Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Фестивал

Боемството живее во Куманово со тамбурашкиот фестивал

Доколку во почетокот, пред шест години, идејата на ентузијастите од оркестарот „Кумановски тамбураши“ беше Меѓународниот фестивал на тамбурашки оркестри за пет години да се претвори во манифестација со која ќе живее цел град. На крајот од летото стана традиција две-три ноќи кумановци да живеат во боемскиот дух на легендарниот Батко Ѓорѓија, предизвикан од звукот на тамбурите.

Така и годинава, под покровителство на градоначалникот и на Советот на општина Куманово, а во рамките на манифестацијата ,,Кумановско културно лето 2010“, на 27 и 28 август 2010 година (петок и сабота) на Градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи 6. Меѓународен фестивал на тамбурашки оркестри – Куманово 2010. Организатори на фестивалот се општината Куманово, фондацијата за култура и спорт „Куманово“ и ЗГ „Кумановски тамбураши“.

Во двете вечери, кумановци и сите намерници-љубители на боемските тамбури ќе можат да уживаат во изведбата на оркестрите од Балканот, каде што тамбурата е симбол за мерак и ќеф. На првата фестивалска вечер ќе учествуваат тамбурашките оркестри ТО „Ѓезме“ - Куманово, ТО „Кумановски тамбураши“ – Куманово, а како гостин со целовечерен концерт ќе настапи групата „Легенде“ од Белград, Србија. На втората фестивалска вечер ќе настапат ТО „Иво Лола Рибар“ – Белград, Србија, ТО „Штипски мераклии“ - Штип, ТО „Црногорски тамбураши“ – Подгорица, Црна Гора, ТО „Петрови тамбураши“ од Шемпетра Савињска Долина, Словенија, и тамбурашка школа „Баторек“ – Осиек, Хрватска. Со целовечерен концерт, на втората вечер од 6. Меѓународен фестивал на тамбурашки оркестри, ќе настапи Мерима Његомир во придружба на ТО „Иво Лола Рибар“ од Белград, Србија.

На платото пред бината ќе бидат поставени столчиња и маси за околу 1000 посетители, а на плоштадот ќе има штандови за скара и разни пијалаци, во духот на се' попопуларните фестивали на пивото.

Намерата е на целиот плоштад во Куманово да се создаде боемски амбиент за уживање во тамбурашката музика.

„Се радувам што Меѓународниот фестивал на тамбурашки оркестри од ентузијастичка идеја пред пет-шест години израсна во манифестација со која се соживеа целиот град“, вели Нино Величковски, еден од основачите на фестивалот, а од неодамна и директор на Фондацијата за култура и спорт во рамките на општина Куманово, која годинава е организатор. „Амбиции се фестивалот да добие и пошироки размери, во смисла на презентација на кумановските обичаи и традиција од повеќе аспекти. Ќе настојуваме идната година во фестивалот да ги вклучиме и кулинарството со препознатливите специјалитети, изработката на ракотворби... Всушност, овој фестивал да прерасне во саем на кумановската традиција, што ќе привлече гости и подалеку од Кумановскиот регион“, говори Величковски за дел од плановите.

Телевизија Сител и една локална телевизија ќе ги снимаат настапите на тамбурашките оркестри во двете фестивалски вечери, кои потоа ќе се емитуваат како снимка од овој меѓународен фестивал. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 862 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Економски прагматизам или флерт со Москва?
3-Д во Македонија?
Владата ќе ги исполнела препораките од ЕК
На чај со претседателот на Русија
Магазин
Далеку е Европа
Пресликување на животот
Утрешниот леб на Левчев
Празнување проткаено со пагански обичаи
Колаж од десетгодишната работа
Надворешно-внатрешна политика
Треневски бил пионер на македонското евроинтегрирање
Непрактично бањање по бугарски
Сеќавање за масакрот кај „Бриони“
Страдањето на Ромите
Французите ќе го „цедат“ Мон Блан
Шпионот мора да е секси
Шокантен случај на инцест во Велес
Триумф на британските металци „Ајрон мејден“