Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Поглед

3-Д во Македонија?

 Сунчица Уневска

Големиот светски хит „Аватар“ се враќа во киносалите. Најавата на дистрибутерот е дека сите што не го искусиле ова фантастично искуство 3-Д во атрактивниот свет на Џејмс Камерон, сега ќе имаат можност, бидејќи новата специјална едиција, исто така, е направена во 3-Д. Освен тоа, и бројот на специјализираните киносали за 3-Д познати како IMAX, каде што доживувањето на овие филмови е неверојатно, постојано се зголемува, а најновата вест е дека наесен вакво кино се отвора и во Хрватска.

А што е со Македонија? Ваквите вести секогаш повторно не' потсетуваат дека сево ова за нас не важи, ние и натаму остануваме надвор од светските текови. „Аватар“ го видовме, ама на вообичаената 35мм копија и зошто би ја земале специјализираната едиција, која има нови осум минути, кога ние во нашите кина не можеме да забележиме многу разлика.

И сево ова можеби и не би било страшно ако очекуваме нешто да се преземе во иднина, воопшто со состојбата на киносалите во земјава, а за 3-Д и да не зборуваме. Состојбата останува еднакво лоша додека ние се задоволуваме со „Милениум“ и со „Рамстор“. Мултиплексите и 3-Д кај сите наши соседи ги има повеќе години и тие најнормално ги следат сите новини во технологијата во светот. Но, не и Македонија. И никому ништо, никој не се потресува околу тоа.

Кога пред речиси десет години дојдоа од „Ворнер Брос“ во Македонија да ги видат условите за мултиплекс, веднаш се откажаа. Кај нас пиратеријата беше и е легална, а техничките улови се далеку од задоволителни. Во сите други земји киноприкажувачите вложуваат во киносали, но добиваат и поддршка од државите, дали преку кредити или преку поволни цени за атрактивните простори. Но, не и во Македонија. Овде за се' има изговор, освен за тоа да се направи нешто. Виновници нема, топката постојано се префрла, а ние и натаму си стоиме в место.


#
Статијата е прочитана 2766 пати.

Испрати коментар

Од: RND
Датум: 28.08.2010 12:53:53
Nemame nie standard da otideme i da platime pari za da se gleda 3D, a uste 1 plus sto ne se odi vo kino e toa sto filmovite se gledaat na dvd min 3 meseci pred da bidat doneseni vo nasite kino sali. Piraterijata za nekogo e dobra a za nekogo ne....

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Економски прагматизам или флерт со Москва?
Владата ќе ги исполнела препораките од ЕК
На чај со претседателот на Русија
Магазин
Далеку е Европа
Пресликување на животот
Утрешниот леб на Левчев
Празнување проткаено со пагански обичаи
Колаж од десетгодишната работа
Надворешно-внатрешна политика
Треневски бил пионер на македонското евроинтегрирање
Непрактично бањање по бугарски
Сеќавање за масакрот кај „Бриони“
Страдањето на Ромите
Боемството живее во Куманово со тамбурашкиот фестивал
Французите ќе го „цедат“ Мон Блан
Шпионот мора да е секси
Шокантен случај на инцест во Велес
Триумф на британските металци „Ајрон мејден“