Боно Вокс
На чај со претседателот на Русија
Фронтменот на познатата група „У-2“, Боно Вокс, се сретна со рускиот претседател Дмитриј Медведев пред настапот во Москва, концерт што е дел од големата турнеја на ирскиот состав наречена „360 степени“. Медведев, кој инаку е голем фан на рок и на хеви-метал музика, како добар домаќин го пречека Боно во вилата во Сочи, каде што пиеја чај и пријателски разговараа за проблемите со кои се соочуваат земјите од третиот свет, решавање на нивните долгови, но и за изнаоѓање начини за конечна победа на сидата. Боно изјави дека има голема желба да ја запознае Русија, во која, како што пишуваат тамошните медиуми, бил уште како студент и изразил свое воодушевување за подвизите на Русите за време на Втората светска војна. „Сите знаеме дека рускиот народ даде големи жртви во борбата против фашизмот за да не' спасат сите нас од големото наметнато зло. Тоа во мене предизвикува неизмерно задоволство“, изјави Боно. |