Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Далеку е Европа

Нина Нинеска-Фиданоска

Берлин, Париз, Рим, Лондон... Напразно се радуваа Македонците дека откако здодевните Европејци ќе ги симнат визите, ќе можат барем еднаш во годината да посетат една од овие преубави дестинации, да прошетаат и тие да видат свет... Засега за најголем дел од нашата популација ваквите патувања остануваат само еден убав летен сон. И причината не е само голготата наречена вадење биометриски пасош, за која во изминативе месеци слушнавме серија сведочења од наши измачени граѓани, кои мораа да минат низ многу тешки и недостоинствени процедури за да дојдат до модерната патна исправа.

На патот до Европа стојат и други препреки. Енормно скапите авиобилети се, дефинитивно, една од најголемите сопирачки. Не можете ни да замислите да отпатувате од Скопје до Виена, на пример, ако за таквото задоволство не искеширате околу 400 евра за повратен билет. А да не зборуваме ако одите во пакет со своето четиричлено семејство. Тогаш овие 400 евра се претвораат во 1.600, на гладно срце. Каде се трошоците за сместување, за престој, а сигурно ќе сакате да си купите и сувенир! Па, ве молам, кој има толку пари да одвои од семејниот буџет, освен, се разбира, оние околу пет отсто Македонци, кои располагаат и со многу, многу повеќе. Затоа граѓанинот од нашиот пример уште при првата математика ќе се откаже од западноевропската авантура и, како и обично, ќе се утеши со Солун или со некоја од грчките плажи. Па, барем таму брзо се стигнува со кола!

И така е со години наназад. Овде само слушаме ��ека еден Германец од Франкфурт до Милано повратно лета за 25 евра, а до Париз за 20. Е, тоа е живот, кој ние веројатно уште долго нема да го почувствуваме.

За волја на вистината, добар дел од нашите граѓани, кои се вистински виртуози во снаоѓање, обезбедуваат евтини билети преку Интернет, но од Софија, Белград или од Солун, а и Приштина сериозно влегува во игра во последно време. Но, и дотаму мора да се најде превоз, што е, сепак, многу покомплицирано отколку кога директно се лета од Скопје.

А досега се изнаслушавме безброј причини зошто Македонија, со екстремно скапите авиобилети, и натаму останува слепо црево на Балканот. Иако нив веќе наголемо ги има во нашето соседство, досега во Македонија нема ни трага ни глас од нискобуџетните авиокомпании, а нема ни посериозна конкуренција што „здраво“ би ги спуштила цените на авионските билети. Нашата држава била мал пазар, велат некои аналитичари, па не била атрактивна за овие оператори. Но, за нив има контрааргументи, бидејќи има и други држави во регионот што не се толку големи, па се привлечни за тие компании. Или дека нашите луѓе не патувале, а затоа нашите аеродроми не можеле да се најдат некаде погоре при изборот на нискобуџетните фирми. Па, кој да се реши да се вози со авион со вакви цени, освен ако нема неодложна потреба?

Колку и да држат сите овие објаснувања, факт е дека има и елементи што државата досега можела да ги смени во функција на поевтини билети, но тоа не било направено којзнае од кои причини. Високите аеродромски такси и скапиот керозин се работи со кои одговорните и тоа како можеле да се занимаваат во изминатиов период. А ако смееме да забележиме, и новиот концесионер на аеродромите, турски ТАВ, досега не се истакна посебно во анимирањето конкурентни оператори, кои би го наполниле македонското небо.

Сега Агенцијата за цивилно воздухопловство најавува дека малку ќе истражува за тоа има ли основа авиобилетите од и до нашето ценето Скопје да бидат толку скапи. И ќе видиме што ќе излезе од сето тоа. Едно време некој најавуваше дека ќе се субвенционирале авиокомпаниите, само за да пуштат поевтини билети, но веќе никој ништо не зборува на таа тема. Веројатно уште долго ќе чекаме и за таква евентуална државна мерка. А дотогаш, далеку е Германија.


#
Статијата е прочитана 1866 пати.

Испрати коментар

Од: pandora
Датум: 27.08.2010 01:11:00
Koja e celta na ovoj tekst. Ne soopsstuva nissto novo. Najverovatno avtorkata saka da ja minimizira vazznosta na viznata liberalizacija
Од: zoki
Датум: 27.08.2010 02:33:16
germanecot se vozi za 20 evra dobro napisavte isto taka se vozi i so tramvaj,metro,vazdusen tramvaj isto i so vozovi sto vozat i po 250 km na cas e daleku ste od evropa i toa mnogu daleku pred 22 godini bev za kratko vreme sofer vo gradski soobrakjaj skopje gi gledam se uste istite aftobusi se trkalaat po gradot a za aviosobrakjaj i da ne zborime pozdrav
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 27.08.2010 07:46:26
Daleku e Evropa no ovie ...portokalovive ne oddalecuvaat uste poveke od nea...
Од: Do pandora
Датум: 27.08.2010 09:31:40
Avtorot kazuva mnogu vo svojot tekst no sekoj nema kapacitet da go razbere toa i na nego ne miu e mesto da odi vo stranstvo, Premierot trebe da ti kaze kako da mislis????
Од: Pande
Датум: 27.08.2010 09:54:54
Celta na ovoj tekst e jasna, verificirana i tocna. Pozdrav
Од: XXX
Датум: 27.08.2010 10:13:50
"Daleku e Evropa... Zdodevnite Evropejci... Golgotata narečena vadenje pasoši...Izmačeni gragjani...Drugi prepreki...Sigurno ke sakate da si kupite i suvenir...Ke se uteši vo Solun...Virtuozi vo snaogjanje...Toa e sepak mnogu pokomplicirano...Daleku e Germanija..."
Од: evropejka
Датум: 27.08.2010 12:12:26
ne tropajte gluposti kaj ima od Germanija da letas ili pak da se vozis do pariz za 25evra???? visam na internet cel den ziveam vo germanija pa do najbliskiot grad da otidam od mene 100km mi trebaat 30evra za so voz a a tie tarifi sto gi pisuvaat od 19evra se samo pocetni i pisuva AB sto znaaci OD pa ke stignes od 20 do 200evra vo eden pravec ... ajde prijatno i neka ne ve lazat deka vo evropa tece med i mleko
Од: Simo - Rotterdam
Датум: 27.08.2010 13:30:12
Многу поздрав до мојата соседка, европејка. Јас сум од Ротердам. По некогаш, бидејќи одам со кола до Амстердам (65 км) често ми треба повеќе од 2 саата (многу гужва). Па одам со воз, многу побргу е. Повратниот билет Ротердам-Амстердам е 24 евра. Повторувам има само 65 км. Како од Скопје скоро до Градско... Навистина во Европа не тече мед и млеко и не се истите без пари... Напротив, многу се скапи. Да не се скапи продавачите на медот и млекото ќе има македонски а не холандски или европски плати и приходи
Од: dimi61
Датум: 27.08.2010 13:35:51
До европејката. Молимте врати се од Германија , зошто таму толку да се мачиш кога нема мед и млеко.Аман дојди си тука .Тука тече мед и млеко и тоа портокалов, а плус и железо ќе ни стават во лебот за да бидеме здрави и живи.Така сега и потрошувачката кошничка ќе биде многу поефтина.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Економски прагматизам или флерт со Москва?
3-Д во Македонија?
Владата ќе ги исполнела препораките од ЕК
На чај со претседателот на Русија
Магазин
Пресликување на животот
Утрешниот леб на Левчев
Празнување проткаено со пагански обичаи
Колаж од десетгодишната работа
Надворешно-внатрешна политика
Треневски бил пионер на македонското евроинтегрирање
Непрактично бањање по бугарски
Сеќавање за масакрот кај „Бриони“
Страдањето на Ромите
Боемството живее во Куманово со тамбурашкиот фестивал
Французите ќе го „цедат“ Мон Блан
Шпионот мора да е секси
Шокантен случај на инцест во Велес
Триумф на британските металци „Ајрон мејден“