Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Фуере: Мапата на ЕУ нема да биде цела без Западен Балкан

Панел-дискусија по повод пет години од најголемото проширување на ЕУ и 20 години од падот на Берлинскиот ѕид

По повод петгодишнината од најголемото проширување на Унијата и 20-годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид, дипломатските претставници на Чешка, Полска, Унгарија, Словенија и на Словачка, заедно со авроамбасадорот во земјава, Ерван Фуере, вчера ги презентираа искуствата на своите земји од пристапувањето и членството во Унијата. Фуере, отворајќи ја панел-дискусијата на која присуствуваа претставници од политичките партии во земјава, цивилниот сектор и медиумите, порача дека „мапата на ЕУ нема да биде цела без Западен Балкан“. Зборувајќи за најголемото проширување на Унијата од пред пет години со прием на 10 нови членки, евроамбасадорот рече оти „сега е предизвик како врз успехот од минатото да се направи проширувањето сега и да се спроведат промените во Западен Балкан“. „Се залагаме ЕУ да остане отворена за другите земји“, порача Фуере. Според него, ЕУ сака да им помогне на земјите од Западен Балкан, но на крајот тие се тие што треба да ја донесат крајната одлука. „Може да ��е постигне успех, но со сеопфатен напор на Владата и дијалог во сите сектори на општеството кои можат да дадат огромен придонес во реформите“, изјави Фуере.

Говорејќи за искуството на Словенија, словенечкиот амбасадор изјави дека целиот процес на зачленување во ЕУ не бил лесен, што Македонија сега може и самата да го види. Берган, сепак, изразувајќи оптимизам, рече оти се надева дека 2009 година ќе биде историска за нашата земја. Полскиот амбасадор Дариус Карол Бачура полските искуства едноставно ги опиша со зборовите „има позитивни и негативни плусови од членството во ЕУ, но сите се плусови“. Според него, ЕУ не е целосна и ќе биде целосна кога сите земји од Западен Балкан ќе станат членки. „Би ве замолил да помогнете да ја составиме сложувалката на ЕУ да стане целосна со вклучувањето на Западен Балкан“, изјави Бачура.

Говорејќи за економскиот аспект од проширувањето, чешкиот и унгарскиот амбасадор Јозеф Браун и Ференц Кекеши истакнаа дека, и покрај големите давачки за евробуџетот, повратниот ефект, т.е. бенефитот, за нивните земји бил поголем.

Констатација на сите амбасадори беше д��ка отфрлањето на Лисабонскиот договор од евроскептичарите не значи дека тие се против проширувањето на Унијата, туку тоа укажува на неуспехот на нивните влади да ги објаснат придобивките од овој процес. Тие изразија мислење дека шенгенскиот ѕид за македонските граѓани треба да падне оваа година. (Т.Г.)


Статијата е прочитана 261 пати.

Испрати коментар

Од: kiro usa
Датум: 12.05.2009 04:13:15
EU e kako pomala retardirana sestra na SAD . Nesposobnosta da donesaat odluki dodeka pogolemiot brat promesa prsti(SAD). Ekonomska kriza vladee niz celiot svet a nie sme kako sirocinja cekaat da ne posvojat vo domot na EU . Treba SAD da se sozali za nas pa tek togas a za demokratska reforma veruvam deka toa sto e napraveno kaj nas retko koj od ovie demokratski drzavi mozaat da se pofalat ili sporedat so Makedonija ako se gleda realnata slika. Siromastijata ne potisnuva a i amaterskite politicari vrz seto toa .
Од: НВ
Датум: 12.05.2009 13:57:49
Сосема добар и точен наслов. Пред се треба Балканот да го отфрли НАЦИОНАЛИЗМОТ, почнувајќи од веќе примените СЛ, БГ. РОМ, ГР и завршувајќи со ДОДИК и МК, потоа прием во се меѓународно. НАЦИОНАЛИЗМОТ ТРУЕ!!!

Најди! во Утрински
Втора страница
Обама има ист став со Буш за името
Verbatim
Срамот на охриѓани
Националистичката политика не се казнува на Балканот
Македонија празнувана во Франција