17.06.2012, 17:51 Митингашки викенд на СДСМ во Штип
Потпретседателот на ��ДСМ, Зоран Заев, и кандидатот на опозицијата за штипски градоначалник, Здравко Коцев, вчера, одржаа прес-конференција пред зградата на Стопанска банка во Штип, повикувајќи ги граѓаните на митингот под мотото „Крени глас“, што беше закажан за синоќа и е трет од серијата опозициски протести низ државата.
Заев рече дека сиромаштијата се' повеќе се зголемува, а за овој регион од државата посочи дека е најголем проблем тоа што не се работи на патната инфраструктура.
„Сите знаат чија е вината за пропаѓањето на стопанството, но и сите знаат зошто во Штип нема нови фабрики, нови работни места“, рече Заев.
Коцев истакна дека е време да се стави крај на лошата инфраструктура и на дупките на улиците. (П.Р.) |