Македонија и Грција да се воздржат од инволвирање колатерални прашања
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
Брисел - Новата администрација на САД има ист став и ќе покаже иста посветеност кон спорот за името на Македонија со Грција како и претходната на Џорџ Буш, а одговорноста што се' уште нема решение не е само на страната на премиерот Никола Груевски, туку и на грчкиот лидер Константин Караманлис.
Ваквата порака вчера од Брисел ја упати заменик-помошникот државен секретар Стјуарт Џонс, ставајќи јасно до знаење дека по изборите во Грција во јуни, мора да има придвижување околу ова прашање, бидејќи Македонија не смее да остане уште долго надвор од НАТО. За да се постигне тоа, тој побара максимум флексибилност од двете страни, односно и Македонија и Грција да се воздржат од инволвирање колатерални прашања во спорот, бидејќи така не може да се реши.
„Ајде да се фокусираме само на разговорите околу спорот за името и да одиме напред. Преговорите ќе беа покорисни ако не беа вклучени и некои колатерални прашања. Македонија не може и натаму да остане надвор од НАТО и од другите интеграции. Мора да работиме на решавање на ова прашање. Тоа го кажа нашиот лидер на самитот во Стразбур и во Кел. Амбасадорот Нимиц е длабоко инволвиран во овој процес и ги поддржуваме неговите напори. Нема причина да има различно мислење околу ова прашање меѓу претходната и сегашната администрација во САД“, изјави Џонс на брифингот вчера во Брисел. На прашањето дали може да прецизира што подразбира под фокусирање на името и дали тоа го опфаќа и името на јазикот или на нацијата, Џонс одговори дека спорот е многу комплициран и не може да навлегува во детали, но би било добро по изборите за Европскиот парламент, во Грција во јуни да се преиспита повторно ова прашање.
Стјуард Џонс
„Двете страни треба да седнат и да покажат максимум флексибилност за да го решат прашањето и Македонија да стане членка на НАТО, бидејќи 80 отсто од граѓаните го сакаат тоа. Затоа, да се фокусираме на внесувањето на Македонија во НАТО. Најдобро за двете земји е да седнат и да се ангажираат на искрен начин во преговорите предводени од Нимиц“, порача Џонс, како објаснување на претходното барање да се фокусираме на спорот околу името. Тој ги негира тврдењата од Атина дека одбивањето на САД да ја тргнат Грција од листата на земји за кои е задолжителен визен режим е одмазда поради ветото за Македонија, иако поинаков одговор не ни може да даде. Моментно и Словенија од новите земји-членки нема визи со САД, а Хрватска не е ни членка, додека Грција се' уште мора да исполнува услови, иако ниту една стара земја-членка на ЕУ не се соочува со таа ситуација. Според Џонс, процесот на укинување на визите е комплексен и многу технички, но Грција е на добар пат да ги исполни барањата за укинување на визите.
Генерално, тој изрази загриженост за забавувањето на процесот на проширување на ЕУ кон регионот, а по начинот на кој го пренесе тоа, стана јасно дека САД би го оквалификувале многу подрастично. Тоа, според него, ќе биде главната порака што потпретседателот Џо Бајден за време на балканската турнеја ќе ја пренесе во регионот, а до Брисел. Според него, забавувањето на евроинтеграцијата на балканските земји носи голем политички ризик, зашто земјите одговориле многу позитивно на изгледите за членство и ги остваруваат реформите, па ако има одложување, тоа ќе влијае контрапродуктивно. „Ќе видиме забавување на реформите и влошување на политичката ситуација, па затоа треба да ги удвоиме напорите за да тргне процесот и за да ги увериме земјите дека не е запрен“, порача Џонс, кој најави и посета на заменикот на Хилари Клинтон, покрај таа на Бајден, наредните денови на Балканот.
Kakva tragedija, ovcarot i mali Gjokica ke go smenat imeto, a 2 pati dobija izbori so stavot deka nema da go menuvaat :)) Posle toa ovcite ke trubat deka moralo da se smeni, deka bil pritisok odnadvor, pa Soros i Branko ke im bidat krivi, itn. :)) Kratko kazano, 8 godini izgubeni totalno za dzabe... I uste se lutat koga gi narekuvaat ovci :)))))
Од: kris
Датум: 12.05.2009 00:30:25
ако се решава само името, тогаш Македонскиот идентитет по автоматизам ќе биде колатерална штета, нели, ново име = нов идентитет и свршена прича!
единстевн начин е контра притисок врз Грција прво да го признае Македонското малцинство кај нив и Македонскиот народ и историја, како знак дека нема задни намери со името!
Дали Америка ќе изврши таков притисок врз Грција? Визите нема да ја завршат таа работа!
Од: sime
Датум: 12.05.2009 02:08:31
Sporot voopsto ne e kompliciran. Kako moze edna zemja da ima i pokazuva interes za da poseduva dve nacii i dve iminja; Grcite sakaat da bidat em grci em makedoninci, teritorijata da bide grcka i delot koj geografski se narekuva Makedonija da im pripadne niv, da bide grcki. Jasno e deka treba da go vratat toa sto go zele posle vtorata balkanska vojna, tuka lezi zajakot. Nie ne velime deka ima spor tie velat deka ima spor. Nie ne sme im zele od teritorijata - da receme nekoj Grcki ostrov - tuku tie zele 57% od nasata teritorija. Grcite i Arapite imaat isti GENI - proverete i ke vidite
Од: Unreal city
Датум: 12.05.2009 02:21:18
Koga samo kje se potsetime na site onie prikaski deka Obama kje gi poddrzuva Grcite, pa zatoa Makedonija treba da se drzi do republikancite...
...i deka neposredno pred izborite, ostanavme edna od cetiri drzavi vo svetot sto se izjasnija deka go pretpocitaat McCain!
Neka ni e na pamet -- uste ednas.
Од: Kole Mangov
Датум: 12.05.2009 07:03:40
Ushte 1993-5 nastapuvav vo mediumite deka ne espor za imeto. Deka e agresija na Grcija protiv nas , Makedoncite. Kako shto nas, od Egejska Makedonija, ne progoni, isto go pravi sprema site Makedonci , za da ni ja prisvoi antichkata istorija.. Gruevski toa do izvesna merka mi go prifati. SDSM ne mozat da ja prifatat nasahata antichka istorija. Go negoraat Gligor Prlichev, Gjorgi Pulevski.........
Од: pameten
Датум: 12.05.2009 08:51:17
kakva e sushtinata na sporot? Veruvame deka nashata drzhava e Makedonija poshto taa ni pripagja na nas Makedoncite. Grcite (i nejavno Bugarite) sporat deka nie ne sme prosto Makedonci, poshto vo Grcija ima Makedonci (predsedatelot) koi shto se smetat isto i za Grci, a vo Bugarija ima Makedonci (premierot), koj shto se smetat za 'rbetot na Bugarshtinata. Za da se reshi sporot treba da se iznajde formula, koja shto bez navredi da indikari kakvi Makedonci se tie i kakvi Makedonci sme nie.
Од: Gox
Датум: 12.05.2009 09:36:02
Mene mnogu me interesira zosto administratorot na forumov sekogas i vo celostgi objavuva komentarite na nekoj si MAKEDONEC OD EU,dodeka moite komentari na primer ne izleguvaat ni ednas na 100 pisuvanja ? Tolku mnogu selektivno se raboti,ili stvarno ne vi se dopagja tekstot sto jas go pisuvam ? Znam deka sansite da go objavite ova se 0.0 %,sepak mislam deka mnogu ponevkusno deluva sto go objavuvate toj kvazi makedonec otkolku sto cenzurirate tekstovi na mnogu tuka realni pisuvaci...
Од: Nikola - Germanija
Датум: 12.05.2009 09:36:25
So negiranje na sopstvenite (slavjanski) koreni ne se odbranuva identitet!Politikata na aktuelnata nomenklatura ke ja cini MK mnogu skapo,cak i opstanokot na Drzavata ke bide pod znak prasalnik.Mozebi ne ovaa godina ili drugata,no za mnogu skoro vreme ako ne se menat politikata i javnoto mislenje.Albancite zatoa go dobivat baranoto od zapadot,zosto znaat sto sakat;dodeka mnozinskoto naselenie uste go nema definirano najosnovnoto:Dali e od slavjansko ili (sto zvuci mnogu smesno!) anticko poteklo?Pa gospoda,zarem vie mislite deka takvi provokacii (anticki skulpturi i drugi gluposti) ke pridonesat vo afirmacija na sovremeniot Makedonski identitet vo svetot?Vo svetot edino ni go priznavat pravoto na nacionalno samoopredeluvanje;a nikako krazba i uzurpacija na tugja istorija!No kako sto krenaa rabotite,tesko da go ostvaruvame i gore navedenoto pravo-so aktuelnata Poltika pa ic!Da se osvestime dodeka mozeme,inace ke bide kasno,pa ke izgubime i toa sto go imame!Bugarija ceka!pozdrav od EU:-)
Од: Projko
Датум: 12.05.2009 12:17:46
Името не е монета за поткусурување! Проблемите ги измисли Грција. Ние веќе бевме заборавиле и на грчките колежи од пред 100 години, и на фашисоидните закони, идека Македонкија и Македонците се делени и продавани, и дека нашиот некогашен дел е Северна Грција, а не Македонија. Тие самите ни ја враќаат меморијата, не сакаат да заборавиме што зеле, што растуриле, какви егзодуси правеле, и сега ни ја бараат и ДУШАТА. Република Македонија е Република Македонија, а не Македонија кралска, александрова, древна и не знам каква. Репувлика Македонија е современо име за државата и доволно географско. Што уште сакаат Грците? Ете, се сетија од 1985 дека требало да ги почитуваат и Свети Кирил и Методи! Ако, немавме против. Нека изградат и во Атина споменик на Александар - ќеф ќе ни направат, ние не се лутиме ки не бараме проблемич тие се фрустрирани, оти се догажани лопови, изроди (секија чес на оние што имаат вистинско грчко достоинство...
Од: dedodimo
Датум: 12.05.2009 13:54:02
Ovaj e bezobrazen od EU sto se javuva Makedonec ili E so edno oko ili mozda e kor so dvete .Zoshto gi napaga stalno Vmro i Gruevski .Gruevski e premier samo izvesno vreme a SDSM bea godini na vlas Tiese shto ja doneso zemjata vo ovaapolozba I imaa tolku godini vlast pa zoshto ne go sredia problemot .Ako vistna si Makedonec? Opuligi ochite ako mozish da gledash.
Од: zike
Датум: 12.05.2009 14:09:19
makskiot brod e zariban nitu e grcija keiva ni bug ni obama koj ni e kriv sto neznaeme sto sme prekunoc stanavme po vmrodpmne grci t.e. ant.mak.ci koj budala moze da veruva na takva glupost?kade se menuva nacija praku noc?a najcrno za mak e toa sto nema crno na belo deka sme bile makedonci pred 1913g pa duri i medju dvete svetski vojni so isklucok na tito i srpskata kpj,koe ime da odbereme?treba da izmislime grci pak se dobri ni nudat sev.mak a nie ne pa ne sakame pola grcija ziveeme vo iluzija vo magla nee ni cudi sto narod trpi ednostavno kako ovci neznaeme sto sme?
Од: BIG BROTHER-FILIP TRETI MAKEDONSKI
Датум: 12.05.2009 17:08:41
NE PO VRAT PO SIJA. Baranjeto na sdsm da bide napustena dvojnata formula ne e nisto drugo tuku nejzina zamena so druga dvojna formula, barem vo prvo vreme a potoa verojatno e uste pozvesno sto ke sleduva. Imeno, eventualnata zamena na privremenata referenca BJRM so nekoja nova e isto taka dvojna formula bidejki toa novo megunarodno ime koe sega nema da bide privremeno tuku konecno, ke se upotrebuva na megunarodno nivo a vo Makedonija, ustavnoto ime. Zvaci dvojna formula no sega Grcaka.No postoi golema verojatnost megunarodnoto ime da bide nametnato i za vnatresna upotreba. Kako i da e Rusija i Kina nema da prifatat nikakvo drugo ime za Makedonija kako zamena na kompromisnata referenca BJRM a so toa i referendumot kebide besmisleni ke pretstavuva cist trosok na vreme, mervi i pari. Sto se odnesuva do grckoto obvinuvanje za iredentizam i baranjeto geografska odrednica za oddeluvanje na makedonskata drzava od nejzinata oblast, makedonskata strana treba da se povika na Bukureskiot mir