Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Мислења

Страдањето на Ромите

Џорџ Сорос

Најголемиот јаз меѓу Ромите и мнозинското население не е во однос на културата или начинот на живеење - туку во сиромаштијата и нееднаквоста

Ромите со векови се прогонувани низ Европа. Сега тие се сочуваат со една форма на дискриминација невидена во Европа уште од Втората светска војна: групно иселување и протерување од неколку европски демократии на мажи, жени и деца, врз основа на тоа што тие претставуваат закана за јавниот ред.

Минатата недела Франција почна да ги спроведува плановите за протерување на Ромите кои не се од Франција, посочувајќи ги како група организирана во криминални активности, без каков било судски процес за утврдување дали лицата извршиле какво било кривично дело или претставуваат закана за јавниот ред. Овие француски мерки следуваа по италијанскиот „безбедносен пакет“ од 2008 година, во кој т.н. „номади“ беа опишани како закана за националната безбедност и донесе закон по итна постапка, што доведе до протерување на Ромите кои не се од Италија.

Спречувањето криминални активности е легитимно право за загриженост на власта. Но, протерувањето граѓани на ЕУ врз основа на етничката припадност како замена за криминална активност е непочитување на директивите на ЕУ за расна дискриминација и правото на слободно движење од една земја-членка на ЕУ во друга.

Всушност, цврсто установено правно начело е дека кривичното дело треба да биде утврдено со одлука за индивидуална вина пред судот. Освен тоа, осудените криминалци рутински не се депортираат ако се граѓани на друга земја-членка на ЕУ. Место тоа, според европските закони се бара индивидуална одлука дека депортацијата е неопходна и пропорционална на извршеното кривично дело, како и разгледување на другите околности (како што се, јачината на врските на индивидуата во заедницата).

Секако, европските општества не треба да толерираат криминално и антисоцијално однесување. Но, ниту една етничка група нема монопол врз таквите патологии и сите луѓе треба да бидат еднакви пред законот. По Втората светска војна Европејците сфатија дека е неприфатливо да се подложи некоја група на колективна казна или на масовно протерување врз основа на етничката припадност, па во лишувањето од основните права во име на безбедноста, собирањето на Ромите претставува загрижувачки преседан.

Спротивно на тоа, француските власти имаат право да бараат мерки за подобрување на можностите за вработување и развој на Ромите во нивните земји на потекло (главно, од Бугарија и од Романија во овој случај), што би можело да ги намали мотивите и да изврши притисок врз нив да се преселат во други земји. Како одговор на француската позиција, шведската влада, исто така, апелираше за концентрирана ЕУ-акција за да се помогне вклучувањето на Ромите.

Ромите сакаат и можат да се интегрираат ако за тоа им се даде можност, како што покажаа програмите на мојата фондација. Повеќето Роми ги делат аспирациите на мнозинското население: дом со задоволителни услови за живот, пристојно образование за нивните деца, работа што ќе им овозможи да се грижат за своето семејство и да комуницираат со мнозинството во нивното општество. Поради тоа што се соочуваат со ужасна дискриминација и сиромаштија дома, тие продолжуваат да емигрираат низ Европа. ЕУ мора да препознае дека паневропската природа на овој проблем бара сеопфатна и ефикасна стратегија за вклучување на Ромите.

Примарната одговорност за заштита на правата и на благосостојбата на сите граѓани се наоѓа кај земјите-членки на ЕУ. Политиките и програмите за промовирање на вклучувањето во вработувањето, образованието, здравствената заштита и во домувањето мора да се имплементираат на локални и на национални нивоа. Но, ЕУ има витална улога да ги мотивира, координира, финансиски помага и контролира таквите напори низ план на ниво на ЕУ.

Во 2009 година ЕУ го прифати принципот на „експлицитно, но не и ексклузивно избирање“ на Ромите и Европската комисија одобри користење на структурални фондови за покривање на интервенции во домот во корист на маргинализираните заедници, со особен фокус на Ромите. Ова е добредојден чекор и „експлицитното, но не и ексклузивно избирање“ треба да биде проширено на образованието, здравствената заштита и на вработувањето. Многу поважно, правилата според кои сега се трошат структуралните фондови треба да бидат променети за да се овозможи нивна употреба во здравството и во образование од најрана возраст, место само за обука за работа.

Структуралната сиромаштија во ромската зедница е директно поврзана со слабото образование и невработеноста. Иницијативата на Комисијата, „Европа 2020“, поставува одредени цели за зголемување на бројот граѓани со завршено образование и стапки на вработување за сите граѓани на ЕУ. Во овие две области, Ромите многу заостануваат зад своите сограѓани, кои се цел на тие мерки и затворањето на тој јаз треба да биде интегрален дел од планот „Европа 2020“.

Најголемиот јаз меѓу Ромите и мнозинското население не е во однос на културата или начинот на живот - како што честопати е презентирано од страна на медиумите - туку во сиромаштијата и нееднаквоста. Разликата е физичка, не само ментална. Одвоеното школување е пречка за интеграцијата и тоа произведува предрасуди и неуспех. Одвоеното домување доведе до формирање огромни сиромашни квартови и населби во кои нема санитетски и други основи услови за достоинствен живот.

Страдањето на Ромите не е само краткорочен безбедносен проблем на кој може да биде одговорено со драконски мерки, со насилно преселување на луѓето од една земја-членка на ЕУ во друга. Не само што ова ги минира европските вредности и правните начела, туку не успева да го најде коренот на причината за овие проблеми.

Ромите, како најголемо етничко малцинство во Европа, внатре во ЕУ го сочинуваат најмладиот и најбрзо растечки демографски сегмент на населението. На пример, до 2020 година младите Роми ќе сочинуваат една тр��тина од новите учесници во работната сила во Унгарија. Европа не може да си дозволи уште една изгубена генерација. Ова е прашање од областа на човековите права и основните вредности, и е од витално значење за мирот и кохезијата во општествата низ Европа.

(Авторот е претседател на фондацијата „Сорос“ и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата

на „Проект синдикејт“.)


#
Статијата е прочитана 1815 пати.

Испрати коментар

Од: zoki
Датум: 27.08.2010 03:01:30
sve e toa ok,evropa i prakja na rumunija po 4 miliona evra godisno za integracija na romite vo svojite zemji a sto se 4 miliona evra kolku sto znam ima okolu 8 milioni romi samo vo rumunija od edna strana iljadnici teski milioneri i milijarderi(koj parite gi krijat po stranskite banki samo ne vo drzavata vo koja zivejat)po evropa od druga strana milioni luge koj nemaat ni minimalni egzistencii i uslovi za normalen zivot vo 21 vi vek
Од: sasko
Датум: 27.08.2010 13:10:33
avtorot na statijata e eden od klucnite igraci na elitata sto go vladee svetot i eden od glavnite krivci za svetskata ekonomska kriza ... ovoj tekst e dvolicnost

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Економски прагматизам или флерт со Москва?
3-Д во Македонија?
Владата ќе ги исполнела препораките од ЕК
На чај со претседателот на Русија
Магазин
Далеку е Европа
Пресликување на животот
Утрешниот леб на Левчев
Празнување проткаено со пагански обичаи
Колаж од десетгодишната работа
Надворешно-внатрешна политика
Треневски бил пионер на македонското евроинтегрирање
Непрактично бањање по бугарски
Сеќавање за масакрот кај „Бриони“
Боемството живее во Куманово со тамбурашкиот фестивал
Французите ќе го „цедат“ Мон Блан
Шпионот мора да е секси
Шокантен случај на инцест во Велес
Триумф на британските металци „Ајрон мејден“