Брoj 2814  петок, 17 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕУ повика на светски самит за кризата

Лидерите од ЕУ сакаат да воспостават нов систем што ќе гарантира вакви кризи да не се повторат

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

БРИСЕЛ - Финансиската криза не е завршена. Таа има потенцијал да влијае на секоја земја во светот. Затоа мора да се ревидира капитализмот и да се редизајнира светската финансиска архитектура, а на удар ќе се најде и Меѓународниот монетарен фонд, кој ја изгуби улогата што требаше да ја има. Одговорот не треба да биде европски, туку треба да се вклучат и другите светски блокови.

Ова накратко е резултатот од самитот на Европската унија вчера во Брисел, на кој европските лидери бараа решение за хаосот во банкарскиот систем што ги погоди, пред се', САД и Европа, со опасност да ја фрли нивната економија на колена и тоа да се почувствува и во преостанатиот дел на светот. Иако додека лидерите договараа единство во акцијата, берзите и натаму покажуваа панично паѓање на акциите, ЕУ-лидерите беа уверени дека со мерките што ги најавуваат се на добар пат, и повеќе од тоа, да воспостават нов систем што ќе гарантира дека вакви кризи нема да се повторат повеќе. Новиот договор тие го нарекоа „Бретон Вудс два“, според договорот пред педесетина години кој ги постави основите на светската финансиска структура денес и со кој беа формирани ММФ и Светска банка. Како прв чекор, ЕУ-делегација на високо ниво викендов ќе замине на средба со американскиот лидер Џорџ Буш за да договори светски самит на кој ќе се расправа за кризата и на кој ќе треба да учествуваат и новите растечки економии. ЕУ смета дека и тие се на пат да ја платат цената, но не е исклучено дека тие им требаат моментно на Европа, па и на САД, да им помогнат да се извадат од кризата што самите ја креираа. Според она што е најавено, треба да се смени комплетно финансискиот систем на глобално ниво и да се воспостави систем на рано предупредување или тело за кризен финансиски менаџмент кое навреме ќе детектира и ќе презема мерки за спречување финансиски дебакли како овој изминативе недели. Исто така, се предлага националните економии, т.е. државите, да купуваат акции во банките ако им е потребна финансиска консолидација и гаранција на депозитите, со што ќе запрат критиките на адреса на ЕК секојдневно дека толерира државни интервенции во овој сектор, што не е во согласност со нејзините правила и пазарните правила и води кон државен капитализам. Ниту една финансиска институција нема да избегне ��упервизија, најави претседавачот Никола Саркози, посочувајќи го посебно ММФ кој, според него, се претворил во агенција за развој на неразвиените земји, а не тоа што требало да биде. Пораката на Саркози беше дека одговорот само од ЕУ не е доволен да се реши кризата, иако е јасно дека и ревидирањето на светскиот финансиски систем не е можно без учество на други светски актери, за кои е прашање дали имаат интерес да им помогнат на ЕУ и на САД да се стабилизираат или повеќе им одговара другата опција. ЕУ-лидерите, исто така, предлагаат одговорност на тие што го водат финансискиот систем, особено менаџерите на банките кои изминатите недели се напаѓаат за волунтаризам, премногу неодговорно преземање ризици, давање предност на краткорочни цели пред долгорочните, со еден збор што се фрлиле премногу на профити на краток рок, уништувајќи ја финансиската основа на долга патека. „Да се вратиме на дисциплината, и макроекономска, и монетарна, и пазарна“, беше пораката на Жан Клод Трише, претседател на Европската централна банка. Саркози се надеваше дека светскиот самит ќе се одржи веќе во ноември, бидејќи настаните се такви што време за чекање на новиот американски претседател нема.

Финансиската криза ги стави во втор план сите други прашања во Унијата, па и Лисабонскиот договор од кој зависи проширувањето. Во оваа атмосфера дури е и апсурдно да се зборува на оваа тема, но Саркози и претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, вчера тврдеа дека токму кризата ја зголемила свеста од потребата ЕУ да се реформира и политички и да биде пофункционална отколку досега - нешто што ќе се постигне со усвојување на Лисабонскиот договор. Кризата ни помогна да ги смириме Европејците со ЕУ, оцени Саркози, по што доби низа пофалби за претседавањето од Баросо, па и лаконска понуда да биде идниот претседател на ЕУ, иако функцијата се' уште е неизвесна. Саркози, всушност, беше единствена ѕвезда на самитот и по многуте потсмевања на негова сметка откако дојде на функцијата, сите почнаа да признаваат дека без него тешко би се справиле со случувањата, па и дека тој е вистински лидер за криза и дека е ефективно и суштинско неговото ангажирање. Тоа што се сметаше како негова мана, хиперактивноста, сега во кризата се третира како енергичност, а непредвидливоста стана прагматизам. Негативни ѕвезди на самитот беа полскиот претседател и премиерот, кои во вакви сериозни времиња се препукуваа со денови кој да дојде во Брисел. Откако премиерот не успеа да го спречи претседателот земајќи му го авионот, Лех Качињски долета сепак на самитот и му го зеде местото на лидерската маса. Кога Качињски влегол во салата, премиерот и шефот на дипломатијата морале да си ги соберат работите и да си одат, а претседателот, за да возврати, не застанал на групната фотографија, туку останале и двајцата настрана од објективот. Тоа што беше дегутантно за другите, за Качињски беше симпатично, цитирајќи го Саркози, кој му рекол дека ако тој и полскиот премиер можат да се договорат еден со друг, тогаш може и ЕУ. Според полските известувачи, премиерот и претседателот еден момент дури биле забележани и прегрнати.


Статијата е прочитана 184 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дефицит на стратегии за трговскиот дефицит
Џез-фестивалот немал ниски удари од политиката
Црвенковски и Груевски пак ќе се договараат за предлогот на Нимиц
Непресушна тага по Тоше
Зденко
Претходен број
Кога се' ќе се собере, пораз ќе остане
Црквата ги доби плажите во Градиште
Кој повеќе ќе промаши
Нова тактика на талибанските борци
Абрамович ќе гради монденска туристичка населба во Љубаништа?
Чекаме воз без возен ред
Булшит
Неизвесна иднината за 3.500 работници во металургијата
Verbatim