Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Реално шоу

Пресликување на животот

Александар Митевски

Директниот повод за нашиот напис е информацијата што блесна во сите познати медиуми за учеството на познатата колумбиска пејачка Шакира во едно популарно реално шоу. Музичката ѕвезда на тукушто завршеното Светско фудбалско првенство потпишала солен договор за учество во новите серии на британското реално шоу Katy Brand Meets што ќе се емитува оваа есен во Британија. Покрај неа, ќе се најдат и The Hoosiers и Шон Кингстон и секако ќе биде вистински предизвик за сите фанови на оваа позната секси латино-ѕвезда, која ќе ја разголи својата душа пред ТВ-камерите.

Во светот денес е вистинска експанзија на нови и нови реални шоу-програми што се емитуваат на гледаните телевизиски канали во кои јунаци се обични луѓе, талентирани и креативни персони што сакаат да се изборат за своите пет минути на слава и да се обидат да го материјализираат своето учество привлечени од богатите наградни фондови. Се' почесто среќаваме и познати ѕвезди, кои стартуваат свои реални шоу-програми во кои ја разоткриваат својата приватност и даваат виртуелен приказ на своите животи и сето тоа е вистинска храна за гладните гледачи, кои се заслепени од сензациите и можноста да се втурнат во животот и во навиките на славните личности. Нешто што личи на Орвеловата стварност, во овие реални шоу програми познатите ѕвезди се под будното око на гледачот и се сочувствуваат со нивните радости, маки, животи и ги чувствуваат нив како вистински блиски луѓе и семејства.

Едни од моменталните знаменосци на овие популарни реални шоу-програми се сестрите Кардашијан, кои се прославија со своите американско реално шоу Keeping Up with the Kardashians што започна да се емитува кон крајот на 2007 година. Ова шоу беше пресликување на животот на популарното семејство Кардашијан, кое го сочинуваат вдовицата на познатиот адвокат Роберт Кардашијан и нејзините деца. Секако, огромен интерес предизвикува сексапилната сестра Ким Кардашијан, која вистинска американска пин-ап телевизиска икона, актерка и модел, а најголема бура предизвика откако се појави секс-лентата со нејзините лудории со своето поранешно момче, Реј Џеј. Оваа убавица учествуваше и во шоуто Dancing With the Stars и беше гостинка на America’s Next Top Model. Моментален хит во САД е новиот серијал на другите две сестри Кардашијан, Клои и Кортни, кои ја имаат мошне гледаната серија Kourtney and Khloe Take Miami во која двете познати сестри одат за Мајами за да го водат својот бутик за облека. Тие се по малку смирени во сегашниот живот и во новиот серијал, затоа што Клои е веќе мажена, а Кортни е нова мама и во ова ново реално шоу ја играат битката за нови победи во животот.

Можеби Шакира доволно ќе се прослави во тоа реално шоу, но, сигурно, никогаш нема да го престигне вистинскиот гуру на реалните шоу-програми, стариот лисец Ози Озборн, кој имаше најгледано шоу со своето семејство. Овој контроверзен Англичанец со над 40-годишна кариера како пионер на англискиот хеви-метал и лидер на Блек Сабат блесна во орбитата на популарноста со своето реално шоу што започна во 2000 година. Заедно со својата сопруга Шерон и со своите деца тие ги заковаа гледачите пред малите екрани со својот необичен семеен живот и интригантните ситуации што им се случуваа на ова навидум обично семејство. Во 2002 по вонсериската гледаност овој серијал се премести на гледаниот Ем-Ти-Ви канал, се' додека ова семејство не реши дека им е доста од животот пред камери во 2005 година.

И познатата Сара Пејлин ќе ја финишира својата неславна политичка кариера со шоу со кое ќе успее да заработи многу средства и гледаност преку своето шоу Sarah Palin’s Alaska. Некогашниот гувернер на Алјаска и републикански кандидат за вицепретседател и било понудено да добива по еден милион долари по епизода од ова гледано шоу. Таа во прво време ги одбивала понудите, но откако се пресметале дома решиле да го изнесат својот живот на дланка и да ги екранизираат своите секојдневни ситуации и перипетии и патувања низ државата Алјаска.

И познатиот Дејвид Хаселхоф, ѕвездата на „Чувари на плажата“ и Knight Rider ќе се придружи на 11. сезонана реалното шоу на гледаниот Еј-Би-Си канал и интересно е што Дејвид ќе биде дел од ова реално шоу откако тоа го направи и неговата колешка Памела Андерсон во претходниот серијал од истото гледано шоу.

Друг љубител на реални шоу програми е секако и познатиот пејач Бред Мајклс, лидер и вокалист на глам метал бендот Поизон. Во својата кариера, покрај успесите со бендот и неговата соло кариера и соло албуми, тој се појави и во гледаното шоу на VH1Rock of Love with Bret Michaels и тоа во неколку продолженија. Тој истотака беше и во жири на гледаното реално шоу Ѕвездите на Нешвил и победи на реалното шоу на NBC -Celebrity Apprentice 3.

На огромниот предизвик и долгогодишно убедување не му одолеа ниту фронтменот на Аеросмит, Стивен Тајлер кој ќе биде главен во жири комисијата на гледаното реално шоу American Idol. За оваа престижна позиција се бореа ѕвезди од типот на Брет Мајклс и Џенифер Лопез, но на крајот сепак Тајлер ќе биде оној кој ќе ги оценува учесниците на ова шоу и публиката ќе може да го види во сосема поинакво светло.

И моментално најпопуларната поп-икона на денешницата, Лејди Гага, својот пат кон популарноста го започнала преку реално шоу и тоа според неа била единствена шанса која морала да ја прифати за да се здобие со дополнителна предност пред своите конкуренти кои започнувале. Насекаде низ светот буквално се разграбуваат снимките кога оваа популарна поп-дива учествувала на реалното шоу MTV Boiling Points пред да стане Лејди Гага и да го допре ѕвезденото небо. Тогаш како Стефани Германота, со темна коса и сосема поинаков стил отсега учествува во повеќе перипетии и се обидува да заработи 100 долари, за разлика од сега кога буквално царува со светскиот музички шоу-бизнис.

Во нашето соседство се организираше „Големиот брат“ во кој се вклучија повеќе ѕвезди од српската музичка сцена предводени од познатата Јелена Карлеуша, а сведоци бевме и на остварувањето на идејата на популарната Сека Алексиќ за свое реално шоу. Та�� во Србија го донесе трендот од Холивуд, за избор на нејзин личен асистент и потрагата по него беше насловена како „Моја десна рака“, каде што во описот на содржината беа наведени нејзините најинтимни моменти и сите работи што се потребни за да се стане ѕвезда од нејзин формат.


#
Статијата е прочитана 893 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Економски прагматизам или флерт со Москва?
3-Д во Македонија?
Владата ќе ги исполнела препораките од ЕК
На чај со претседателот на Русија
Магазин
Далеку е Европа
Утрешниот леб на Левчев
Празнување проткаено со пагански обичаи
Колаж од десетгодишната работа
Надворешно-внатрешна политика
Треневски бил пионер на македонското евроинтегрирање
Непрактично бањање по бугарски
Сеќавање за масакрот кај „Бриони“
Страдањето на Ромите
Боемството живее во Куманово со тамбурашкиот фестивал
Французите ќе го „цедат“ Мон Блан
Шпионот мора да е секси
Шокантен случај на инцест во Велес
Триумф на британските металци „Ајрон мејден“