13.05.2012, 11:34 Пожар во барака кај скопската Железничка станица, нема повредени
Според првичните информации, најверојатно во бараката, која била напуштена, живеело ромско семејство
Во барака на Македонски железници кај Железничката станица во Скопје, утрово во 05.30 часот настанал пожар, кој е локализиран.
Нема повредени и настрадани во пожарот во чие гаснење учествувале дваесет пожарникари, со повеќе противпожарни возила.
Според првичните информации, најверојатно во бараката, која била напуштена, живеело ромско семејство.
Од МВР најавија дека во текот на денешниот ден ќе биде извршен увид на местото на настанот.
|