Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Срамот на охриѓани

Симон Илиевски

Крајбрежјето на Охридско Езеро е своевидна депонија под вода. Во тоа се уверија нуркачите кои од езерското дно, меѓу Градското пристаниште и Сараиште, извадија цел куп автомобилски гуми, каросерии, шпорети, пластични шишиња, па дури и стари теписи! Охридските професионални актери од „Медија артес“ од цврстиот отпад направија перформанс, со крал и кралство на ѓубрето. На јавноста сакаа да и' покажат дека ѓубрето треба да се види, а не да се крие како што се прави често во нашето транзициско секојдневие.

Нуркачите и актерите упатија јасна порака дека треба да се соочиме со срамот и в очи да ја погледнеме вистината. Сликите од акцијата, со посредство на медиумите, ќе го обиколат светот. Многумина ќе се прашаат дали е тоа истото Охридско Езеро заштитено од УНЕСКО како светско природно наследство. Секој паметен човек ќе рече што луѓе се оние кои живеат во Охрид, па дури и искористена техника ноќе кришум фрлаат во езеро наместо на дозволени места. Кои се загадувачите, домашните туристи или охриѓани? Точно е дека и едните и другите фрлаат се' и сешто, особено пластика. Но, не може да се обвинат оние кои имаат станови или викендички во Охрид дека со себе ги понеле старите шпорети и ги фрлиле во езеро.

Дното на езерото крие уште многу нечистотии, но и опасни предмети, неексплодирани гранати од Првата и од Втората светска војна, па дури и оружје од Илинденското востание. Пред неколку години изведувачите на канализациската мрежа во Пештани се тресеа од помислата дека некоја од мините ќе експлодира, а слично беше и кај Калишта во близина на Струга. Владата вети дека ќе го исчисти езерото од експлозиви, но засега нема ништо конкретно. Како и да е, и Владата и охриѓани треба да сфатат дека езерото е убавина што нема цена, а не депонија за смет.


Статијата е прочитана 2533 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandar
Датум: 12.05.2009 00:52:58
Sime sekoja cest! Ohrigani i ostanati da se zasramime od ona sto se izvadi od ezeroto. Sekoj eden od nas treba da go napravi svojot del za da go zacuvame najubavoto ezero na svetot. Vladata i Gradonacalnikot treba da rabotat, no najmnogu treba da stori sekoj od nas poedinecno, zasto gubreto e na site nas! Vooedno ogromna blagodarnost na Lajons i Rotari klubovte, nurkacite i Media artes.
Од: kumanovec
Датум: 12.05.2009 03:14:14
sekoja cest za storijata sto si ja napisal ohridskoto ezero e edno najgolemo bogatstvo na makedonija samo odi pa dokazi im na taa stoka sto utre ke izleze i pak ke frlaat se i sesto vo ezeroto gospod da cuva od takvi glotni lugje
Од: Ози
Датум: 12.05.2009 03:20:55
Охрид е прекрасен. Штета што во него живеат охриѓани.
Од: torbes usa
Датум: 12.05.2009 04:34:38
zalosno no i vistinito e faktot deka i struga ne zaostanuva zad ohrid za necistotata i smetot(posebno gradezen) sto zavrsuva vo ezero(proveri pred bivsa fabrika struzanka) i uste pozalosno e koga na moeto 10 godisno dete treba da mu objasnam zosto i na pokraj iljadnici mesta i nacini da se otrgni smetot se frla vo ezero
О��: Bube
Датум: 12.05.2009 05:34:40
Koga ke naucime da ja cuvame prirodnata ubavina ??? Ohridskoto Ezero e del od UNESKO .... Kako ke gi zcuvame pastrmkite od zagaduvanje??? SRAMOTA ova nigde go nema
Од: Болен М. Дојчин
Датум: 12.05.2009 08:40:49
Ми се допаѓа начинот на кој сте ја објавиле веста. Најпосле ми се разјасни - кој го извадил ѓубрето од Охридското Езеро за да направи перформанс. Преку останатите медиуми (Сител, А1...) беше погрешно изнесена веста и трансформирана во тоа дека „некои (ликовни) уметници, направиле уметнички фигури од подводниот отпад“, иако кај фигурите отсуствуваше секаква креативност. Така успеав да дојдам до погрешен заклучок, дека нашата влада повторно ги Вмешала прстите таму каде што не и е местото. Благодарам за појаснувањето!
Од: Dimitr od Sofia
Датум: 12.05.2009 09:00:44
Dnoto na ezeroto krie mnogo necistotii. Ke se izcisti sal po kraia, a na dlibokoto ke ostanat. no ima problem i po bregot - urban mafiata vi, koia unishtojuva ubavoto kraibrejie i zarad koiato mog vi izvadat ot spisakot na JNESKO. I taa "necistotia" treba da se maane oti podobna mafia unishtoji celoto kraibrejie na Crno more, a sega "olele". I vapreki vse - pozdrav na prekrasnio Ohrid ot B`lgarija.
Од: Stole
Датум: 12.05.2009 11:10:54
Pa taa masina za perenje i toj sporet sto e izvaden od ezeroto sigurno ne sum go donel jas od Radovis da go frlam vo ezeroto.Prasajte gi onie sto gi vikaat 'varoshani'koj go polni ezeroto od pristanisteto nakaj Saraiste
Од: Verag
Датум: 12.05.2009 16:53:18
Охриѓани не се ништо полоши мод останатите Македонци. Не за џабе нашата земја е прогласена за едан од најнечшистите во Европа.

Најди! во Утрински
Втора страница
Обама има ист став со Буш за името
Verbatim
Националистичката политика не се казнува на Балканот
Фуере- Мапата на ЕУ нема да биде цела без Западен Балкан
Македонија празнувана во Франција