Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Шокантен случај на инцест во Велес

Љубиша Станковиќ

Дали Македонија го доби својот Јозеф Фрицл? Со оглед на тоа што се случувало во изминатиот период во едно велешко семејство, повеќе од извесно е дека татко сексуално ги злоупотребувал своите три малолетни девојчиња. Кошмарот траел долго време, уште кога едно од девојчињата имало само една година! Инцестот, кој ја шокира јавноста и предизвика бурни реакции на осуда кај организациите за заштита на децата, е обелоденет дури сега, иако според одредени сознанија, злоупотребата на најстарото дете започнала уште пред шест години.

Како што информира полицијата, 41-годишен велешанец, чиј идентитет не се соопштува во јавноста, сексуално ги злоупотребувал своите три ќерки на возраст од три, пет и седум години. Од МВР не прецизираат како го откриле ова монструозно злосторство, но објаснуваат дека постапиле по добиени оперативни сознанија и дека случајот е целосно расветлен и документиран.

Ваквото сериозно обвинение полицијата го темели врз изјава на трите девојчиња. При преглед во Гинеколошкото одделение од Општата болница во Велес било утврдено дека сите три се дефлорирани и со траги од сексуални односи и повреди на гениталиите. Фрапантно звучи податокот дека седумгодишното девојче било силувано уште додека било на возраст од само една година.

Освен физичките, кај девојчињата биле препознатливи и длабоки психички трауми од преживеаното. Во соработка со Центарот за социјални работи, извршен е разговор со сопругата на осомничениот и со трите малолетни деца.

Од разговорите со децата било утврдено дека таткото, алкохоличар и злоупотребувач, применувал сила и дека во еден подолг временски период многу често вршел родосквернавење, а дека злоупотребувањата се случувале секогаш кога мајката била отсутна од дома. Сопругата, наводно, пред надлежните институции изјавила дека од самиот почеток на нивното заедничкото живеење, сопругот физички и психички ја малтретирал, но дека таа не знаела за неговите болни склоности.

Од полицијата нема одговор како е можно сопругата да не знаела за однесувањето на таткото спрема децата. Сопружниците биле невработени, а осомничениот никогаш порано не бил пријавуван во полицијата за какви било дела.

За шокантната вест што го потресе не само велешката туку и целокупната македонска јавност, со официјален став се произнесе и Министерството за внатрешни работи. Оттаму информираат дека СВР - Велес до Јавното обвинителство поднело кривична пријава за таткото-силувач. Тој е осомничен дека извршил едно кривично дело родосквернавење, односно обесчестување врз неговите три малолетни ќерки и едно кривично дело нанесување тешка телесна повреда врз неговата 38-годишна сопруга. Полицијата, исто така, потврдува дека со злоупотребуваните деца и со малтретираната мајка бил извршен разговор во Центарот за социјални работи и дека од нив биле обезбедени изјави со кои се потврдуваат делата за кои допрва ќе одговара таткото.

Тој, кусо време по неговото приведување во полицијата, бил изведен пред истражен судија. Според наши сознанија, тој во распитот што траел речиси цела ноќ негирал каков и да е сексуален однос со малолетните девојчиња и дека целата приказна, наводно, била измислена токму од сопругата и од децата.

Засега е извесно дека за децата во иднина ќе се грижи сопругата, но и службите на Центарот за социјални случаи.

Полициски статистики говорат дека се намалува бројот на сексуални деликти, кои се однесуваат на малолетници. Така, за првите шест месеци од оваа година, на територија на целата држава се регистрирани 41 кривично дело. Дури 43 малолетници биле сексуално злоупотребувани, а за стореното се пријавени 48 лица.

Во поглед на извршителите на сексуалните деликти, дури 47 се од машки пол, а едно лице е од женски. Како полнолетни се јавуваат 33 лица, а 15 се малолетни. Најстариот сторител е на возраст од 69 години. Според полициската статистика, за истиот период во минатата година е забележан пад од цели 18 отсто. Во минатата година биле регистрирани 50 кривични дела, но во тој период немало ниту едно кривично дело родосквернавење.

Најчесто кривичното дело е полов напад врз малолетник што не наполнил 14 години. Вакви имало 30 дела, пет дела се однесуваат на прикажување порнографски материјал на малолетник што не наполнил 14 години, четири на силување и по едно задоволување полови страсти пред друг и обесчестување немоќно лице.

Сексуалните злоупотреби над малолетници се најзастапени на подрачјето на Неготино, потоа следуваат Скопје, Прилеп, Струмица, Кочани, Велес, Кичево, Штип, Битола, Гостивар, Виница, Радовиш, Пехчево, Кавадарци, Крива Паланка, Охрид, Тетово и Струга. За обележување е дека 31 од делата биле извршени во градски средини, а останатите во рурални подрачја.

Злоупотребите врз малолетници во 31 случај биле извршени од лица што претходно ги познавале своите жртви. Според времето на извршување, најмногубројни се оние што се извршени во попладневните и во вечерните часови.

Не се ретки оние случаи каде што злоупотребувачите користеле физичка сила или ја искористиле психофизичката немоќ на жртвите, а има и такви дела во кои се користела и вербалната закана.

„Меѓаши“  бара најстрога казна за  таткото-силувач

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ го осудува последниот случај на родосквернавење од страна на таткото од Велес врз неговите три ќерки и бара децата да не се враќаат во семејството, со цел под притисок на најблиските и на роднините да не ги сменат дадените изјави за случувањата.

„Меѓаши“ бара децата да бидат згрижени во згрижувачко семејство и повикува на најстрога казна за таткото-силувач. „Ги повикуваме и надлежните институции да не ја исклучуваат можноста за соучество на мајката во ова кривично дело. Доколку таа знаела и ја одобрувала сексуалната злоупотреба на трите девојчиња, бараме одземање на родителското право на двајцата родители и нејзино казнување доколку не го пријавила случајот“, апелираат од „Меѓаши“. Последниот грозоморен сл��чај, според нив, покажува дека постои отсуство на функционална заштита на децата, поради што апелираат граѓаните навреме да го пријавуваат насилството што ќе го забележат, а центрите за социјална работа да се присутни на терен и да имаат увид во сите состојби.


#
Статијата е прочитана 2872 пати.

Испрати коментар

Од: jean luc picard
Датум: 27.08.2010 00:09:30
оваа наказа од човек, овој монструм треба да се испрати да скапе у некој руски гулаг на сибир и никогаш да не види ни сонце ни ден. у темница и самотија да го помине остатокот од својот мизерен живот овој монструм !!! а на дечињава треба да им се овозможи се' што треба и многу повеќе за да колку толку се опорават од ова невидено злоставување и малтретирање. Господ нека е со нив и нека ги чува!
Од: nastavnicka
Датум: 27.08.2010 00:27:43
Zalosna e vesta koja prostrui denovive.Da se zgrozi civek od toa kakvi se roditeli postojat i koj glumat vo ucilistata kako se grizlivi i siromasni roditeli,kako naivcinja a doma si gi obescestuvaat rodenite deca... Takov e slucajot i so ovoj monstrum a voedno i site rodnini koi si gi poznavaat svoite vo familijata i treba posovesno da se grizat a ne da ragaat po 4 deca a se nesposobni za zivot
Од: ...
Датум: 27.08.2010 08:13:03
Што не ги кастрира некој овие . Премногу се, секој ден наоѓаат по еден изопачен. Мора некако да им се стави крај!
Од: Anja
Датум: 27.08.2010 10:11:58
UZAS NEVIDEN!!!!!!!! Ne znam koja kazna da ja dobie ovoj monsrtum, nema da bide dovolna da gi izbrise traumite na malite devojcinja. Za ovakvi monstrumi edinstveno SMRTNA KAZNA e adekvatna, zasto dozivotno im go unistil zivotot na svoite deca.
Од: Jolie
Датум: 27.08.2010 11:40:22
Нека се направи детална истрага прво, а не вака секој да донесува суд. Доколку се испита дека навистина таткото е виновен тогаш можи да се обвинува. Ова истово се случуваше и за Виктор, на кого уште од првиот ден му ги дознавме името и презимето, адресата на живеење и се' останато.
Од: лас вегас
Датум: 27.08.2010 16:58:22
сите сме за тоа строго да се осудат сите педофили но треба полицијата случајот да го истражи до крај,и да утврди вина кај ,,мајката,, зар има некој што ќе поверува дека ,,мајката,,не би знаела ако навистина постоело некој вид насилство? не треба да се биде посебно паметен да се заклучи дека мајката дури има поголема вина од ,,таткото,,
Од: roditel
Датум: 28.08.2010 10:44:51
ako e taka se znae sto sleduva za tatkoto ,no cekajte sve da zavrsi i da se potvrdi zasto problemite sto gi imala soprugata so soprugot sega taa moze na vakov nacin da go obvinuva preku decata i da izmisluva sve ako e maltretiral postojano toa ce se znaelo ,ako imalo takvi odnosi majkata nemoze da neznae i decata ce kazele porano i sl.No veruvajte najgolem problem vo sevo ova se centrite za socijalni raboti tie se najslabata alka vo sistemot tamu se raboti so zastareni metodi i kako vremeto tamu da zastanalo .golemite ovlastuvajna sto gi imaat gi pravat arogantni mocni i nedopirlivi i udobni vo svoite kancelarii i si poigruvaat so covekovite sudbini.Za niv dovolno e zenata samo da kaze deka e maltretirana i tie odma zazemaat strana i odma mazot e nasilnik.sega toa najpovece pali i ako zena saka da ti nasteti odma te prijavuva? od koren treba da se menuvaat centrite za socijalna rabota

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Економски прагматизам или флерт со Москва?
3-Д во Македонија?
Владата ќе ги исполнела препораките од ЕК
На чај со претседателот на Русија
Магазин
Далеку е Европа
Пресликување на животот
Утрешниот леб на Левчев
Празнување проткаено со пагански обичаи
Колаж од десетгодишната работа
Надворешно-внатрешна политика
Треневски бил пионер на македонското евроинтегрирање
Непрактично бањање по бугарски
Сеќавање за масакрот кај „Бриони“
Страдањето на Ромите
Боемството живее во Куманово со тамбурашкиот фестивал
Французите ќе го „цедат“ Мон Блан
Шпионот мора да е секси
Триумф на британските металци „Ајрон мејден“