придружничка на Мис на светот беше прогласена Мис Филипини, а како втора заврши Мис Порторико.

На сцената во Лондон продефилираа 113 убавици од повеќе земји ширум светот, а програмата се пренесуваше во живо во повеќе од 150 земји. Манифестацијата, според проценките, ја проследиле повеќе од милијарда гледачи. Во времето на нејзино одржување, пред центарот „Earls Court“ се собраа околу 50 феминистки кои демонстрираа, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Да се биде жена не е натпревар“ и „Сексизмот е многу грд.“

Наредната година домаќин на изборот Мис на светот ќе биде кинескиот град Ордос. (К.Ш.)





Статијата е прочитана 6862 пати.

Испрати коментар



Почнува 10. фестивал на европски филм „Синедејс“
Зоран Попоски со видео проекции во САД и Русија
Морган Фримен добива Златен глобус за животно дело
Мадона бесна што новата песна и се појави на Интернет
Култниот писател Давид Албахари гостува во Скопје
Стартот на Ал Џезира Балканс нема да се види во Македонија
Ријана не го крие вистинското лице
Турскиот новинар и режисер Џан Дундар, гостин во Скопје
Недела на современ словенечки филм во рамки на „Синедејс“
Нападнат актерот Јовица Михајловски
Кои се голите украински протестантки?
„Кајзер чифс“ доаѓаат на Таксират!
Снимајте филм на мобилен телефон
(ФОТО) Четворен триумф на Лејди Гага
„Панкот не е мртов“ со награда на фестивалот во Котбус
Биографијата на Стив Џобс најпродавана книга
Спомен куќата на Тоше Проески победи!
Мадона лансира нова модна линија
„Мајки“ на фестивалот на европски филм во Севиља
Мимоза Несторова Томиќ, вечерва ќе ја прими наградата „Андреја Дамјанов“
Ѓоко Танески доби втора ќерка!
„Битлсите“ го избегнуваат синот на Џон Ленон
„Калигула“ на Зоја Бузалковска во Прилепски театар
Спомен куќата на Тоше пред огромен триумф
Затворската казна за Линдзи Лохан одложена поради „Плејбој“
Голите фотографии на Скарлет Јохансон наменети за Рајан Рејнолдс
Промоција на „Црногорска трилогија“ од истакнатиот новинар Драган Николиќ
Заколнатиот ерген Хју Грант стана татко
Отворање на Неделата на францускиот филм
Филмови, музика и многу гости на „Синедејс“
Стартува едукативна програма за танцот кај децата
Прва фотографија од брачната двојка Саркози со ќерката Џулија
Почнува Фестивалот за електронски уметности во МСУ
Тајниот албум на Ејми Вајнхаус излегува на 5 декември
Пикасо и Матис неделава ќе заработат 400 милиони долари
Гоце Смилевски е откровение што доаѓа од Македонија
Мајкл Џексон бил полн со ботокс и аналгетици
Несекојдневно звучно патување со култниот „Метрополис“
„Лебедово езеро“ ги отвора „Есенските музички свечености“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) „Универзална сала“ со песна го прослави 45. роденден
Заврши снимањето на „Трето полувреме“
Нови простори за современиот танц
Со „Метрополис“ на Фриц Ланг вечерва назад во иднината
Мики Манојловиќ ќе игра во „Бучно“ на Анета Лешниковска
Силвестер Сталоне обвинет за крадење на сценарио
Премиера на „4.48 Психоза“ во режија на Ѓорѓи Јолевски
Почнува „Локомоушн“ - фестивал за современ танц и перформанс
Мадс Микелсен добитник на наградата на Европската филмска академија
„Метрополис“ на Фриц Ланг во МОБ
Пет Метини направи вистинско шоу
Линдзи Лохан позираше гола за „Плејбој“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Витоуш разочара, Лојд воодушеви



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 17°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 15°C, Мин: 0°C

Петок
Магла
Макс: 10°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |