Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Хороскоп Забава
Политика
17.06.2012, 17:47

Груевски во Москва, но нема да го види Путин

Премиерот и економските министри во поход по инвеститори во Русија. Владата ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија во четири руски града

Јасмина Јовановска


Владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, од вчера престојува во Руската Федерација, каде што во рамките на економската турнеја ќе ги претстави инвестициските можности што ги нуди Македонија. Во градовите Москва, Владимир, Нижњиј Новогород и Санкт Петербург, владиниот тим ќе организира роуд шоуа и ќе се сретне со повеќе руски компании, а ќе присуствува и на Меѓународниот економски форум на Санкт Петербург. Ова стои во соопштението од Владата. Груевски денеска е во Москва, но нема да се види со рускиот претседател Владимир Путин, кој е во Мексико на Самитот на Г-20.

Од Владата информираат дека во состав на делегацијата се и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за економија Ваљон Сараќини и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески. Првото роуд шоу е закажано за денеска во Трговско-индустриската комора во Москва.

На крајот од посетата на Руската Федерација премиерот Груевски во Санкт Петербург свечено ќе го отвори Почесниот конзулат на Македонија.

Пред заминување премиерот Груевски во интервју за руската агенција Итар-Тасс најави дека посетата ќе претставува одлична можност македонската економија да се претстави пред руските стопанственици. „Верувам дека настаните ќе бидат искористени и за остварување директни средби со руски компании на кои ќе разговараме за можностите за конкретни инвестиции во Македонија“, истакна Груевски. Според него, и досега Македонија и Русија имаат традиционално добри пријателски врски, но тој смета дека одличните политички и општествени односи треба да се развиваат и на економски план, посебно во областа на енергетиката.

„За нас е значајно доколку би можеле да оствариме поконкретна соработка со Русија во енергетиката. Знаеме што значи Русија во овој сектор, во технологијата и во кадарот кој е оспособен за вакви области. Тука многу би значела проширената соработка, имајќи предвид дека нашите две земји веќе постигнаа начелен договор со кој би се регулирал клириншкиот долг кој Руската Федерација го има кон нас уште од времето на поранешна Југославија, што значи дека тоа порамнување би можело да се ефектуира преку изградба на гасовод на приоритетниот магистрален правец Клечовце - Штип - Неготино - ТЕЦ Неготино – Кавадарци, кој е главна гасоводна артерија во нашата земја“, вели премиерот. Тој најави дека за време на посетата ќе биде потпишан и меморандум за соработка меѓу нашата гасоводна компанија и руски „Стројтрансгас“.

Освен во енергетиката, Груевски смета дека за руските инвеститори се интересни и природните потенцијали во земјоделството и производството на храна, наоѓалиштата на минерални суровини, производството на вино, како и туризмот.

„Постојат огромни потенцијали за продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Русија, како на меѓудржавно ниво кое е доста значајно и по обем и по квалификации, така и во доменот на приватните инвестиции кои се особено битни и за нашиот развој и за оплодувањето на капиталот на рускиот приватен сектор“, додава Груевски.

Стабилно и предвидливо опкружување, ниски даноци, низок долг, стабилен банкарски систем, се само дел од аргументи кои за премиерот би предизвикале интерес кај руските инвеститорите на Македонија да гледаат како на следна дестинација за проширување на својот бизнис.

Досега, владиниот тим во потрага по странски инвеститори беше во најмалку десетина држави. Тргнувајќи од Турција, Сингапур, Јапонија, до Катар, Индија, Малезија и Кина. Последното роуд шоу се реализира во почетокот на овој месец, кога се бараат инвеститори во скандинавските земји, Шведска, Финска, Данска и Норвешка.


Наскоро чартер лет Скопје - Москва

Наскоро ќе се воведе авионски чартер-лет Скопје - Москва, најави премиерот Никола Груевски, во интервјуто за Итар Тасс. „Со Руската Федерација ги имаме потпишано сите спогодби од сферата на авиосообраќајот и нашите претставници работат на наоѓање руски партнери со кои би се воспоставила и директна чартер-линија. Веќе трета година по ред носиме одлука со која се укинуваат туристичките визи за руските државјани за период од шест месеци, а оваа година донесовме одлука еднострано да ги укинеме визите за руските граѓани за период од една година“, вели Груевски.


Статијата е прочитана 2770 пати.

Испрати коментар



ВМРО-ДПМНЕ наполни 22 години
Митингашки викенд на СДСМ во Штип
Судовите ги казнуваат новинарите, Стразбур ги ослободува
По дваесетмина конкурираат за едно место во полиција
Стив се врати на погрешна адреса
Интервју Да се преиспитаат казнените мерки за лекарите
Две лоши економски вести и една добра во најава
Индискиот милијардер ја одолжи посетата во Македонија
Александар Петрески не ги видел ниту Рој ниту Слим!
Обвинителите ќе „возат“ по старо уште две години



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 30°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Хороскоп | Забава |