Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Акциони филмови

Шпионот мора да е секси

Тие се во се' посебни - живеат на работ, а опасноста постојано ја гледаат в очи. Освен што им е адреналинот постојано зголемен, тие убавци и убавици можат да се пофалат и со атлетски градени тела на кои ниту една препрека не им е опасна, а за дополнително оружје го имаат шармот. Да се потсетиме на некои најсекси шпиони.



Мет Дејмон

Кога светот се засити од Џемс Бонд и од неговите клишеа, Мет Дејмон беше новиот здив на освежување. На шпионските филмови тој им внесе свежина и акција преку оживување на ликот на Џејсон Борн. Иако страда од амнезија и всушност, не знае кој е, во сеќавањето му е врежан целиот тренинг што го прави силен. Џејсон Борн е лош, ефикасен и во силна мисија на пронаоѓањето себеси, а она што го прави да биде поинаков од останатите шпиони и што му помага да се одржи на вистинскиот пат, е љубовта кон една единствена жена. На некој начин Џејсон му го олесни патот на Даниел Крег, новиот груб и нерафиниран акциски Џемс Бонд.



Пирс Бронсан, Џемс Бонд

Прашањето кој агент Џемс Бонд 007 е најсекси, е прашање на вкус, но Пирс Броснан вистински се потруди да го изгради статусот на можеби најдобриот Џемс Бонд. Вооружен со британски акцент, поглед што ги урива ѕидовите и со угладени манири, Бонд во изведба на Пирс едноставно е неодоллив, па ништо чудно што неговите непријателки наместо да го убиваат се обидуваат да го уловат во својата мрежа.

На нивната несреќа Бонд тешко се врзува, воопшто не е сентиментален, и како што вели самиот, кога ќе го потегне прекинувачот, никогаш не промашува.



Клајв Овен и Џулија Робертс - „Ти ме лажеш најдобро“

Агентката на ЦИА и агентот на британската тајна служба МИ-6 со бурно и страсно минато се здружуваат за да го добијат она што го сакаат. По шпионската кариера исполнета со разни опасности, на крај, сепак, само сакаат во мир да ја продолжат својата страсна врска. Меѓу миленичката на публиката Џулија Робертс и британскиот шармер Клајв Овен од почеток е видлива хемијата што ја освои публиката, а машкиот главен лик освен во вештината на заведувањето се покажа како добар шпион. Она што го прави најдобар е неговото умеење да се потпира на сопствената снаодливост и шарм, наместо на многубројните технички помагала.



Бред Пит и Анџелина Џоли, „Г-дин и г-ѓа Смит“

Од првата видеонајава беше јасно за каков тип филм станува збор. Поголемиот дел на гледачите го имаат гледано филмот само за да се уверат дали постојат љубовни искри меѓу актерите чија романса започна токму со овој филм. На филмското платно не летаа само искри од Анџелина и од Бред, туку и куршуми и проектили од сите видови во канализирање на разноразни сексуални тензии кога било видени на филм. За жал, поради помладата публика, жешките сцени на секс се избришани и на нивното место се ставени поблаги варијанти.



Том Круз, „Невозможна мисија“

Со сите скокања по каучи во ток-шоуа и останати лудости со кои не почествуваше откако стана почесен гост и член на саентолошка заедница, не е тешко да се заборави дека Том некогаш беше љубов на многу тинејџерки. Во 1996 година Круз беше многу уверлив како Итан Хант во „Невозможна мисија“. Тој се покажа како вистинска акциона ѕвезда и нова генерација на шпиони. Ќе има можност да не' убеди дали е истиот со улогата на уште еден шпион во филмот на Џемс Манголд - „Ноќ и ден“, кој претендира да стане голем хит.



Даниел Крег, „Казино Ројал“

Во еден од првите филмови за Џемс Бонд што го исчекуваше женскиот дел од публиката со големо нетрпение, Даниел Крег внесе нови елементи во харизманата на најпознат таен агент. Крег не' носи во минатото на Бонд што е многу раздалечено од неговата препознатлива угледност. Бондот на Крег е чувствителен грубијан, валкан и брутален и секогаш на погрешно место и во погрешно време. Нема среќа во љубовта што повторно предизвикува сочувствителност од страна на женскиот дел од публиката, особено кога на филмското платно се шетка само во костим за капење.


#
Статијата е прочитана 1189 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Економски прагматизам или флерт со Москва?
3-Д во Македонија?
Владата ќе ги исполнела препораките од ЕК
На чај со претседателот на Русија
Магазин
Далеку е Европа
Пресликување на животот
Утрешниот леб на Левчев
Празнување проткаено со пагански обичаи
Колаж од десетгодишната работа
Надворешно-внатрешна политика
Треневски бил пионер на македонското евроинтегрирање
Непрактично бањање по бугарски
Сеќавање за масакрот кај „Бриони“
Страдањето на Ромите
Боемството живее во Куманово со тамбурашкиот фестивал
Французите ќе го „цедат“ Мон Блан
Шокантен случај на инцест во Велес
Триумф на британските металци „Ајрон мејден“