Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Базен со вода ќе го штити Водно од пожари

Цистерната ќе биде вкопана в земја на Средно Водно и ќе има капацитет од пет кубни метри

Сања Наумовска

„Паркови и зеленило“ ќе гради базен за вода на Средно Водно, кој треба да служи за заштита на парк-шумата од пожари. Цистерната, која ќе биде вкопана в земја, ќе има капацитет од пет кубни метри. Водата ќе се користи за гаснење пожари во околината.

Ова е еден од ретките проекти за заштита на Водно од летни пожари, кои според статистиките на јавното претпријатие, се случуваат најмалку три пати во сезоната. Се' уште остануваат нереализирани идеите за купување мини-цистерна, како и за изградба на набљудувачници.

Пожарите на Водно најчесто рачно ги гаснат шумарите со ранци полни со вода што ги носат на грб. Тие ниту се соодветно обучени за задачата што со години им е доверена, ниту, пак, имаат соодветна облека. Понекогаш доаѓа и пожарникарско возило на скопската ПП бригада доколку има можност да пристапи до пожарот. Ако огнот нападне во густа шума, тогаш се' останува во рацете на екипите на „Паркови и зеленило“. Тоа се главните причини што понекогаш и од мали пожари на Водно се причинуваат големи штети. Засега, ниту од Градот Скопје ниту од Јавното претпријатие нема најави за поголеми инвестиции.

„Изградбата на цистерната за вода ќе почне во септември и многу ќе ја олесни работата на нашите вработени. Изведбата ќе овозможи природен пад на водата што ќе се користи исклучиво за гаснење пожари. Сепак, останува потребата од набавка на миницистерна специјализирана за гаснење пожари во вакви средини. Се работи за релативно мало возило што може да пристапи на најголемиот дел од теренот на Водно, за разлика од стандардните противпожарни возила“, велат во Јавното претпријатие.

Дотогаш, нагласуваат во „Паркови“, заштитата на парк-шумата ќе зависи од шумарите и 20 ранци полни со по 20 литри вода. Воведени се 24-часовни дежурства, а екипата шумари е дополнета со сезонски работници. Затворена е и рампата на Средно Водно, а возила и луѓе се пропуштаат само со одобрение од Градот Скопје. Ваквиот режим ќе важи до крајот на септември, до кога и постојат опасностите од избивање пожари.

„Годинава немаше пожар на Водно, но се' уште е рано и опасноста постои. Сепак, и покрај сите активности што ги преземаме, не значи дека Водно е доволно заштитено од пожар. На тоа, секако, треба сериозно да се работи и следната година, кога се надеваме дека во програмата ќе влезе и набавката на мини цистерната“, нагласуваат во „Паркови“.


#
Статијата е прочитана 839 пати.

Испрати коментар

Од: Пинг
Датум: 23.08.2010 11:53:51
Пет кубни метри вода?? Г-ѓо Наумовска, да не се работи за грешка. Пет кубни метри е занемарливо малку вода, можеби доволна за капење, ама не и за гаснење пожар. Во секој случај должите дообјаснување. Поздрав до сите Ваши и наши. А Вие драги Кментатори пишувајте КИРИЛИЦА.
Од: Stojko
Датум: 23.08.2010 14:42:49
Pet kubni metri mocaat dnevno turistite vo zbunovite na Sredno Vodno. So tolku voda sakate da gasnete pozari?

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
 Сунчица Уневска
ЕДИТОРИЈАЛ
Нина Нинеска-Фиданоска
Си велам
Ерол Ризаов
Мислења
Гордан Георгиев
Мислењ��
Џорџ Сорос
Французите ќе го „цедат“ Мон Блан

Шокантен случај на инцест во Велес

Боно Вокс
На чај со претседателот на Русија