Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Треневски бил пионер на македонското евроинтегрирање

Тамара Грнчароска

Германскиот европратеник и лобистот за Македонија, Бернд Поселт, вчера го бранеше Мартин Треневски како одличен избор на земјава за амбасадор. Поселт, кој е член на Паневропската унија, на која во Македонија претседател со години беше токму Треневски, вчера запрашан како ќе ја коментира спорната теза на нашиот иден амбасадор ��АТО, го нарече Треневски „пионер на евроинтегрирањето во Македонија“. Поселт, притоа, ја изнесе информацијата дека во 1994 -1995 година, на негова покана, Треневски, заедно со претседателот Борис Трајковски и уште некои други, ја предводел првата македонска делегација во Европскиот парламент и преговарале за тоа Македонија да биде интегрирана во ЕУ. „Тие не беа парламентарци, тие беа во приватна посета, но беа Европејци и патриоти“, рече Поселт.

Поселт, кој деновиве престојува во посета на Македонија, ја нападна опозицијата, велејќи дека може да критикува, но дека не смее да оди во Стразбур и во Брисел за „да ја уценува сопствената влада“. Европратеникот, кој обвини дека некој од опозицијата ја „кодоши“ Владата пред ЕУ, сепак, одби прецизно да каже кој го прави тоа, одговарајќи: „Вие ги знаете“. Поселт, притоа, испрати порака до политичките партии во земјава дека „неопходно е да не се мешаат внатрешните дискусии со европските политики и прашања и дека мора да се создаде некаков вид консензус“.

„Тие можат да дискутираат за внатрешни прашања на земјата, но не и за европските интеграции“, смета Поселт. Тој се надева дека најдоцна до унгарското претседавање со ЕУ идната година, Македонија ќе го добие датумот за старт на преговорите. Поселт ги отфрли тврдењата дека ЕУ ја толерира грчката блокада, велејќи дека проблемот е во институциите, и тоа во Советот на ЕУ.

„Грците ја злоупотребуваат положбата во Советот за да го блокираат. Станува збор за злоупотреба на ветото од Грција. Не се работи за толеранција, бидејќи за нас е неприфатливо тоа што го прави Грција, но проблемот е институционален“, вели Поселт. Тој очекува и годинава да се повтори позитивниот извештај на ЕК за Македонија и дека Советот ќе реши да даде датум за преговори. „Планираме за есен во ЕП да иницираме дебата за тоа кога Советот планира да ги започне преговорите“, најави германскиот европратеник.


#
Статијата е прочитана 3395 пати.

Испрати коментар

Од: xxL from prilep
Датум: 27.08.2010 00:11:06
Napred Mitre,ce bidis najdobar vic na godinata,tesko na Makedonija so tebe.
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 27.08.2010 00:17:13
Cekaj,cekaj ovoj parlamentarec me podsetuva neizbezno na eden negov zemjak koj predhodno ja "obedini Evropa".Verojatno spored izjavite sto gi dava idejata za obedineta Evropa misli na taa Evropa.Opozicijata ne mu e po vkus,normalno.Sto li ce se sluci vakvi stupidni izjavi da dava nas parlamentarec vo Germanija.
Од: mirce
Датум: 27.08.2010 00:21:02
Posetata na Evropskiot Parlament ja predvodea Ljubco Georgievski i Nikola Kljusev a Trenevski bese samo preveduvac zosto drugive slabo vladeea so stranski jazici. Toa e vistinata. Sega Poselt po pritisok na Trenevski doaga da mu pomogne, pa i Vardar nemoze da go ispere Trenevski od glupostite sto gi istrese.
Од: ја
Датум: 27.08.2010 00:24:10
Има само еден збор за пратеничево кој се употребува кај нас а тоа е БАБАЧЕ како е надуен ти се чини ќе пукни ко балон.Само се прашувам со што толку го задолжиле изроднициве за да ги фали.Ќе да е за парите изгледа.
Од: sveto
Датум: 27.08.2010 00:31:06
SE razbira deka Poselt nema novinarite pravilno da go razberat iako kazzuva nessto ssto i na malite deca im e jasno, a od Trenevski napravivte zvezda. Taka na vremeto gi isplukavte Nano Ruzzin ili Nikola i tatkomu Dimitar Dimitrov..
Од: Верче
Датум: 27.08.2010 00:33:03
Конечно некој да ја напише вистината за тоа КОЈ е Мартин Треневски,браво!
Од: Realen
Датум: 27.08.2010 00:51:10
И да има и да нема напредок во нашите евро-интеграции, Германецов ќе си лапне парички за „лобистички услуги и консалтинг„ од нашиот државен буџет. Многу му е гајле него за Македонија. Него, проблемот е што наместо да лобира по Европа, тој нашол овде во Македонија да ја рекламира владата и да ја напаѓа опозицијата..? Кога веќе го плаќаат, зошто и да не им „зачисти„ малце по дома...
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 27.08.2010 03:42:21
Тој е платеник на власта и го користат за ЕПП во Македонија...а и за лапачка? Надвор не би го земале за сериозно...
Од: patriot
Датум: 27.08.2010 07:52:38
И некој ќе ми каже Германците односно Европејците не биле корумпирани.Ни срам ни перде дојде да ја омаловажува институцијата за која работи и од која е платен – ЕУ .Тој треба да ги подржув и брани нејзините принципи, а не да го бране човекот кој пред неколку дена ја нападна и ЕУ и НАТО и тоа срамно и вулгарно.На што се се спремни луѓето за пари?! СРАМОТА!!!
Од: Komandant Zoran
Д��тум: 27.08.2010 08:44:45
Дали Г-динот е дојден во РМ по препорака на Советот на ЕУ ? Ни случајно !!! Неговото доaѓање е во ре��ија и на сметка на Владата на РМ. Целта е да се замагли колку што е можно повеќе трагикомичниот гаф на нашиот иден претставник во ЕУ, кој кај нашите медиуми беше веднаш забележан, но беше забележан исто така и од комплетниот дипломатски кор во РМ. За својот настап Г-динот Посолт ќе добие дебел хонорар, кој ќе се книжи на контото: промоција на РМ во ЕУ и унапредување на нашите односи со истиот сојуз !!! Тој не е прв ваков ,,квалитетен и авторитетен,, европеец кој дошол кај нас, а богами нема да биде и последен. Куртоазната посета на претставник од ЕУ на вакво релативно ниско ниво, покажува дека нашите власти не се премногу загрижени за искажаниот гаф на г-динот Треневски и нивна проценка е дека и овој гостин ќе биде доволна компензација за ,,испадот,, . Тоа значи дека испад имало, но од мали размери. Во меѓувреме Треневски ќе биде ,,обработен,, да такви испади не повторува!!!
Од: alexandros
Датум: 27.08.2010 08:44:56
abe boli vistinata, boli koga i stranec ke te nareche kodosh na svojot narod.. nesrekja golema ste za makedonija, takvi ste bile takvi i ke ostanete..edinstveno dobro e sto narodot ve prochita konechno i nauci so kogo si ima rabota. taka da djabe melete, na vlast nema vrakjanje!!!!!!!
Од: ...
Датум: 27.08.2010 08:53:03
Хммм, ме интересира, го есапи некој типов во паневропската унија?
Од: Ana
Датум: 27.08.2010 09:03:16
Ocigledno tipov e debelo kupen za da lobira za DPMNE, a ne za MK ! Toj nas ke ni kazuva koj e, a koj ne e patriot ! Kakov politicar e ova koga se sluzi so vakvi ulicarski ogovaranja. Demek, nekoj tamu gi kodosi "sposobnive" infantilci, zasto tie tamu se nedugavi i nesposobni sami da procenat so kogo imaat rabota i kolkav e nivniot kapacitet. Pa zosto se tie ambasadori isprateni ovde? Verojatno ne za da mu go digaat egoto na patorot, tuku da prakaat realni izvestai za negovata rabota. Dovolno e da otvorat dva vesnika i da gi vidat glupostite sto ovie sekojdnevno gi pravat. Za toa ne im treba opozicijata- samite si se dovolni. A "lobistov" navistina nalicuva na nekogo, kogo uporno se trudi ovoj nasiov da go imitira.
Од: Od Prijatel
Датум: 27.08.2010 09:05:32
Kadee Sonja sega da pluka po EU parlamentarecot tova e vistinata od Sdsm i Sorovcite....
Од: Aman, dosta e
Датум: 27.08.2010 09:17:40
Aman Posert, nemoj da ne branis povekje. Od takvi kako tebe samo dopolnitelen kjotek dobivame. A za Martin kodosot se se znae. I za negovite vrski so duhovniot tatko na aferata TAT, Kljusev, so kogo odel da "lobira" za Makedonija, a vo megjuvreme si se ofajdi so parite na stedacite.
Од: jovan
Датум: 27.08.2010 09:27:21
Ovoj garant prvpat vo zivot pred televizija izleze, ziv sreken bese da "lobira" za Makedonija.(ovde doma kaj nas)
Од: b
Датум: 27.08.2010 09:29:06
Истите сорти на луќе, соиста идеологија, се бранат меѓусебе! А човеков, го знае цела Европа со каква идеологија е. А и самиот сака да личи на својот идол. Е, Македонијо, Македонијо!
Од: Брисел
Датум: 27.08.2010 09:55:52
Ало,Поселт,те плаќаме да лобираш во Брисел,не овде!
Од: pandora
Датум: 27.08.2010 10:23:22
Sirot Poselt, pa toj ne znae deka vo Makedonija strancite po difolt moraat da plukaat po vladata. Duri se zabossotuvaat i pozitivni izvesstai na Evropskata Komisija
Од: gv
Датум: 27.08.2010 10:50:27
Ovoj evropratenik zaedno so Treneski se pioneri kako vo Titovo vreme tesko na RM.
Од: Фудбал Не Требаше Партизан
Датум: 27.08.2010 11:14:31
На неколку места видов графити Партизан Србија Знакот со 4С па Гробари па ЈУГ. Е зошто и тоа се проаѓа во Македонија. А бе ајде сиктер од Македонија. Е затоа вие некој чесни чисто спортски заради ваквите нетребаше да влезат. Се чепатат во нашата Македонија. А и ние им помагаме. Бугарофилство е минијатура ама србоманството е масовно. Песни српски колку сакаш права бановина. Еј Македонци до кога.
Од: valerija
Датум: 27.08.2010 12:19:40
od daleku se gleda deka ovoj e dojden da ja brani vladata neznam samo kolku pari mu se dadeni od nasive za toa, barem da najdea nekoj poasalen
Од: дими61
Датум: 27.08.2010 13:45:50
Уште една бурлеска во режија на вмро.Се сеќавате секогаш кога некоја работа ептен ќе засмрди веднаш имаме ваква бурлеска.Се сеќавате порано имаше и црнци кои ја фалеја владата, па словенци ќе граделе па уште кој не .А државава јадна остана и покрај толку фалења и браења.Аман доста беше.
Од: Дарон
Датум: 27.08.2010 13:50:33
А кога ќе дојде некој европската левица, тогаш веднаш тоа бил став на целата европска администрација , така ??? Прочитани сте бре срцки, џабе ви е се!
Од: zozo
Датум: 27.08.2010 16:24:24
Zarem mislite deka Bil Klinton,Piter F.Ahtisari i dr.lobiraat za Albancite od ljubov,kamo sreka koga Makedonija bi imala poveke vakvi EU-politicari na platen spisok koi ke lobiraat.A za NATO i EU ne grizetese i taka ne ne sakaat.
Од: alek
Датум: 27.08.2010 21:40:24
Човекот си е одличен,реален и сигурна сум дека ги брани интересите на овааа држава само кој како го разбира тоа !!!
Од: Горан
Датум: 28.08.2010 07:56:29
Да платиш ваков да лобира во ЕУ не може да е случајност. Замислете го минус 20кг, на кого ви личи? На слика на режимот кој се воведува кај нас. Јас нејќам ЕУ да има слика таква за нас, а вие?
Од: Nekoj
Датум: 28.08.2010 12:28:42
I zena mi e Germanka, i ona lobira kaj so ke stigne za Makedonija, bez ja da i kazam bilo sto, i se kara za Makedonija poveke od mene ,ama sigurno e i ona na platen spisok na vmro.NA Makedoncite kako sakas im pravi , sekogas se nezadovolni, zatoa e najubavo, da ne ostavat i bugari i grci i site okolu nas, nie sami ke se unistime.
Од: Daniel
Датум: 28.08.2010 12:39:36
Zamislete da bese obratno, toj da ja napagese vlasta ke go trubea po site televizi eden mesec, pa duri i tribini na taa tema ke imase. Demokratsko pravo e sekoj da si go izrazi svoeto mislenje, eu ne e konstituirana po principot na sdsm.
Од: Томе
Датум: 28.08.2010 15:39:14
Кој е типов и кој го викнал? Која е неговата улога и која е неговата цел? За чии интереси се заложува, ва Македонските или за ВМРО? Доста веќе со вакви бурлески, ептен го потценувате македонскиот народ. Претеравте со ЕПП и самоволие. ДОСТА Е!!!
Од: tales
Датум: 28.08.2010 21:46:38
aaaaa, e sega koj e sleden, mozebi Mark Goody pak ke kupi nekoj rudnik i ke napravo Mac donaldsi na sekoj kos? ajde bre , pa ja naucivme veke ovaa finta... sto e ? nema novi PR finti, trokira li masinata na Baltarazar?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Економски прагматизам или флерт со Москва?
3-Д во Македонија?
Владата ќе ги исполнела препораките од ЕК
На чај со претседателот на Русија
Магазин
Далеку е Европа
Пресликување на животот
Утрешниот леб на Левчев
Празнување проткаено со пагански обичаи
Колаж од десетгодишната работа
Надворешно-внатрешна политика
Непрактично бањање по бугарски
Сеќавање за масакрот кај „Бриони“
Страдањето на Ромите
Боемството живее во Куманово со тамбурашкиот фестивал
Французите ќе го „цедат“ Мон Блан
Шпионот мора да е секси
Шокантен случај на инцест во Велес
Триумф на британските металци „Ајрон мејден“