Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
22.05.2012, 18:52

Мислења

Во Чикаго полошо отколку во Букуре��т

Нано Ружин

Патот на РМ кон Алијансата беше ширум отворен. Меѓутоа непотребните проекти ги заострија односите со јужниот сосед

Премиерот Груевски имаше право кога замина во Кина наместо на Самитот на НАТО. Тој не поднесува порази и неуспеси. По објавувањето на резултатите од испитувањето на јавното мислење на нашата најреномирана агенција Рејтинг, според која опозицијата почна да му дише во врат,чикашките патрдии само ќе му ја зголемеа депресијата и нервозата.Сепак по враќањето од Далечниот Исток како ништо да не научил од трпеливите Кинези. Распали и по НАТО и по Грците и по Иванов и по МНР. Можеби со кафеанската искреност и патетика повторно настојува да ја создаде пост-букурешката национална еуфорија за НАТО-грчките неправди кон Македонија.

За оние што живеат со оваа проблематика, од Самитот во Чикаго не се очекуваше покана и покрај позитивната одлука на Судот за човекови права во полза на Р.Македонија. Затоа таквата реакција на премиерот е неочекувана и изненадувачка. Белким не очекуваше дека ќе добиеме покана во Чикаго. Како да заборава дека е тој главниот виновник за влошувањето на односите со Грција кои во 2005 година немаа ништо против да добиеме покана под референцата.Потоа го смени името на аеродромот Петровец и покрај противењето на американските сојузници.По Самитот во Букурешт наместо да работи на компромисното решение како што му вети на Џорџ Буш, ја засили реториката и популизмот против Грција и почна да ни' ја кити државата со александровци, букефаловци и антички имиња. По повод можниот референдум за името изјави дека тој би гласал против, го набилда јавното мислење против секое компромисно решение и врз таа стратегија ги доби и изборите во 2008, 2009 и 2011 година.

Со истата приказна сака да го оправда и сегашниот антинатовски настап. Добар рецепт, за да се заборави опаѓањето на рејтингот. Од 2008 година негова стратегија се покажа погубна за нашите евро-атлански аспирации. На Самитот во Прага 2002 година бевме рамо до рамо со тогашните аспиранти во НАТО, Бугарија, Романија,трите Балтички држави,Словенија и Словачка. Македонија само што излегуваше од кризата но котираше далеку пред Албанија и Хрватска и се сметаше за сигурен кандидат за членство. Црна Гора се' уште беше во состав на СР Југославија, БиХ ги лечеше траумите од војната а Грузија никој не ја споменуваше како можен аспирант. Во 2004 година за време на Самитот во Истанбул веќе една година функционираше неформалната група на Јадранската повелба потпишана меѓу министерствата за надворешни работи на САД, Македонија, Хрватска и Албанија.Ова е време кога Македонија беше лидер во евро-атланските интеграции во Западен Балкан.

Во 2006 година се одржа Самитот во Летонија, но тоа не беше Самит на проширување. „Можеби вие сте подготвени за НАТО но НАТО не е подготвен за вас“, беше коментарот на амбасадорот на САД во НАТО Викторија Њуланд. Ова беа години кога Македонија беше признаена од страна на САД и Канада под уставното име. Нашите безбедносни сили во Ирак и Авганистан успешно ги извршуваа мировните мисии а Македонија, и според зборовите на тогашниот генерален секретар Шефер Македонија еволуираше „од увозник во извозник на безбедноста“. На средбата на тогашниот македонски премиер Бучковски со грчкиот премиер Караманлис, последниов му се закани. „Не се надевајте дека во НАТО ќе влезете под уставното име, туку само под референцата БЈРМ“.

Патот на РМ кон Алијансата беше ширум отворен. Меѓутоа токму непотребните проекти околу промената на името на аеродромот Петровец и тврдоглавоста на Груевски цврсто да остане на таа одлука ги заострија односите со јужниот сосед кој во Букурешт се повика на консензусот но и на солидарноста со франко-германската оска која се засили со враќањето на Париз во интегрираната воена команда на НАТО. За администрацијата на ослабениот американски претседател во заминување Буш, беше позначајна пронајдената солидарност со ЕУ околу Авганистан и НАТО, отколку поканата на РМ .

Прашањето за повлекувањето од Авганистан е сврзано со најмалку две дилеми и тоа: финансирањето на 228.000 припадници на авганистанските безбедносни сили за кои се потребни 4,1 милијарда долари, и преземањето на безбедносната палка од страна на овие сили во 2014 година од НАТО. Во однос на првата дилема, сојузниците истакнаа дека повеќе нема да трансферираат средства без контрола на нивното трошење. Координираното повлекување од Авганистан е сериозен проблем за Расмусен кој истакна. „Отидовме заедно и ќе се повлечеме заедно“. Меѓутоа Франсоа Оланд веќе најави дека француските сили ќе се повлечат во текот на 2012 година. „За моите ветувања кон гласачите го потсетив и Обама“, истакна Оланд.Во однос на интелигентната одбрана, согласно Политичката декларација, 28-те ќе се ангажираат за порационално расподелување на воените инвестиции при купувањето заеднички материјал одржување на критичките капацитети на НАТО а се предлагаат и 25 проекти за малите држави од вежбовни, медицински, патролни и други активности.

Следното горливо прашање е антиракетниот штит, предложен од страна на САД и прифатен на Самитот во Лисабон 2010 година, за заштита на Европа од евентуалните ракетни напади на Иран. И овој проект не е јасно дефиниран освен што се предлага првата фаза да биде под целосна американска контрола од воената база во Рамстеин(Германија), воспоставување радар во Турција, една фрегата во Средоземјето и дефинирање на други детали. Конечно тука е и Русија, чие намерно отсуство од Чикаго, предизвика дебати околу оправданоста на скапиот штит.Парите на Алијансата се сериозен хендикеп.Буџетот од 600 милиони евра не е доволен за да ги покрие 9-те милијарди предвидени за проекти.Алијансата до 2014 година ќе го редуцира бројот на вработените од 13 на 9000 натократи.

Кога кон овие главоболки на генсек Расмусен го додадеме и маргинализираното прашања за проширувањето, навистина, Алијансата во времето на кризата е соочена со море проблеми.Чикаго повторно ја охрабри Македонија да изнајде општоприфатлива солуција со јужниот сосед и тоа е се'. Изгледа дека со актуелната политичка гарнитура на РМ е тешко да се очекува покана за членство во НАТО.Инаку како да се прифати фактот дека во Чикаго друштво ни' прават БиХ, Грузија и Црна Гора кои во 2005-та не постоеја на агендата или љубоморно гледаа на нашиот евро-атлански од? Тоа е уште еден индикатор за неуспешната атланска политика на Груевски. Тој во карлшмитовски стил ги исплеска сите и среќа е што не им нареди на плашливите Иванов и Поповски да го бојкотираат самитот.Тие не се виновни што присуствуваа на точката Авганистан со оглед дека РМ има мисија во Кабул. Воедно кредибилитет за присуството можат да го црпат и од високото пронатовско расположение на граѓаните. Затоа на Груевски ќе му порачаме: „Премиере претеравте“. Не слушајте советници со политичка миопија и со застарени идеи. Државникот се разликува од обичниот народ.Бранете современи вредности а не митови, инаети и фрустрации..

(Авторот е универзитетски професор и член на ЛДП)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 3121 пати.

Испрати коментар



И што сега
Писма - Кокошарниците на „Савана“



nekogo, 23.05.2012 00:32:53
Eeee Profesore Profesore, analizata nema vrska so naslovot. A da ne zborime deka ne znaete koj sud odlucuval pomegju Makedonija i Grcija. Sramota!
Аниматор, 23.05.2012 01:31:49
како и секогаш, нано ги меша лончињата... промената на имињата на аеродромот, автопатот и сл. дојде ПО букурешт...
Meto, 23.05.2012 02:01:39
Ruzin uste da objasnis koj e toj drug golem problem za nas vlez vo NATO osven Grcija. Zatoa sto Grcite uste ziveat vo 19 vek treba li nie da izigruvame cirkuzanti vo svetot? Kreiraj politika na cesen nacin. Vaka si samo dzavkalo koe na bira sredstva za da dojde na vlast. Pa makar i go ponizil sopstveniot narod i go napravil cirkus nacija vo svetot. Toa vazi ne samo za tebe tuku i za site koi se na ista linija kako i ti
pameten, 23.05.2012 05:03:14
Makedonija imashe realni shansi da vlezne vo NATO i vo EU zaedno so Slovenija ili barem so Bugarija. No morashe da prezhivee katarzis, dejugoslovenizacija (krshenje na mitovite od vreme na SFRJ) vo identiskite prashanja. Ljubcho i mozhebi Buchkovski se zalozhija za ovo. Za zhal golemoto mnozinstvo ne posaka da odi vo toj pravec, plashejki se od obezlikuvanje. Tochno e deka Gruevski ja zakochi Makedonija, no e isto vistina deka euforijata Makedonija, Makedoci, Makedonski... go sozdade Gruevski. Sega kje dojde ili otrezvuvanje ... ili katastrofa.
Istocna Makedonija, 23.05.2012 08:27:01
Profesore,identicni se i dvata samita na NATO,so nepovolen ishod za Republika Makedonija.No, ne treba kapitulantstvo i utre sonceto ke izgraa!
Veselin, 23.05.2012 09:08:52
Dobro bre g-ne Ruzin.Sto ne ne vnesovte vo NATO,ako sme bile vo podobri pozicii.I nemase antikvizacija togas.Jasno e zosto ne ne primaat.Ne ne sakaat kako Makedonci i Makedonija.A dali vie zucnavte koj e vistinskiot problem so Grcija?Problemot e sto ne dozvoluvaat postoenje na negrci.I od 10% lazni Grci po okupacijata ,ja doteraa do nieden negrk.Osobeno ne dozvoluvaat postoenje na Makedonci,I toa bilo kade.A vie pobaravte prava za Makedoncite vo okupiraniot del na Makedonija?I nace Hag presudi deka t.n.antikvizacija ne e problem.Grcija izvrsi genocid i etnicko cistenje vrz mnozinskiot narod makedonski i site negrci.I toa do eden.A nie sme gi predizvikuvale so iminja,spomenici.Duri i poveketo clenovi na SDSM i satelitite ne se slozuvaat so promena na imeto.A vodeckite zemji od Evropa se odgovorni za podelbata na Makedonija i genocidot i etnickoto cistenje sto sledese.I tie stojat na toa seuste.Ili ne e taka?
mnogu prosto, 23.05.2012 09:27:02
A be ova mnogu prosto bilo da si go smenis imeto. Zosto toa i porano ne go napravija vladite na SDSM.Dosta vekje so tie navini finti. Smenivme zname, ustav, FYROM stanavme, nisto ne pomogna. Potpisavme megjunaroden dokument civ potpisnik i garant e SAD isto ne pomogna. Sto li samo im predavaat profesorive po megjunarodno pravo na studentite. Grcija saka Makedonija da ja snema. No pasaran.
Jован АН, 23.05.2012 09:37:19
Во својата партиска заслепеност професорот,всушност се залага за промена на нашето име.Инаку,сигурно и нему му е јасно дека заклучокот и од Букурешт и од Чикаго е дека Македонија ги исполни сите услови за членство.Единствен услов е проблемот (промената) на името!
do animator, 23.05.2012 09:41:57
За воља на вистината, прво провери, па после зборувај. Трагав статии во Утрински, и во 2007 година значи една годинапред Букурешт, го најдов ова, а тоа значи можеби дека било и пред 2007. Ја одбрав последната статија во таа година: Пронајдени се вкупно 44 статии (0.266 секунди) Претходна123Следна Кој е кумот на „Александар Велики“? скопското авиопристаниште? Неколку месеци по прекрстувањето на скопскиот аеродром во „Александар Велики“ не стивнуваат критиките о 28.12.2007, 19:15
Исток, 23.05.2012 09:50:24
Нано, Нано, се прашувам дали си ги читаш старите изјави! За компетентна личност како Вас, вакви колумни? Срамота!
ФЕЛИКС, 23.05.2012 10:18:04
Ова е пораз и за авторот ако се чуствува воопшто поразен,или можеби е ,,победник,, оти нему блиската надворешна опција ни го спречи влезот во НАТО.Илузорно е да се подс��ќаме како неговата некогашна опција во која беше застапен а потоа избркан не направи ништо за да се влезе во НАТО.Па неговиот шеф стана легенда со она ,,нема маж кој ќе го смени името,,што тогаш писателот не срипа и да го осуди ваквото нешто.Или можеби беше коњуктурно да му се ракоплеска а сега е коњуктурно да се оправаат ,,криви Дрини,,кој тоа да ти бил виновен што не сме на иста бранова должина а богами длабочина со соседот.Оти таква одработка носи влез во НАТО.
Podsetuvanje za patriotite, 23.05.2012 10:59:26
Toikmu taka profesore. Ama patriotite se ochigledno slepi i sklerozni, pa zaboravile i shto pojaduvale, iako mandzata sami si ja pravea. Ne mozam da gi razberam, zarem se tolku tupi da ne mozat da svatat shto e pravda, a shto politika, i da edno so drugo nemat nikakva vrska. Zapnale so taa presuda kako zaba na telefon, iako i pred da se tuzi im se reche deka taa presuda ke nema nikakvo vlijanie, posebno ne ako e vo nasha polza. Silata vladee so svetot, a pravoto e vo sluzba na silata. Normalno da toa ne e v red, nitu fer, ama e realnost koja nie ne mozeme da ja menjame. Ili se navistina ubedeni, ne samo da se naslednici na Aceta, nego i da se mocni kako nego. Neshto e!
Povelbata na ON e prekrshena: Пречекорување овластувањата е в рез.817СБОН, 47-225ГСОН, 23.05.2012 11:08:02
Nema potreba da pominuvame Sovetot za bezbednost i ostanuva da primenime strategija na Igor Janev.Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON.Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON.Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON.Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasnat Za.
Оливер, 23.05.2012 11:13:49
Се чувствува Професоре дека вашата замислена лична неправда нема да Ви донесе власт, и тоа целосно ве право несугурен и излишен во личните напади кон Премиерот. Анализа треба да направите внатре во СДСМ -(ЛДП) зоште сте ги изгубиле изборите 2008, 2009, 2011 година а не да анализирате зошто Груевски ги добил. Груевки бил тврдоглав!? ... А Егзодусот, а името ПЈРМ, чија тврдоглавот се тие постапки?Зошто Вие (СДСМ-ЛДП), бидејќи не сте толку тврдоглави, зошто не го решивте проблемот на Грција? Професоре, бидете достоинствен, објективен и човек пред се, објавете нешто што би не заинтригирало, нешто од што ние би се зачудиле, а не лични фрустраци кон премиерот за вашите политички неуспеси, немојте вашите лични неуспеси да ги доживувате како неуспеси и на државата. Македонија сега е самостојна држава, нешто што низ историјата било сонувано, а сега веќе кога ја имаме ќе покажеме достоинство, без да ви забележиме дека сте се налутиле. Македонија ќе остане Македонија ќе видите.
sime, 23.05.2012 11:40:35
Gi citam komentarive i si misllam sto narod sme,jas go podrzuvam premierot da ne priifati erga omnesno zapadov uporno insistira na pregovcori za iznaogjanje prifatlivo resenie za dvete strani.Dali e vinata vo Grcija ili?
Sudovi li se sudovi , Ruzini maki golemi, 23.05.2012 11:51:04
G-dine Ruzin. Mozwebi so drugiot delk od tekstot mozam i da se slozam , ama ne smete Vie da ne znaete deka Cudot za covekovi prava i Medjunarodniot sud vo Had se deve sosema drugi institucii. I od kad najde sega deka procesot go vodel Sudoit za covekovi prava.
Заниматор, 23.05.2012 12:31:57
Промената на името на аеродромот и автопатот беше во 2007 , а тоа е пред Букурешт-2008 година!
dilan, 23.05.2012 14:41:16
Karamanlis mu rekol na Bucko - Vo NATO samo pod referencata????????????? Pa dobro imate li obraz da ne lazete ili go smetate ovoj narod za maloumen i prost ? Sramota akademski profesor i posle se cudite zosto gibite na site izbori !
Маркос, 23.05.2012 17:47:14
Авторот вели дека Груевски го набилдал јавното мислење против секој компромис за името, и така ги добил изборите - три пати по ред. Потоа му порачува да не ги слуша советниците. Од каде му е па тоа (на г. Ружин)? Безобѕирните манипулатори и апсолутисти ала Груевски, не есапат никакви совети. Во една козерија, воз се движи со голема брзина, па на машиноводителот Слободан Милошевиќ однадвор панично му довикувале „провалија„, на што тој ги потурал со катран. Одеднаш се тргнал:„Јеботе, стварно провалија!„. И почнал да кочи, ама било доцна.
aleks, 24.05.2012 15:02:05
kolumnistot do koga ke obrabotuva za nato i bez razlika sto negoviot angazman vo NATO odamna zavrsi.
od mene, 24.05.2012 15:08:15
Super e kolumnata!!! A, ako ostanatite ste tolku golemi strucnjaci, sto ne napisete i vie edna, pa da diskutirame, a ne vaka da komentirate neosnovano. Naucete prvo nesto okolu politikata, a ne samo da slusate partiski naredbi. Zatoa sto, za da bidat relevantni vasite komentari, prvo treba da bidat vasi stavovi. Barem nekoj vo drzavava, kako profesorot, e i poveke e od strucen da objasni nekoi raboti. Zalno e sto vi se isprani mozocite i ne razmisluvate posiroko.
Zarko, 24.05.2012 16:32:34
Stagniranjeto vo evro-atlanskite integracii se dolzi samo na vetoto na Grcija i na nisto drugo. Da, aerodromot, statutie, itn. ni ja pomatuvaat inaku kristalno-cistata moralna pozicija, i im sozdavaat teskotii na nasite prijateli. No nikoj ne e tolku naiven da misli deka ako nemase antikvizacija ke bevme vo Nato i vo pregovori za EU. Kako sto posocija i drugite komentari, celata antikvizacija (so isklucok - mislam - na aerodromot) e post-Bukurest. Ne gi poddrzuvam Gruevski i VMRO, no fakt e deka vlasta ne e vinovna za Nato/EU (iako e vinovna za mnogu drugi raboti).

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 28°C

Делумно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 2 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Инвазија на гламурозни убавици во Лондон
Најлуксузните светски јахти го полнат Кралското пристаниште во британската престолнина како ексклузивни посетители за вр...
Едно од „најзелените“ дела на архитектурата
Повеќе од 100 олимпијци паднаа на допинг
И официјално - Бекам на отворањето на Игрите
Светските лидери и холивудските ѕвезди на отворањето на ОИ
Малезиски олимпијци можат да го одложат рамазанскиот пост
На олимпиското мени - од пиле млеко

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |