Број 3369  петок, 27 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Французите ќе го „цедат“ Мон Блан

Од нашиот дописник Тони Гламчевски

Париз - Првата пумпа беше поставена во средата, со што почна широката медиумска покриеност на титанската операција за празнењето на џебовите со вода под глечерот Тет-Рус во масивот на Мон Блан, во францускиот дел на Алпите. Во наредните 20-40 дена специјализираните екипи се надеваат дека ќе успеат да испумпаат околу 65.000 кубни метри вода, околу 20-ина олимписки базени. Општината Сант Жерве сака со оваа операција да заштити околу 3.000 жители на долината, која се протега под глечерот, од опасноста од можно истекување на џебовите. Стравувањето е уште поголемо, бидејќи во далечната 1892 година, еден сличен џеб, со силниот притисок што владее под обв��вката на мраз, успеа да ја пробие кората на глечерот истекувајќи брутално во долината. Истечената вода под силниот притисок се претвори во вистинска водна лавина, во која се измешаа карпи, камења, кал... предизвикувајќи смрт на 175 лица. Долината денес е многу погусто населена, едно слично пукање на џебот сега би предизвикало многу повеќе жртви.

Предупредувањето во јули годинава, од специјалистите што работат во лабораторијата за мраз од Гренобл, дека под глечерот се крие голем џеб со вода што е под притисок е сфатено сериозно. Градот Сант Жерве и префектот на От Савоа веднаш донесоа одлука за празнење на џебот, за да се гарантира безбедноста на долината. Џебот на глечерот се наоѓа на надморска височина од 3.200 метри, што не ја олеснува операцијата.

Според објаснувањето од екипите што работат на дупчењето на глечерот за да можат да ги постават пумпите, тие планираат да направат осум дупки со пречник од 25 сантиметри и длабоки околу 40 метри. За дупчењето на мразот тие користат специјална техника со жешка вода под притисок за брзо да го стопат мразот, бидејќи механичкото дупчење може да предизвика вибрации и евентуално пукање на џебот. Откако ќе бидат направени отворите, десетина работници ќе постават три пумпи, секоја со капацитет од 50 кубни метри, за да ја извадат несаканата вода. Водата од глечерите ќе се слее во вообичаените водни текови и жителите на долината нема ништо да почувствуваат. Со деноноќно работење на пумпите ќе треба да се испразнат џебовите до октомври. Цената на целата операција е околу два милиона евра, од кои државата финансира 80 отсто и општината 20 проценти.

Ова е прва операција од ваков тип и научниците - специјалисти за глечери малку се загрижени за тоа како ќе се однесува глечерот, поради што постојано го набљудуваат и се предвидува при најмала промена, поточно пропаѓање на кората, да се прекине со работа. Доколку се случи да настане експлозија на џебот со вода, специјалниот систем за предупредување треба да ги предупреди жителите на долината да се засолнат на сигурни места, идентификувани благодарение на сведоштвата од 1892 година при последното испуштање на џеб со вода од глечерот.

Појавата на миниезерца во внатрешноста на глечерите е нормална појава, предизвикана со високите летни температури и топењето на мразот, но опасноста настанува кога водата нема излез од каде да истекува, при што се собира под силен притисок во утробата на глечерот.


#
Статијата е прочитана 1910 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Економски прагматизам или флерт со Москва?
3-Д во Македонија?
Владата ќе ги исполнела препораките од ЕК
На чај со претседателот на Русија
Магазин
Далеку е Европа
Пресликување на животот
Утрешниот леб на Левчев
Празнување проткаено со пагански обичаи
Колаж од десетгодишната работа
Надворешно-внатрешна политика
Треневски бил пионер на македонското евроинтегрирање
Непрактично бањање по бугарски
Сеќавање за масакрот кај „Бриони“
Страдањето на Ромите
Боемството живее во Куманово со тамбурашкиот фестивал
Шпионот мора да е секси
Шокантен случај на инцест во Велес
Триумф на британските металци „Ајрон мејден“