14.05.2012, 13:33 „Хјуман рајтс воч“ го прозива НАТО
Во воздушните напади на НАТО врз Либија беа убиени најмалку 72 цивили
Водечката организација за заштита на човековите права го повика НАТО да спроведе истрага за загинувањето на цивили во воздушните напади во Либија минатата година. „Хјуман рајтс воч“ верува дека во воздушните напади на НАТО беа убиени најмалку 72 цивили и наведе дека организацијата треба да ја понесе одговорноста онаму каде е соодветно. „Апелираме за брзи, доверливи и темелни истраги“, изјави Фред Абрахамс од „Хјуман рајтс воч“ за Би-Би-Си њус.
НАТО инсистира на тоа дека обрнал невидено внимание за минимизирање на цивилните жртви. Уште се наведува дека не може да ја преземе одговорноста бидејќи немало присуство на теренот за да ги потврди жртвите. ��вионите од САД, Велика Британија и Франција ги извршија најголемиот дел од 9.658. удари летови минатата година, кои за своја цел ги имаа силите лојални на либискиот лидер полковникот Муамер Гадафи.
Во март „Амнести интернешенел“, друга организација за човекови права, соопшти дека документирала 55 случаи на именувани цивили, вклучувајќи и 16 деца и 14 жени, кои се убиени во воздушни напади. Таа го опиша неуспехот на НАТО темелно да ги истражи овие случаи како „длабоко разочарувачки“.
Поентата на минатогодишната воздушна кампања на НАТО во Либија беше да се заштитат цивилите, па колкав број на невини луѓе ги загубија животите се' уште е чувствително прашање, јавува дипломатскиот дописник на Би-Би-Си.
Во својот извештај објавен вчера „Хјуман рајтс воч“ наведува дека детално ги испитал доказите за тврдења за постоење на цивилни жртви од осум одделни напади на НАТО. Во еден таков пример се наведува дека првата бомба на НАТО убила 14 лица, а втората неколку моменти подоца убила уште 18 лица, кои отишле да им помогнат на првите жртви.
Она што го загрижува Абрахамс, главниот автор на извештајот, е тоа дека смртните случаи остануваат игнорирани и на семејствата не им е понудена отштета. „Се' досега НАТО е во позиција на негирање“, изјави тој. „Тие одбиваат да дадат информации за тоа како тие починале и одбиваат да спроведат истрага, и токму овој недостиг на транспарентност е тоа што многу загрижува. Мислам дека тоа ќе доведе до непотребни цивилни жртви ако НАТО одбива да разгледа каде погрешил и да ги направи потребните корекции“.
НАТО соопшти дека дека е подготвен за соработка со новите либиски власти во проценување на тоа во иднина кои акции би биле соодветни. Но досега оперативната група во Триполи изгледа има направено мал напредок. (Би-Би-Си)
|