Во четири години оваа Влада успеа нашите довчерашни сојузници да го менуваат вокабуларот и да не' нарекуваат „нашата“ и „вашата“ држава
ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ
Утре, 28 август 2010 година, Македонија одбележува еден тажен јубилеј. Кога велам тажен, не е тоа прејудициран став, туку документирана фактографија во главите на огромен број граѓани, без разлика на партиската припадност. Пред точно четири години се формираше првата Влада на Никола Груевски со која започна еден сега веќе очигледно многу мачен период наречен Преродба. Немајќи доволно простор да се направи целосна ретр��спектива на овие четири години владеење (тоа, веројатно, ќе го прават други луѓе, експерти во областа на колективна манипулација, психопатологија на толпа и други сродни дисциплини), ќе се задржам на еден од традиционалните стожери на македонската политика: дипломатијата и надворешната политика.
Надворешната политика на Република Македонија од осамостојувањето до денес претставува можеби најважната алка во процесот на етаблирање на македонската држава, зацврстување на идентитетот на македонскиот народ и на македонската нација, но и критичен цемент на внатрешно-политичките односи во државата.
За да не изгледа овој текст како дневно-политичко препукување, ќе ги замолам читателите да си направат куса ретроспектива на тоа што е направено во надворешната политика пред доаѓањето на Груевски, и на каков успех можат да се сетат по доаѓањето на Груевски. Точно, визниот режим, добивањето кандидатски статус за членство во ЕУ и ковертираната покана за влез во НАТО се добиени во мандатот на сегашнава Влада, а одработени од сите претходни влади, но истата оваа Влада успеа фактички да ја оддалечи земјава од овие структури како ниедна претходна влада.
Бидејќи за претходниот период постои фактографија, а за последниве години постојат само манипулација и лага, не е лошо да се обидеме да ги разглобиме овие работи.
Мојата теза што ја зборувам повеќе од три години е дека надворешната политика на оваа Влада успеа во краток временски период да ги урне сите важни постулати, кои макотрпно се градеа во претходниот период и сериозно и долгорочно да ја наруши меѓународната позиција на нашата држава на шаховската табла наречена светска дипломатија и геополитика.
За четири години македонската надворешна политика се претвори во инаетчиска кафеанска расправа, во „Калимеро правда“ политика и покажување сила таму каде што не треба и не може, во јасно застранување од евроатланските перспективи на Република Македонија и немање јасен концепт каде сакаме да оди државата. Со еден збор, Македонија на магичен начин успеа да си ја наруши сопствената позиција на меѓународната сцена, да ги оддалечи своите меѓународни партнери и сојузници и да направи долгорочни штети на кои ќе им треба време да се поправат. Во четири години оваа Влада успеа да постигне нашите довчерашни сојузници полека да го менуваат вокабуларот и се' почесто да не' нарекуваат „нашата“ и „вашата“ држава, а не како претходно „нашиот партнер и сојузник Република Македонија“. Со политички импотентни министер за надворешни работи и претседател на држава, надворешната политика се креира во Кабинетот на премиерот и неговите опскурни советници. Во таа мувлосана политичка ПР-кујна се креираат лажги со опашки, а не надворешна политика. Тие покажаа невидена леснотија во создавањето бесмислени и невозможни надворешно-политички приоритети, го нарушија угледот на државата и направија сериозен дисконтинуитет во водењето на надворешната политика, нешто што не и' успеа на ниедна претходна влада (вклучувајќи ја и онаа на Љупчо Георгиевски).
Оваа Влада, како ниедна друга претходно, безмилосно ја злоупотребува надворешната политика за внатрешно-политички потреби и одржување на рејтингот на премиерот. Во таквиот безмалку канибалистички порив, носителите на надворешната политика на Република Македонија немаа ни срам ни перде да ги лажат дипломатите и ретките високи државни функционери што ја посетија државата. Немојте да се чудите што никој веќе не доаѓа во Македонија, а нашите државници речиси никој не ги поканува на билатерални средби. Речиси да нема странски државник што не се изгоре на лагите што четири години им ги сервира нашиот државен врв.
Манипулациите со одреден дел од македонската дијаспора и директното вбризгување вмровски пари кај дел од нашите иселеници, кои потоа се преточија во манипулативни кампањи за името, стриктно за внатрешна употреба, придонесоа за драматичната и срамна поделба на македонскиот народ на патриоти и на предавници.
На овдешните странски дипломати се' потешко им станува да извлечат НЗС и да испратат кохерентен допис до нивните централи. Знаете, кога премиер на една држава сто пати ќе ви вети нешто и нема да го исполни, тоа се нарекува лага на некредибилен премиер. Оваа митоманија на нашиот државен врв трае четири години, а вртоглаво се акцелерираше по самитот на НАТО во 2008 година. Државниот врв зборуваше, а сите ние го слушавме и му верувавме. Има ли некој што сега му верува на премиерот за што било?
Во целава оваа папазјанија, Милошоски мудро избра да функционира како шеф на кадровската служба во МНР, а не шеф на дипломатијата. Непотизмот на министерот е надалеку прочуен и оваа практика директно влијае врз намалување на капацитетот и квалитетот на македонската дипломатија. Бизнисот со купувањето на амбасадите, пак, министерот им го препушти на луѓето од другиот клан и постојано се прави дека ништо не разбира.
Претседателот Иванов, пак, како номинален носител на надворешната политика, пропушти многу шанси да се извлече од дебелата сенка што го намести на тоа место. Последната, можеби историска шанса да се еманципира од катастрофалните владини политики беше со неговото молчење околу новиот амбасадор Мартин Треневски. Едноставно, Иванов треба јавно да истапи и да не го дозволи заминувањето на амбасадорот Треневски во Брисел. Доколку не го повлече амбасадорот, Иванов, дефинитивно, испраќа двоен сигнал до домашната и до меѓународната јавност: или се согласува со анти НАТО-платформата на Треневски и на Груевски или е тотално немоќен да се спротивстави на погубните политики на Владата. Или и двете работи заедно. Убеден сум дека сите претходни претседатели на Република Македонија да беа на местото на Иванов, ќе го направеа тоа и ќе го повлечеа Треневски.
И ете, веќе излегуваат на површина причините за апелот на вмровскиот врв во 2009 година дека е потребно премиерот и претседателот да бидат од иста партија за да можеле да бидат единствени во ставовите и да испраќаат ист сигнал до нашите партнери во странство. Ако е така, тогаш сигналот е разбран, пораката е единствана и гласи: македонскиот политички врв не сака да ја види Македонија во ЕУ и во НАТО, наспроти мислењето на повеќе од 90% од граѓаните на Македонија.
За некои од овие работи историјата ќе им суди и ќе им просудува на нашиве државници, токму по прашањето кој бил предавник, а кој патриот во одреден историски момент. А за некои од другите горенаведени работи можеби ќе им судат и редовните судови на Република Македонија.
П.С. Го замолувам премиерот веднаш да нарача уште десет лава и да ги распореди на сите мостови низ Скопје. Не треба да се градат болници, не треба да се реновираат скапаните училишта, не треба ништо. Оваа елементарна непогода наречена Преродба ќе ја издржиме стоечки. Во силата на гладниот лав ја гледам трансупстанцијацијата на ситиот македонски народ. Лавовите се насушна потреба на модерниот Македонец.
Во прави си за се Гордане и те разбираат 3/4 од луѓето но како да им се објасни на онаа четвртина (што јади бурек) која верува во портокаловите лаги а повеќето и од нив немаат леб да јадат.Само за крај најмногу во колумнава ми се допадна делот дека и судовите ќе имале работа.
Од: gimi
Датум: 27.08.2010 01:02:34
За што зборуваш момче младо не можам да те разберам.Велиш најдобро е да се направи споредба што направи оваа влада и претходната во надворешната политика. Понатаму велиш вака.
*Точно, визниот режим, добивањето кандидатски статус за членство во ЕУ и ковертираната покана за влез во НАТО се добиени во мандатот на сегашнава Влада..* а не кажуваш за претходната. Можеби затоа што нема што да кажеш.Што прави сегашната опозиција на надворешен план Ви кажа европратеникот Поселт токму во денешниот број на Утрински ( ја кодоши владата пред ЕУ). Понатаму ставовите на Папандреу и Црвенковски се исти менување на името на штета на Македонија за влез во ЕУ и НАТО.Која болница и училиште беа реновирани од страна на претходната влада?Оваа влада гради и споменици ама веќе се и реновирани повеќето
училишта,а за болниците има издвоено средства и направен е распоредот по кој редослед ќе се врши нивно реновирање.
Од: Јас
Датум: 27.08.2010 02:28:15
Јас( лична заменка за прво лице еднина):
Решение за името од ' ПРИВРЕМЕНО' во 'СТАЛНО' - ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, со услов за понатамошна промена, и ОПОЗИЦИЈАТА задоволна(таа го даде), а и ПОЗИЦИЈАТА(бидејќи друг го даде)
P.S. ИМЕ ШТО СЕКАДЕ Е ЗАСТАПЕНО
Од: Strizaci
Датум: 27.08.2010 04:36:58
Do Gimi. Koj Poseld bre kutri gimi. Pa toj e platen so parite na " prerodbenicive" da dojde vo Makedonija i da ve " ladi so zeska voda" Koga toj Mitreta Trenevski go svrstuva vo pionerite na makedonskata evrointegracija, ce vidis kolkava mu e glavata i kakva kapa treba da mu krois. Pa tie evropratenici , kako i onie sovetnici na kongresmenite za plateni dobri prosetki i provodi ce dojdat i kako djambazi ce davaat izjvi onakvi kakvi sto sakame da cueme, a koga ce si zaminat ni se potsmevaat na nasata naivnosta.Duri ima ovci ce ima i volna za strizenje.
Од: doris
Датум: 27.08.2010 06:45:59
Presedatelot Ivanov vednas da go povlece Trenevski. Mnogu Makedonija ke izgubi ako Trenevski zamine za Brisel.
Од: Moris
Датум: 27.08.2010 07:43:57
Kkava i politika da s evodi vo Makedonija taa ne zavisi samo od ministerot. No se slozuvam deka ovaa vlada ne e istata od vremeto koga se formirase se poslaba e i poslaba no od opozicijata ne sum zadovolen bidejki slabo ja napagja vladata.Treba opozicijata d apisuva kolumni koi obicen penzioner ke gi razbere i vtoro treba opozicijata da najde metodi i sredstva da dojde do narodot. Nesto mi se svileni opozicionerite , a i vladata stanuva svilena.
Од: Do Dzimi
Датум: 27.08.2010 08:38:26
Vladata na SDSM ja izgradi, Klinikata za Kardiologija, Ginekologija koja DPMNE 4 godini ne ja pusta vo upotreba od licni interesi. Nadvoresnata politika na Makedonija koga ja vodese Ilinka Mitreva go dostigna svojot vrv koga Makedonija bese pocituvana i cel svet se cudese na Grcija, se dodeka ne diojde kilavi Antonijo i onoj Vasko od Skopsko koj ne dovedoa do tamu da site 125 zemji sto ne priznaa pod ustavno ime ni postavat ultimatum da go smenime imeto, No sto da ti objasnuvam koga primas honorar od Grujo pa mora da go falis kako Felix, MKD i ostali prodadeni dusi...
Од: До „gimi“
Датум: 27.08.2010 08:49:02
Коментарот ти е НУЛА.Околу визната либерализација: Добро,навистина мислиш дека ја добивме само по заслуга на ДПМНЕ???Или си заведен(прелажан),или не ги разбираш работите.Околу европратеникот По-село (пардон Поселт) : Па тој е член на ДПМНЕ.Не ми веруваш,еве ти доказ : http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=62547 Е сега што ќе разбереш-ќе разбереш,што не ... да си ми жив и здрав.
Од: Cvet
Датум: 27.08.2010 10:01:50
До кога сите ќе ги детектираме проблемите а нема да правиме ништо за да ги решаваме.Сите знаеме дека барокот, спомениците, инаетот не карактеризираат сите нас во Македонија како несериозни, мрсулави, избезумени дечишта кои си играат политика, си играат држава на сметка на народот.Дај да направиме нешто оти има луѓе во Македонија кои не се малоумни и кои се срамат
Од: jovan
Датум: 27.08.2010 10:11:24
Pred 4 godini,koga se formira Vladata na Gruevski bese obicen den kako i sekoj drug, a ne tazen, bidejki predhodnata SDSMovska Vlada ne bese nisto poarna,pa za da tazime.Problemot e sto narodot od ovaa Vlada ocekuvase mnogu mnogu poveke, bidejki i mnogu mnogu bese vetuvano, a podocna i mnogu mnogu se trosese so cel da se"preporodime".Nekoj do dusa se preporodija, no poveketo zamrea. Ako nekoja sledna Vlada(bilo koja)uspee vo idnina barem nesto da podobri/promeni, narodot povtorno bi glasa za taa opcija,no vaka, ako ostane se po staro i na levo i na desno, togas se isto e.Tazni denovi ke ima mnogu, ne samo onoj od pred 4 godini, i predhodnite od 20godisnata tranzicija.
Од: Засрамете се!!!
Датум: 27.08.2010 10:23:44
Утре, 28 август 2010 година, е “тажен јубилеј“ за вас од СДСМ, а за сите христијани утре е голем празник. Успение на Пресвета Богородица!Нека е за многу години!
Од: pedro
Датум: 27.08.2010 10:30:01
Eh Kalimero Kalimero. Nema pravda, koga narodov VMRO go izbira i ke go izbere pak. Krajno vreme e da go izberete navistina Stoicizmot kako filozofija, ke vi bide polesno.
Од: Atribut
Датум: 27.08.2010 10:52:22
Еве јас ќе кажам нешто како вмро-вец...70 % од ова што го читам е вистина има и нешто шо намерно се форсира ама ајде не е проблем тоа. Знаеме ние дека ќе паѓаме или во предвремени или во редовни зато кој чита нека му пренесе на нашиот лидер ( оти јас како 95 % од членството ни не можам да се приближам а не да се сретнам со него а сум председател на огранок ) подобро би биле да се куртулиме со експертска влада па после ќе видиме шо ќе бидесо 3 преродба наша дали ќе го јадат или не. Позз.
Од: cile
Датум: 27.08.2010 11:19:23
nie filozofirame tuka ama vlada zlato crpit so gradenje spomenici,tenderi i sl po mandatot ako ne dobijat pak ce "investirat"na golemo vo bugarija,albanija,srbija...a nie pak ce prodolzime da trubimme za nekojsi nov grujo,ljupco i pak ce macame jajca i leb...................
Од: Dara Buba Mara
Датум: 27.08.2010 11:44:26
Vasite mislenja za nadvoresno-vnatresnata politika G-dine Georgiev za mene se svatlivi i prifatlivi i jas mislam deka na Makedonija nikogas ne i nedostasuvale pametni luge kako vas, no Makedonija so vekovi nanazad ne oskuda nitu so predavnici no, nemala vakov lider koj ke go povede svojot narod vo predavstvo. E sega, imame i takov i ne samo toj tuku i site golemi patrioti koi predlagaat prekinuvanje na pregovorite za imeto se potvrdeni predavnici zad koj se krie toj, a nepostignuvanjeto kompromis za imeto znaci osnanuvanje na BJRM i toa pod uslov ako se slozi Grcija zosto dokolku ne se slozi ostanuvame i bez ime i bez drzava. samo na del od gragjanite koi mislat kako Gimi ne mozete toa da im go dokazete. Ne otkazuvajtese.